Душо, од постари не очекувај друг одговор, они се научени дека мажот треба да се трпи до крај и тоа е закон за нив. Ако ти прави уште проблеми секој ден, те советувам да не чекаш ич, одма почни да бараш кирија, или оди таму во тоа домот за заштита шо го збореше, па шо има врска дали цело време ќе си таму, битно ќе ти помогнат, со такви будали не треба да се чека оти незнаеш шо може да ти напрае, знам јас ногу убаво како ти е, и јас ги имам преживеано истите работи што ти ги наброја. Мојата најголема грешка беше шо чекав многу време, се плашев , немав родители немав браќа сестри, скроз сама бев. Ама на денот шо го оставив, тогаш видов дека не сум сама дека има луѓе шо ќе ме заштитат. Значи мора да го направиш тој чекор, не се грижи, чим луѓето ќе видат дека навистина сакаш да го оставиш дека си го направила првиот чекор, сите ќе ти помогнат. Јас да знаев дека така ќе биде, уште одма ќе го оставев уште првиот пат кога крена рака на мене, ама пусти страв... а сега гледам дека залудно сум се плашела, дека таквите се тешки манипулатори и пички во душа. Одма барај место под кирија, и тргни се од таму. Ќе видиш ќе ти се отворат многу врати , ќе ти блеснат очите пак. Спаси си ги децата од таков монструм.
Вака сега, колку што знам не смееш децата без да знае каде се да ги однесиш за жал, затоа што каков тако да е татко им е во очите на законот зашто може да те направи киднапер и да ја исфилма цела приказна. Најубаво да контактираш со адвокатот како да постапиш во следна негова епизода кога ќе викнеш полиција. Мислам дека и адвокат може да додјде со тебе тогаш и тогаш да излезете заедно со децата. ( Претходно најди стан). Исто разлимисли и да поставиш камера дома да снима, во согласност со полиција за да биде судски прифатен доказот за неговото насилство.
Може слободно да си ги земе децата , само нека пријават со адвокатот во полиција дека имало семејмо насилство и дека се исплашени по живот, и дека децата треба да бидат со неа до судење. Нема проблем, не и може тој ништо
Е супер ако е така. Знам дека е комплицирано кога има деца. Ваквите мажи да ги земеш да ги кастрираш и око да не ти трепне.
Помислив и на тоа и одма се јавив кај адвокатот вчера,рече не може ништо затоа што кога ќе заминам одма ја пушта тужбата за развод а веќе следниот ден ќе бидел излезен бројот за случајот во суд , па врз основа на тој број поднесува кривична за семејно насилство и се бара забрана за приближување и отстранување од домот. За неколку дена ќе добиел одма покана за на суд за насилство. Адвокатот ме советуваше директно се преку суд да се почне, а потоа судот ги вклучува полицијата и социјалниот центар,иначе џабе е се поинаку. Е сега додека се случува тоа недела дена мислам ќе да е подобро да заминам во друг град подалеку, каде што не сме биле, барем малку ќе бидам поспокојна дека нема да ме најде,додека прифатат сите,потоа би се вратила кај моите. Да премногу се плашам...ама сум пробала неколку начини да заминам безуспешни биле. Никој не сакаат со арно да разберат.
@Marta91 само напред, ти држам среќа. Еден живот имаме, бегај од глупакот и не гледај назад, нека зборуваат старите што сакаат, ако не сакаат да ти помогнат, да те поддржат, кој ги ебе. Заслужуваш да живееш мирно, да имаш слобода да си своја, да не се плашиш да не кажеш или направиш нешто погрешно. Децата твои ќе се гордеат со тебе, со храброста и истрајноста да овозможиш нормален живот за тебе и твоето семејство.
Здраво на сите нова сум на форумов но ве читам одамна. Сакам од Вас да добијам совети како да ја надминам ситуацијава. Јас и маж ми сме во брак 3 години и имаме мало детенце, надвор од Мк сме и тој вози Bold достава на храна од ресторани и слично.Пред 3 дена на полноќ заѕвони број запишан ,Taksi Uber и го прашувам кој е во ова време ми вика еден таксист од Uber разменивме броеви за да ми даде информации за таа работа. Мене нормално ми стана сомнително заѕвонив на бројот и се јави женски глас . Утрото му кажувам дека е жена и ми кажува дека таксистот е жена уствари, јас му кажав жената поим нема за никаков Uber. После па ми вика абе она работи во ресторан и ми го побара бројот ако и требало такси него да го барала. Наредниот ден го блокирал и избришал нејзиниот број ама јас го имав запишано и го одблокирав и одам за порака гледам заклучен разговор мора со шифра да се допишува и му најдов таблета за потенција во ташничето. Не признава дека ме изневерува а знам, немавме баш сексуален живот а деновиве толку е упорен и нема осет никаков како се чувствувам. Развод не ми е опција заради детенцето сакам совет како да надминам се зошто веке не можам пред очи да го гледам извинете на долгиот пост...Благодарам
Се би надминала ама не е искрен кон мене, дури за таблетата вика за нас била чекал прилика да сме сами.. толку лаги страшно
Што ќе му е таблета запотенција побогу нема 70 години освен ако не е занекоја итна ситуација со намера. Таблетите дома се чуваат што ќе му е во ташна сигурно не го правите тоа надвор од дома... Ќе го фатиш на дело кога тогаш пак и што тогаш пак ќе замижиш?
Не знам сеуште сум збунета искрено меѓутоа очајно сакам да е искрен бидејки секако го открив..замисли ем лаже,ем будала ме прави
@Darknest beauty Ете, постави си хипотетичка ситуација. Утре ти признава се. Што ќе направиш? Кој би бил твојот следен чекор?
Знам, јас сум верна жена ке размислам за понатаму, срам е за една мајка и жена да има швалер ама сега по малку ги разбирам може ова од очај го кажувам ама искрена сум И јас се чудам, моите би ме поддржале во секој случај меѓутоа нема место дали е можно да се одржи брак живеејки како цимери? Засега немам можност за сама да седам со детето а и би имала голем проблем околу тоа со маж ми
Ако не сакаш развод, тогаш ќе си собереш сили за ќутење и трпење, ако е добар татко и сопруг(без разлика на неверсрвото) ќе проголтуваш и ќе се правиш како ништо да не знаеш. Тоа е ако сакаш мир у кучи а не развод. Шетај си, терај си, оди си на шопинг, и то је то. Незнам шо друго да те советувам