@Darknest beauty Штом би имала поддршка од твоите, не си сама. Не останувај каде не си ценета и среќна. Размисли убаво.
Предобар татко е и просечен сопруг е мразам лаги дуро повеке од неверство тоа е проблем Детето премногу го сака а и маж ми него тоа ми е најголема пречка
Сето тоа паѓа у вода кога е спремен на страна швалерај.Толку се цени себе си и вас дома.Ти да го чекаш дома, а он со тоа сукалото да мафта кај ќе стигне па и болест некоја да ти донесе цццц.
@Darknest beauty Добар татко е. Но, тоа нешто треба да биде стандард. Воедно, едно е родителството, друго брачниот однос. Ако е добар татко, каков сопруг е? Во едно семејство, на сите треба да им биде добро.
Целосно си во право можеби немам услов моментално да се осамостојам ке се обидам потешко е со детенце да бев сама не чекав ни секунда
Па немаш многу други опции, нели? И разведени луѓе живеат заедно некогаш, нема баш никакви правила за тоа зошто, како и со кого живееш. Особено оти сте во странство, и ниту е лесно да се живее со малку пари, ниту имаш комшии шо ќе те оговараат. Значи како ќе решиш, така терај.
Проблемот е што он е просечен сопруг во нормална ситуација а знам ако е малку поинаква би бил ѕвер добро го познавам
@wu Добар е по природа се додека се е нормално според него, ако не е тогаш станува брутален до сега не сум искусила лично немало прилика ама ми има сам кажано
@Darknest beauty Те заплашува нешто? Ти се заканувал индиректно порано или како? А во каква ситуација би станал ѕвер?
Сите родители се трудиме да сме најдобри за своите деца, затоа и сме родители, што значи ова дека е добар родител и не е некоја утеха
Ако не е по негово пример се додека немам цврсти докази како слики разговори и слично јас сум луда измислувам и ке сака да ме уништи на секој можен начин, мисли препаметен е и ја потценува просечната интелегенција на луѓето а тој е просечен дури под просечен
@Darknest beauty Значи типичен манипулатор. Би ти рекла добро да седнеш и да размислиш. Кои ти се опциите, каде би одела кога би се тргнала, што можеш финанскски да преземеш, да заштедиш итн. Во ред е да мислиш на детето, но на тоа дете му треба и среќна и исполнета мајка. И цени си се себе.
Уствари дали го сакаш? Некако по пишувањево така делува, како да ти олеснило што те изневерува само чекаш прилика да го фатиш на дело
Еднаш за една кавга рече нема да дозволи детето да го одвојам ке не отепал дома кај моите сите и призна дека бившата девојка кога му се скарала сакал и се заканувал дека дома ке ги запали па во полиција го пријавувале. Чудно е вака секојдневно просечен човек е искрено ама изгледа фитилот краток му е, како биполарна личност ми изгледа
Зошто така делува? Искрено си преинтелегентна личност, некако се надолу тргна и не дека не го сакам ама близината ја нема дали си психолог или ме познаваш ме запрепасти со коментаров
@Darknest beauty Не знам што би те советувала, освен полека и сигурно да испланираш како да се тргнеш од тој човек. Да останеш, цел живот ќе газиш на "јајца", ќе пазиш да не пламне. А во меѓувреме ќе си продолжи со неверствата.