Ти благодарам Не сум ништо од тоа, можеби нешто повеќе животно искуство, се приметува по пишувањето како што и погоре ти пишав и баш ми е жал што е така. Не те познавам нема ништо такво
Не ми се верува дека има луѓе како тебе не знам збунета сум како што кажав ама има доза на љубомора сепак го сакам а на граница да нема љубов како процени немам коментар
Чекај вака. Прочитав дека сте странство и само тој работи и тоа некоја просечна работа. Шо те прави толку зависна од него? детето ви е веќе големко, може да го запишете во градинка. Ти можеш да си најдиш работа, да се осамостоиш, а во меѓувреме распрашај се за правата на жените таму каде што си, невладини организации, организации за заштита на жени и т. н. Застани на свои нозе и тргни се од таков човек, кој не го ни сакаш. Немој да си го уништуваш животот.
Оф душо златна и јас сум изневерена после 30 години брак.Премногу го сакав,животот би го дала за него,се поминавме во животот и лошо и добро и кога мислев еве веќе се средивме децата пораснаа имаме дом имаме се и наеднаш го доживеав најголемиот шок во животот.Макар што имаше девови кога знаеше и да се напие и да биди агресивен ,затоа што јас не можев да го поднесам пијан и тогаш се расправав ,ама ајде некако се тераше животот.Ама после неверството ми се сруши светот.Јас немам сила да го оставам ,не се плашам ни од него , ни дали ќе издржам финансиски ,незнам што уште ме држи сама не можам да си објаснам.Многу страдав ,но сватив дека не вреди за таков да се уништам,сега на прво место ми се децата и јас а за него не ме интересира,заедно сме но не чувствувам љубов кон него,само гнев омраза .Знам дека ова не е брак ама не знам што понатаму .Е сега ти си млада колку и мојата ќерка отприлика и срце ме боли ова што го читам за твојот брак и си далеку од твоите,ама јас би те советувала да се спасиш од него,тој макар што е добар татко-и мојот е супер со децата се бори за нив и последната пара ја дава за нив, ама не е добар сопруг.Не те почитува ,кога еднаш те изневерил готово е се губи довербата нема љубов.Биди храбра не се уништувај направи план како понатаму да продолжиш без него.И ако е толку избувлив и ти да пазиш како се однесуваш со него тешко тебе,цел живот ќе биди така дури и полошо.Не се плаши биди силна .Ти посакувам да си го средиш животот.
Не ми се верува шо читам...секој втор вара, Абе шо е толку тешко да седнеш.и да разговараш со партерот,и да ги разграничиш разликите мегу вас. Или ке е*ам кој стигнам, и згора на тоа будала ке се праам. Море да ви е*ам матер и на скапаниот машки род.
Хаха, маж ќе седнел и ќе правел муабет. Инаку нарцисоидност е во прашање, до екстрема во која своите лични потреби ги става пред се друго.
Преку к*р ми е од такви неартикулисани нарцизоиди....шо не знаат шо сакаат..а а им се пружа прилика се легнуваат ,демек они јаките е*ачи. Абе ропак еден ако си живееш во свој свет,каде шо си битен само ти ,шо мајка бараш да се жениш а и b.t.w. друг да влечеш за нос и да го измачуваш.
Се женат оти следат општествени норми, а до жена и деца не им е дојдено. Гледам од примериве околу мене.
Се женат оти така им зборат од дома, ајде сине време ти е, и овој љуби га мајка, си вика, па ајде шо, ем дома ќе си живеам ем ќе ми готват, ем деца ќе ми гледат, ем ќе си шетам како порано и плус ќе си имам нешто за ебење дома и нема да ме зборат дека сум стар изветреан ерген . Прва лига им е на нив. Туку треба ние жените да престанеме да се мажиме, па да си останат сами
Се надевам дека ова ти беше саркастично. Многу останувааат во брак оти нема кај да одат. Не е лесно да започнеш од ново со деца, со 20 000 плата од кои 12 000 ти е киријата само ако не и повеќе. Знам во мојот град жени што се вратиле дома со децата кај родителите. Браво за такви родители. И тие жени многу постигнаа. Знам и жени кои немаа каде да се вратат меѓу кои бев и јас, кои се до коска исплашени што ќе биде понатаму. Дали ќе имат децата да јадат? Дали ќе имат да се згреат? Ќе го чекат правиот момент за да го напуштат сопругот ( што може да биде со години) . Не е лесно да тераш сам , особено не во нашата држава.
Виновни се тие кои се впуштаат во врска со оженети/омажени. Си створил тој фамилија што има да се плеткаш. Златно правило НЕ ПРАВИ ЗА ДА НЕ ТИ ПРАВАТ