Тоа сакам да кажам они може ќе посегнат слободниве треба да ги одбијат и готово решен проблем. Ама сите гледаат возбуда во тоа како би било да би било и на крај ова се случува.
Сакаш да кажеш дека утре ако те изневери партнерот тој не е виновен, крива е таа некоја? Не, единствен виновник е партнерот или партнерката, а да изневерат никој не ги тера со сила. Не барајте оправдувања за изневерувачите! Што би и било гајле на таму некоја си за тебе, а тој што ти е маж нема никаков респект спрема тебе и обратно!
Баш,тој шо те вара нема респект за тебе,а на онаа баш ја 'заболе" за тебе и твоите чуства и страдање.
Точно што ми е крива таа ,кога тој ме изневери ,ако тој не сакал да го направи тоа и ако ме почитувал мене и децата ќе ја откачел одма.Нема оправдување .
Е така испаѓа, таа си го прави моменталниот мерак, а и тој исто. Сепак и двајцата грешат, но изневерената страна најмногу ја повредува тој што и ветил верност а не ја понудил. Крива е и таа затоа што чини грев и греши. Сепак изневерената личност најсилно ја повредува тој што не го исполнил ветувањето за верност.
Никогаш не ја кривам љубовницата. секогаш за мене он е крив. Крај, Мојот брак трба да го чуваме јас и сопругот а не да ми го чуваат други од страна.
Токму така, ама не може да се замижи дека и др. инволвирана страна греши. Фала Богу брак е заедница меѓу двајца кои како си го склучиле сами така се и должни самите да си го одржуваат и зачуваат. Ако сакаат. Ако не има многу примери на растурени фамилии или дисфункционални ама битно нерастурени. И според мене, како што веќе пишав, варачот е највиновен ама многу замижуваат и простуваат, а не треба.
Е тоа тие се знаат, зашто и како. А третата страна не греши. Можи не е ок, ама ако е слободна она си тера живот, ако е во брак, нека си се правда кај нејзиниот. Јас есап само на мојот му барам. Дали ќе е Петкана или Трајкана не мислам да се расправам. Му дошло да вара, со него ќе се разберам.
Да не е ок затоа што греши. А дали е слободна или во брак ама и се сака мераци да си прави таа си знае. Греши и таа и варачот, ама во очи на изневерената страна повиновен и без оправдување е тој што ветил верност и се огрешил. Ти велиш со твојот ќе се расправаш и разбереш по неверство, па што има да се разбира? Јасно е како бел ден дека ако те изневери не те ни сака и ни грам почит нема кон тебе. Нема што да се дискутира со варач, бидејќи еднаш разбрано и опростено неверство остава отворена врата за постојано исто нешто. Изневерување.
Па сигурно со сего ќе расчистам, ама не ми паѓа на памет да се расправам со швалерица. На адвокат, развод и чао. Нема што да му стојам на среќата.
Се согласувам и секогаш им се чудам на жените што се лути на швалерките. Од секогаш имало секакви жени со низок морал и тоа си е нивен избор, партнерот е тој што одговара за неверството.
Јас никаде не спомнав расправање со швалерката, таа што тоа го прави дека не е ок, веќе заклучивме. Згрешила, грешна е и тоа е факт. Ама веќе кога спомна вакви расправии, реално гледано најчесто тоа се случува кога се дава шанса на варачот и како демек ајде само таа е крива. За греотка таквите бракови, спомнав дисфункционални фамилии, ама да се рече нерастурени. А за швалериците, стварно не ги разбирам. Да се има толку малку самопочит и толку малку да се сакаш себеси, до степен да допушташ да си втора или која и таму по ред, за жалење се и тие.
Дечки да не живееме во заблуди, имаме доста примери каде што мажот е тој што вешто си го крие бракот или се вади на фора дека е при развод. Затоа и ја се согласувам дека вина ке барам кај мажот кај неа нема што да барам.
Да вината и треба да се бара кај мажот, тој ветил верност и го погазил ветувањето, ама виновна е и другата страна и при развод ако не е официјализиран тој се уште е во брак. Виновна е дека направила грев (грешка) не дека сега изневеренава жена ќе оди со неа да расчистува сметки. Таа неа ништо не и должи берем ништо во споредба со тоа што сопругот всушност и должи. А за другото дека во денешно време на напредна технологија и вака развиени соц. мрежи некој да прикрие дека е во брак треба да е Худини
Види, јас ги кривам двете страни. Да, мене најмногу ќе ми е крив мм ако ме изневери, ама и таа со која ме изневерил па не е дека нема вина. За муабетот дека има жени со низок морал, да, има и тоа е изненадувачки колку многу. Мене што ми се случи пред 2 недели на свадба. Бевме ја, мм и малиот. Мм претежно не е некој што изјавува љубов во јавност, воздржан е да речам и затоа ме зачуди на свадбава кај што бевме кога почна да ме гушка, да ме гали, да ме чепка во коса. Му викам шо ти стана бре, ја така ненавикната на тоа понашање, ми вика види ја фуфана на масана позади. Значи ја кога се завртив да ја видам, девојката не се ни засрами, туку упорно зјапаше во мм, а он фактички тоа го правеше да и даде до знаење демек да прекине, не бре. А реално лепотица беше, не дека мм е некој преубав, да паднеш на газ, просечен е да речам. Што е тоа, што ги тера жениве да флертуваат со женети мажи? Значи седам до него, со негово дете, ептен очигледно е дека сме маж и жена, бурми носиме исти нели. После си се смеевме, ми вика жено уште сум мачор, треба да си горда. Ама сепак бе, да ти иде да и станеш главата од маса да и ја акнеш. Барем кога гледаш дека некој не ти возраќа, прекини. Затоа не е дека само изверувачот е за кривење.
Sekogas imalo neverstva i ke ima,samo edno e jasno,sekoj znaj so praj,nikoj nemozi na sila ili ama ne e toa so mislis,znaci mu se zdosadilo ili i se zdosadilo i tolku,se razbira cest na isklucoci,ima verni koi nikogas nema da napravat takvo nesto,a ima nekoi koi prvata sansa ke ja iskoristat,sum izneverila,i mi bese ubavo i priznavam deka bese taka i toj ne mi bese kriv,sama sakav,zatoa izgovor nema od bilo koja strana,e sega e prasanje dali nekoj pak ke napravi takvo nesto ili ke mu dojde pametot
Да, да, исти. Завчера му викам уморна сум остави ме сега, он ми вика жено дали си свесна какво мажиште одбиваш, мислиш онаа свадбаркана уморна ќе беше?
Упорно пак ќе напишам. Ти си била со него, он не направил ништо. Дотичната ја заболе за тебе и за твојот брак. Е сега, замисли она зјапа во него некаде каде е сам, каде е со другари, и ако му шета опашката ќе си се запознае со невестата. И кој е тука крив. Таа што зјапала ( а ако сака може во кој сака, слободна земја) или мажот кој одговорил на зјапањето? Сфатете, бракот го чуваат мажот и жената. Никој друг. Со еден бивш имам слична ситуација. Во кафиќ, седиме друштво и една го мерка ли го мерка. Јас како што ме дал господ оперирана од љубомора, и отив и и викам: Јас му девојка на дечково што го зјапаш, сакаш да ве запознам па ако ви тргне да не ви стојам на среќата? Ме нервираше дека зјапаше и не можев убаво да си поминам вечерта. Па да ја прекинам.