Какви незгодни ситуации, на свадба те гледа со маж и мало дете или со дечко и женскава во двата случаи зјапа ли зјапа ( нели и се може). Како немаат срам пред себе прво или па кој ги знае можеби се расположени за тројка Како и да е непријатни ситуации и да се направиш не ја приметуваш, а и да и пристапиш џабе е. Некои немаат осет, нивното и тоа па тоа и после ај речи немаат вина. Да, брачната заедница или врската си ја чуваат и одржуваат партнерите ама и овие провокаторките бреј што нереализирани личности исклучиво само на зафатени да се палат
А што да правам? Да одам да ги тепам жените? Ако он решил да вара.. ќе си најде начин. Не можам цел живот да го поминам во бркање сојки.
Се согласувам. Не може да изиграваме полицајци ако едната страна се одлучила на неверство ќе си најде начин.
Ама без разлика дали ја заболе или не, носи вина. Како сакаш сврти го. И она да е некоја арна во главата, ќе си рече женет е, нема што да барам таму.
Па никој не рече да ги тепаш зошто превртуваш зборови. Ако не беше воопшто љубоморна нема никако да реагираш. Тоа ми беше поентата
А што да сум љубоморна дека некоја го гледа? Ако он ме гледа само мене, што имам да сум љубоморна. Е ако он гледа по други пред мене ќе биде проблем. А во него која сака нека гледа.
Ако некоја личност сака да изневери независно мажот или жената ќе изневери. Тогаш тој или таа се провокатори и ќе си најдат плен и тие како швалерките што провоцираат бидејќи се длабоко нереализирани личности кои исклучиво се палат на зафатени, а другиве исто нереализирани се на свој начин па нив ги палат исклучиво слободни личности или било какви надвор од нивната врска. За греота и едниве и другиве, провокатори со тешки проблеми, па настануваат низа непријатни ситуации. Е така и таа да е арна во главата така ќе си рече, ама тешки проблеми се во прашање. Често се напуштани во младоста па си имаат потреба да се вмешуваат во туѓи врски или бракови за да си докажуваат себеси дека вредат повеќе од некоја друга. Така си докажуваат дека вредат и заслужуваат љубов, а не се свесни дека тоа што го прават и добиваат е се освен исправно и вистинска љубов.
За неверството виновен е оној што изневерува. Швалерот/ката не се виновни во никој случај. Бракот треба да го чуваат личностите кои се во брак, не другите. И има многу што кријат дека се во брак. Тука пак швалерката да не е виновна?
Апсолутно дека во брак, партнерите се тие кои го чуваат бракот, и нема трета личност која може да е виновна за распад. Ова важи како за швалери, така и за свекрва, баба, бивши, комшии или којгоде. Ти како личност треба да се држиш до тоа на што си се обврзал, пред се за себе, а потоа и за детето. Ама не можам ни за швалерката или швалерот, колку и да се слободни и без обврски, да кажам дека се личности на место. Личности без комплекси, без дијагнози, не се мешаат во работи кои немаат иднина, врски кои се без компас.
Ај кога ќе се омажите ќе смените мислење Швалерката ич не била крива ма како не. Просто сама од себе би се гадела кога би била со оженет. А за маж.. у живот веќе не ме гледа, мада мојот си знае каде има боље вратата му е отворена
Морално гледално, идењето со зафатена личност е погрешно, неморален акт. Религиски гледано, грев. Има куп слободни личности на светов. Нема оправдување.
Виновни се и двајцата, ама во очи на изневерената страна највиновен е тој што ветил верност и не ја понудил. Мене ме заинтересира како тоа мислите дека можно е да се скрие дека некоја личност е во брак? Јас мислам дека во денешно време на напредна технологија и вака развиени соц. мрежи некој да прикрие дека е во брак треба да е Худини
Не можат долго да кријат. Дури и да не се од помош социјалните мрежи, од локалната баба Милева нема бегање. Ќе ги види и за 2 саати цел град ќе разбере дека има неверство.