И двајцата се винови посебно доколку и двајцата знаат за ситуацијата во која се наоѓаат. Жена што се храни со солзите на туѓа жена, кад тад тоа ќе и се врати и нејзе. Знак правило е дека ако губиш време со човек што изневерува со тебе, дека на крај и таа ќе биде изневерена. Некои личности едноставно не се за брак, ја немаат таа лојалност и брзо им здосадува, тоа што им вршат притисок на таквите е уште полошо. Да биде ерген е сто пати подобро, него да си го растура семејството и на крајот децата ќе патат.
На македонскиве Милевици ЦИА не им е рамна Шала настрана неморални работи и треба да се знаат. Еве погоре спомнаа врска за една ноќ и можеби да излаже дека е во брак, ама пак не ми се верува дека некоја ќе биде толку наивна да поверува. Е сега ако сака да верува се е можно.
Ама како можи да е виновна швалерката за моралот на мажот?? Тој ако намерил да изневери, демек таа ќе го спречи и ќе го одбие. Виновни се само изневерувачите, а не тие со кого изневеруваат!
Зато му сузееее наплааатииии Све нек ти с каматом врааати Узми му кучу, кола, све, за све те паклене године
Можеби им одговара со женет, ем со него, ем со други, слободна врска, а има случај и таа да е мажена па да си се гледа со женет, и така сите среќни хаха.
Оф, оф што ќе го бива кутриот истрошен .Удрете го жени магаренцето по самарот и нек иде после кај швалерката празен(немам пари, немам ништо цуцо).
Овие што упорно тврдат дека швалерката е крива ги замишљам како одат по улици и со пипс за муви и комарци прскаат за жена случано да не го погледне мажот им, него одма да му се дигне стојко и како на чип да затрча по неа..
Швалерката е крива, тој кутриот не! Трагедии! Единствен кривец е мажот кој вас ви ветил љубов и верност, а не Стојка, Петкана и Митра! Се друго е оправдување за постапките на изневерувачот. Со сила кутриот оди со швалерката.
Јао стрино пак идеш по темиве и извртуваш муабети? Де покажи ми каде го пишува ова што го тресеш, те молам
@baby-star Значи ова е исто како да се ограбува банка и едниот седи в кола и чека, а другиот влегува, се заканува и ги собира парите од вработените, и на крај само тој да оди в затвор. Не за џабе се суди и за соучество, макар што не си тој што го „спроведил“ делото. Се разбира дека од маж ми ќе барам и очекувам почит и верност и него ќе го обвинам за уништување на бракот, ама не е како на таа што свесно се впуштила во таква авантура да ѝ е оправдано сè што прави. Значи не разводнувајте нехумани дела од непознати личности. Не мора некој да ми е близок за да имам чест и достоинство, на пример, да не го измамам, да не го ограбам итн. Сигурно нема во таков случај да кажете е па тоа е, не ти е близок, не ти должи да е чесен кон тебе. За тоа се работи и се зборува, НЕ го велам од перспектива - виновна е дека е жена, го заведе маж ми, тој никако не е виновен. Што не значи дека некои жени не го мислат и тоа, само за да не се вртиме во круг, појаснувам што НЕ велам.
Ама Нено па неможат сите да одат по маси и да се управаат со жени што им ги зјапаат мажите. Тоа само исклучоци го можат.
Многу бујна фантазија имаш Ако читате со разбирање ќе сфатевте дека никоја тука не пиша само швалерката е виновна. Виновен е варачот, ама и таа не е цвеќенце за мирискање Еве за ова станува збор.
Знам де. Ама јас сум си таа. Не се замарам. Ако им е судено нека си бидат заедно. Зашто да им сметам на среќата.. Жал ми дојде за кутрата упорно гледаше сакаше да му привлече внимание, а овој па запнат во муабет со другар му, и ај да и учинам. Можи не знаеше дека сме во врска зашто јас никогаш во јавност не покажувам емоции, не сакам бацување, лигавење и слично. Таква сум.