Не ги сфати членките (@Medea. и @Mnik) што ти велеа. Поентата им беше ако толку не се замараш што прават другите жени спрема твојот маж (или дечко во случајот), особено еве што велиш дека тој не ѝ ни обрнувал внимание, не би одела до тој степен да ја конфронтираш, или ајде да речеме, да ѝ се обратиш на жената (девојката) што зјапала во него... Човек што не се замара не реагира никако освен со игнорирање, а не со давање до толку важност што потребно е да се оди до туѓа маса и да се реагира кон другата личност. Не имплицирам дека знам нешто за тебе, само во конкретниот случај, ова што си го направила не соодветствува на тоа како сакаш да се претставиш, туку баш спротивното го покажува.
Младост лудост.. тоа беше кога имав 20 и кусур години.. сега си се смеам на таа случка. Која сака нека го гледа, што сака нека прави.. со годините иди и мудроста..
Ај оваа го зјапала само. Сигурно повеќе нема да го види во живот. Дури и позитивно може да ви влијае на вас двајцата. А замисли ситуација каде имаш оваква некоја со која мора да е во редовен контакт, дали поради работа, или било што. И му се упикува секој ден до степен да им е на сите незгодно. Имавме ваква една на работа што буквално го демнеше колегата, а вереницата и лично му ја знаеше. Сто пати индиректно и имаше укажано дека не го занима, и пак.
Па имаме една слична, бивша на мм. ама мене ми е мотивација да се стегнам и да се дотерам, кога знам дека ќе имаме средба. Значи жената не се замара што маж и е до неа и можда приметува. Лани на Новогдишна претстава во градинка, дури и на видео ја имав фатено кај што буквално зјапа. Ми е криво сега, го ресетирав телефонот, па го немам видеото. Значи тоа ти се жени без срам, без основна осет.
Споредбава ти нема врска... На страна морални (неморални) дилеми и слично.... За неверноста на твојот сопруг е единствено виновен самиот. Тој и само тој има обврски кон тебе, никој друг нема и не гледам зошто би очекувала некој друг да се грижи за твојот брак, кога тој со кој што си се венчала се сере на истиот
Јас само дојдов да кажам дека многу мирно спијам откако не сум у НИКАКВА брачна/обична врска и откако од никој ништо не очекувам. Толку.
Не, крива е само швалерката оти го заведе кутрото маже! Кога ќе разберете дека маЖот е тој кој треба да ви дава отчет вас, а не трета, петта, десетта! И апсолутно ниту една нема што да мисли на вашиот брак, кога тој што ви е дома не мисли на истиот!
Твое мислење ако нема врска, мене ми има врска. Ако сум излезена со другарка и нејзин другар, отидам до вц, другарка ми ми ги украде парите, а другар ѝ си премолчи и не ми каже, да, таа ме повредила најмногу, ама не ми е сеедно ни тој што премолчил. Не знам како кажувате дека треба човек да е индиферентен спрема третата личност која е соучесник; испаѓа не треба да се налутам или навредам кога ќе ми направи некој нешто, само затоа што е непознат и не ми должи ништо. Многу ладнокрвно и себично ги гледате некако работите - испаѓа да си правиме само нам како што ни е ќеф, без оглед на тоа дали некој ќе е повреден (макар бил непознат). Затоа што трета личност која свесно се впушта во неверство го прави тоа. Маж ми е виновен за тоа што упропастил сè, ама швалерката негова ми згреши со самото тоа што свесно учествува во нешто што мене ме повредува, и тоа ми дава доволно право да ја обвинувам што е ужасен, нечесен човек. Не ми го растури таа бракот, ама можела да се воздржи од свој ќеф ако од тоа подоцна ќе страдам јас. Ако судиме егоизам во други теми, можеме да судиме и во оваа ситуација. Ако вам ви е во ред егоизам и ви е сеедно, мене не ми е, и тоа е.
Ама да ви е третата другарка/познаничка, друга песна ќе се пее. Оти и она не е крива што мажот си бара настрана де. Он решил, она си рекла абе чим тебе не ти е гајле за жена ти и бракот, мене па ич. Секако никој не е должен да ви го чува бракот, дури ни пријателка.
Не е крива де. Ама од другарка ваљда имаш исто некое очекување на лојалност, ко што имаш од дечко, маж, значи очекување да не ти забие нож во грб. Од рандом сите останати жени во градот, немаш такво очекување, јер ниту те знаат, ниту ги знаеш.
Јас се надевам дека нема погрешно разбрана, мислам дека ако маж не е заинтересиран става се на игнор и нема потреба ни да ти каже за "фуфицата" плус па ако била позади. Сакал егото да си го крене пред тебе, според мене.Пред некое време читав тука постари постови и наидов на една девојка што пишуваше дека и било интересно да флертува со некој пред неговата девојка/жена за да видела дали ке возврателе и се останувало на тоа само. Чудно но пиша дека сакала да види како се однесувале повекето зафатени мажи пред она да се омажела. Нема логика знам ама секакви има
Нее, во глобала за такви работи се' си кажуваме, да сме на чисто. Шо да си го крене егото пред мене, преку 8 години сме заедно. Туку муабетот е дека беше позади мене, ја не ја гледав, иначе секако ќе ја приметев.
Во ред е сето тоа, го прифаќам твоето мислење, ама сигурна сум дека не е така. Едноставно таков ни е односот и до ситници и некои банални работи си ги кажуваме.
Е да си ми жива. Шо мајка барал да и кажува. Гледа, нека гледа. А не ќе се докажувам дека еве жена ми е тука аман престани?
Малку го измеша кривичниот закон со тоа што е духовно меѓу партнери, за неверство не се лежи во затвор.Да соучесници одговараат пред законот и двајцата го кршат, а мажот и се колне на верност на партнерката во црква , а не и се колнат неа останатите жени на светов. Што ако пример те изневери? Ке решаваш со него или и неа ке ја викнеш на отчет?
А бе курвата е крива она им го расипа бракот.. тешко на тие врски кај што маж ми треба да го чувам од некоја што го гледа. Нека го гледа бе.. пак со мене ќе си легне.
Ама види, што е проблем ако некоја го гледа маж ми? Што е проблем ако јас се загледам во некој маж, или маж, во мене или мојот се загледа во некоја надвор. Луѓе сме, приметуваме работи. Не носиме онакви на очите како коњите само напред да гледаме. Тешки само гледањето да е проблем. Иначе ја изоговара женава, па и фуфица ја нарече, зашто гледала во правец на маж и, божем златен е па еве се редат на ред за него. Тогаш и глумци да не гледаме да не ни скокнат во кревет навечер..