Што мајка барал да ми кажува? Озбилна си? И од ова сега мравка-слон ќе правите? Чешки најди си некој човек упола ко маж ми што е, па после дреми на форум и разглабај. Поарно мм што ме сака и ми е верен во секој поглед, да ми каже, отколку да одам по маси и да и се тресам на таа шо го гледала. Го тупите, вистина
Значи извини по ова сфаќам дека и ти си ваљда од тој тип жени шо флертуваат со туѓи мажи. Да, ќе ја изоговарам, ти да не беше, па шо те погоди толку? Сега дури и оправдување ќе кажуваш, шо неможете маж ко шо треба да си најдете, па оправдувате жени што цела свадба се обидуваат да флертуваат со женети. И ја со кого најдов да се управам Башка еве ти кажи ми што е страшно таа шо го гледала дечко ти, па да и скокнеш ко хиена. Контрадикторна во крајност си
Не и се тресев бе душо, ти сфаќаш дека не сум љуноморна личност. Мојов оди сам во теретана, еве го сега е излезен мене не ми се искачаше. Ама не седам и да мислам леле што прави каде е што е. Знаеш зашто? Зашто мене не ме дефинира тоа дали сум во врска со некој. Кај нас се е на доверба. Ако немаш доверба нема што да бараш со мене. Ако дојде момент да се оладиме, може и јас или он ќе се заљуби ви друга личност, ќе се седне ќе се разговара. Е така функционираме во мојата врска. Не го поседувам, не ме поседува. Не ми треба во јавност да ми докажува дека ме сака.
Сериозна си со муабетов? Ти мисли си што прави твојот за она што не ти кажува.. Значи за убудуќе на поканите на свадби да пишува болдирано: Не гледајте по мажи!!! Само пред себе, во телефон, евентуално на маса само со женско зборење.
Така е Нено, нати медаља за најдобра девојчица. И мм оди во теретана и сега на веридба е сам, се рачуна тоа ко ја да не сум љубоморно женче? Ако не, дај да собереме гласови, да те стават модератор, па да ставиш правила кој што смее да пишува по темиве. Пак ќе кажам, во живот не ми е десено да се управам со некоја што го зјапала мм или било кој бивши. Мм ја многу убаво знам што прави, а и тој, јас, не се секирај за мојот брак.
Жени/мажи што флертуваат со женети/мажени, не е проблем. Проблем е кога женетиот/мажената ќе го прифати тоа флертување.
А проблем е да се прави муабет помеѓу мажот и жената на таа тема? Или и тоа несмее, посесивни и љубоморни сме во тој случај?
Секогаш виновен е оној кој е во брак. За неверство друг виновен НЕМА. Не може некој од страна да им мисли за бракот.
А го познаваш мм? Значи за шала се работи. Ваљда не се смеете вие со дечковци/мажи. Си знаеме јас и мм каков ни е бракот и што би се случило кога некој од нас двајца измени чувства еден кон друг.
Не е проблем, што прашуваш и кого па и ти, па и за љубоморна дали си ако така. Па заклучивме што е љубомора шетање по маси за расправање со флертувачки зјапачки, како го пиша ти скокање ко хиена
Јас имам па друг предлог башка на свадба мажи а башка жени, во 2016 та бев поканета со колеги на таква и машкиот дел не ја ни виде невестата
Ама како може швалерката да е виновна? Она ветила некому верност? Единствениот виновен е тој што изневерува. Швалерката никого не изневерува.
Ама каде прочитавте такво нешто? Каде прочитавте "мм е греота, швалерката ми е крива"? Ај дај цитирај едно такво мислење. Секоја што пиша, воедно и јас, пиша дека нормално дека мажот е најмногу крив, ама да не се правиме дека и швалерката не е. Која и да е, што и да е, кога свесно влегува во врска со женет човек, носи кривица.
Не. Таа ако не е во врска/брак, може да се обидува колку сака да флертува со женетиот. ЖЕНЕТИОТ ИМА ОБВРСКА ДА ЈА ОДБИЕ.
А ако тебе те гледала а не него? Може е лезбејка, бисексуалка.. од каде па он толку сигурен дека него го гледала..
Е сега не знаеме дали швалерката исто изневерува. Можеби го изневерува дечкото или сопругот итн. не е точно утврдена нејзината тековна емотивна состојба и статус Варачот/ варачката се виновни бидејќи го погазиле дадениот збор за верност, ама и третата страна не е цвеќенце за мирисање и таа вклучувајќи се во неверство индиректно придонесува во повреда на туѓи чувства. Секоја акција има реакција, simple as that. Виновни се и варачот и швелерката, ама повиновен е првиот. Толку на темава, која разбра си разбра, која не... епа тоа е.