Носи кривица точно но сама кон себе и кон нејзиниот дечко/маж ако го има.Нас може да ни е крива само ако ни е пример најдобрата другарка
Дај одговори ми на прашањето што го поставив. Не едно исто на празно. Дајте да прочитаме која има пишано такво нешто. До тогаш не ми ставајте зборови во уста.
Не. Таа никому ништо не ветила. Повреда на чувствата прави личност на која и веруваме и која ни ветила верност. Како може да веруваме на личност која ни сме ја виделе, ниту пак ни ветила нешто? Никаде не кажав дека ти си напишала мажот не е виновен. Ниту не е за тоа дискусијата. Дискусијата е дали швалерот/ката е виновен/на или не.
Значи ако тебе бракот така ти функционира и нека си продолжи, секој човек си има стандарди и секоја врска си има лимити и партнерите си поставуваат свои граници до каде може до каде не со некои такви работи. Мене тоа ми е океј и не ме ни засега. Од моја лична гледна точка и таа е крива и тој е крив, и двајцата се свесни, секако дека повеќе од него ќе сум повредена ама и таа не е ништо покусо. Нема да бранам неморална жена или неморален маж, оти имаат пари , се на некоја функција или заради полот и што не. Кога нешто веќе е направено доцна е.
@Mnik Тогаш зошто верглаш едно исто дека швалерката носи вина? Кон кого носи вина? Кон тебе ли? Таа тебе ти се заколнала на почит и верност или мажот ти? Зошто упорно кривите хх лица не ми е јасно!?
Да има, точно така, ама кога директно се инволвира во туѓа врска или брак индиректно повредува некого. Како не разбирате колку е едноставно, да не пишам просто бре луѓе.
Прво да нагласам дека НЕ велам дека неверството треба да се казнува со закон. Од една страна, законот не е последен збор за тоа што треба, а што не треба да се осудува, затоа што не е секогаш на страната на тоа што е етички и добро. Од друга страна, дел и од тие закони што ги имаме се базирани на некојаси етичка, морална основа. Верувам дека и оттаму произлегло тоа дека и соучесникот сносува вина, сигурно не е произволно востановено така. Така што, не гледам проблем во тоа да обвинам некого ако прави нешто што не е етички. Со маж ми ќе решавам, како што веќе неколку пати нагласив, тој го уништил бракот. Ама сигурно нема да сум индиферентна кон личноста што индиректно ме погазила, т.е. повредила. Нема да се расправам со неа, ама дека ќе ми е сеедно, нема. @Mnik, џабе се објаснуваш. Не се чита со разбирање, не си троши време за џабе, ќе продолжите да се вртите во круг .
Зашто така се учени. Пази мажот да не ти го земе друга, не се дружи со сингл другарки кога ќе се мажиш, ќе ти го земе мажот ( ти љубомори).. менталитет.
Сакам да ти кажам дека ништо не ѝ можеш. За мене лично жена која свесно оди со оженет маж не се цени себеси и е дно дна. Сепак, нема одговорност за туѓ брак.
И ние пишуваме едноставно и разбирливо, ти пак истото. Ситуација: женет маж флертува со колешка која во моментот е сингл. И се случува неверство. Кој е виновен? Колешката или мажот?
Они многу убаво разбираат, ама така им одговара. Сигурна сум дека секој човек барем еднаш во животот бил изневерен и сигурна сум дека никој не останал рамнодушен. Јас кога работев како келнерка во еден кафич, ми се пушташе еден женет, а ја знаев и жена му, ја го игнорирав на секој можен начин, па пак ми беше незгодно жена му во очи да ја погледнам. Не па да земам да им се замешам во бракот.
Не ме занимаат тие жени. Не можам во животов да се трошам на туѓ избор да биде втора, да се замарам. Мојот ми должи објаснување мене, она ако е во брак на нејзиниот, а ако е слободна сама на себе..
Јас мислам последиците треба да се редовно повикување кога се сака да се зачини брачната игра на пример со експериментирање и надоградување во облик на тројка
Ете одличен пример. Значи тој флертува со тебе. Ти го ОДБИ. И мислиш тој прекина да флертува со други? Може и изневерил. Ете ова е поентата. Зошто да флертува со други кога е во брак и зошто да ПРИФАЌА флертување од други кога е во брак?
Никој не рече дека вас треба да ви се правда некоја, туку дека со самиот акт, носи вина што била со женет маж. Не е битно ни чиј маж, не е битно ни која е швалерката.