Тешко е кога размислувањата на темите не се рационални туку размислуваме лично преку самите нас.Јас пример никогаш не би направила такво нешто да се вмешам во брак или во врска и после и жените ми се криви што не се како јас. Таквите луѓе никогаш нема да разберат ни по 1000 постови.Во каков свет живееме на денешницава сме свесни сите, секој гази по секој за жал а не пак на некоја си таму ке и биде гајле за нашиот брак и верност???Далеку сме од тоа и тоа многу далеку
Ама пак не сфаќаш нели? Ја на некој начин се осеќав виновна и не ми беше сеедно што се случуваше, разбираш? Затоа упорно тврдам дека и таа што свесно избрала да се сплетка со женет и те како има вина.
Ништо не ме чуди во денешно време, не сум јас со старовремски сфаќања па да се чудам како некои, ете и предложив решение што како да направат
А бе нејзин грев е тоа. Ако она сака така да живее си има право. Ако некоја сака да си има врска со женет нејзино право. Е сега женетиот што не си ја цени жена му е гад, гнаса, идиот и долно дно.
А знаеш дека ако пишеше во темана за љубовни проблеми и ако посочеше дека си во врска со оженет маж дека повеќето во форумов ќе те запрашаа: Што правиш со женет маж? Не се срамиш ли и итн. Со луѓето е како им одговара во ситуација, а најтрагично додека не ги изгори тоа "изненадување" напразно само ќе се зборува дека не боли и нема кој да се криви.
Па не. Вина има во случајот идиотот кој флертувал со тебе. Како е виновна девојката во случајот? Ете некоја и да прифати, она никого не изневерува. Дебилот кој е во брак, да.
Еве пријателка имам што ми кажа дека подолго време се гледа со женет. И ја прашав: што очекуваш од него? Дека ќе ја остави жена му? Ми вика го засакала кога не ни знаела дека е женет, жена му не била во државава со децата месец и пол и он вешто си криел. Кога дознала касно било, го заскала. И? Ај сега. Не знаела дека е женет. И? Се надевам ќе се свести ама.. сепак нејзин живот е. Него да го запознам ќе го згазам.. копиле е за мене. Ама и за неа ми е жал.
Ете мене додека бев во врска ми беше приредено такво "изненадување". На крај памет не ми падна да ја обвинувам девојката. ЕДИТ: да се појаснам, дечкото ме изневери. Да не биде сфатено погрешно.
Е тоа не знам.. ама ете пример. Не знаела дека е во брак, не влегла свесно.. што како не знам детали не ме занима..
Ама ти се осеќаше виновна кон кого? Кон жена му ли? За што виновна? Разберете ако тој некој сака да шврља и да го одбие една ќе најде друга и дали сите следни ќе бидат криви заради неморалниот акт со женет човек или единствена кривица сноси само брачниот партнер.
Јас претходно коментирав дека зборувам за ситуација кога и двајцата се свесни од почеток, а за таков случај ако дознаам ќе ми се згади и ќе се фатам за вратата и ќе бегам што подалеку. А доколку она знае за тоа и уште е свесно со него, тогаш она во тој случај си се повредува самата себе што е со маж кој не знае да си го чува во гаќите. Мажите се многу лесни за читање.
Ама дека пиша де ти пишав за нив, за другово тотално се согласуваме еве вчера што пишав исто на таа тема да се биде втора.
Да сама на себе, дека прави нешто што не е ок. Ама еве спомна и погоре членкава и било тешко да ја гледа женава во очи на тој женетиот што апла флертувал, а можеби и сакал нешто повеќе ако му се укажела прилика. Е за тоа зборуваме со кои очи швалерката би гледала, ама таа кога се понижила да се плетка со оженет и да е втора мери и го умот. Поточно не вреди да се замараме за таквите.