Да кон жена му. Нејзин маж е, му родила дете, овој иде сам и ми дофрла. Едноставно ми беше незгодно, што ја гледам во очи, си правам нормален муабет со неа, а пред тоа маж и дур беше сам ми викаше срце маче..... Не знам како да доловам. Ми беше срам сама од себе што не и кажав. И ден денес ми е криво, зошто се разведоа скоро, а да и кажев можда ќе отвореше очи со време, можда немаше да треба да трпи неверства.
Да не бидам груба, но доколку човек е свесен дека е во врска со дебил што изневерува постојано и упорно живее во некој лажен свет дека он така ќе се промени за неа и она ќе го направи да биде лојален, попаметен, пофамилијарен. Тогаш сама свесно се повредува. Ниедна жена не заслужува да биде втора опција и тоа е крај, самопочитта е многу битна и што порано се освести тоа подобро.
Мене не ми е јасно како може да ме погази и повреди личност што не сум ја видела никогаш во животот, не живееме во некое си хумано општество за жал, да размислиме само колку блиски личности на некој начин не подгазиле,а за непознат да очекуваш да има емпатија кон врски, бракови на денешницава е веројатноста помала отколку лото да добиеш
Женетиот што изневерува е виновен. Тој ветил верност. Значи тој ништо не почитува, чувствата на сопругата, не мисли дека неа ќе ја повреди, времето поминато заедно, плановите што ги имаат, не мисли на своите деца. Швалерката ништо никому не ветила.
Точно ако тој како прво ни згрешил зошто вина и кај таа некоја си, плус одамна и проституцијата е легална низ Европа и сега што да се прави? Да се запалат и сите бордели пак ке останат улиците и ефтините мотели
Како не може да те погази личност што првпат ја гледаш во животот - една тетка на шалтер може сафрите да ти ги крене затоа што те прави малоумен, не пак во ваков случај да не замериш на некого кој свесно се согласил да легне в кревет со твојот животен партнер оти така му било ќеф... Јас те разбирам што сакаш да кажеш - има многу неправди и нечесни луѓе во светот, тоа си стои. Ама само затоа што нешто го има многу, не значи дека треба да престанеме да го осудуваме тоа, односно да го нормализираме... Не е поентата да станеме сите циници и да гледаме негативно и со недоверба кон секоја личност, поентата е да се бориме за поемпатичен свет. А тоа не се постигнува со рамнодушност кон секој што прави нешто што повредува некого, без разлика дали е директно или индиректно.
Всушност те повредува партнерот што прво помислил да изневери и што се согласил да изневери. Ако на партнерот му е важна партнерката, ќе размисли за глупостите што ги прави.
Друго е нечие однесување од непознат при контакт за нешто ке те изнервира и ке заборавиш, а јас прашувам за личност што со очи не си ја видела?Jас сум првата што не одобрува изневерување општо ама мене само партнерот ми е крив, другата жена не тоа е нејзин живот така си живее,мене не ми е ништо она па да ми одговара за мојот брачен живот, да мисли на моите чувства кога прво мажот ми не мислел.И зошто да и замерувам на Перса што легнала? Ако не била она ке била Станка, ако решил да ме изневери со е битно која е лесни жени имало и ке има колку и ние да се лутиме и престанете да ја делите вината на маж ви со непозната некоја.
Едно 20 пати се објаснив за ова, ако не можеш да ме разбереш, тоа е, не можам да се вртам во круг со истото. Си зацртала дека секој што коментира дека не му е сеедно за швалерката го оправдува мажот и толку. Па не мора да ја видам, доволно е што до толку нема емпатија кон мене и си гледа само нејзе да ѝ е убаво, без разлика на тоа како тоа што го прави со маж ми ми влијае мене. Не знам како поинаку да објаснам, мене лично не ми е потребно да познавам човек за да внимавам да не го повредам, и сметам дека така е хумано да се постави секоја личност. Свесна сум дека не се поставува секој така, ама сепак тоа е мојот стандард за проценка на тоа каква личност е некој.
А како дотичната да има емпатија кон тебе кога не те познава? Едноставно си е жена така што си го тера животот и не и е гајле дали си ти или јас не сме и другарки или сестри не е добро кога размислуваме од самите себе какви сме кога знаеме дека на денешницава се повеќе нечесните од чесните
Сакаш да кажеш дека ако утре некој по пат ти припадне, тебе не треба да ти е гајле затоа што не го познаваш и не сте блиски?
Има другарки/пријателки што ќе те забодат во грб. И што? Само мажот да го кривам во таа ситуација а нејзе да и простам и да и верувам дека добро ми мисли нели? Од туѓа може не боли толку многу, но од блиска боли повеќе, болка е болка. Неверството е лоша работа што ментално знае да те занесе. Пак ќе речам зависи од ситуацијата, ама пак дали е туѓа или блиска не е битно болката па ќе биде тука, на крај краева ќе ги кривиш нив ама во сета таа болка ќе се кривиш и самата себе.
Друго е да дадеш помош некому во ситуација, ама да очекуваш од светов да биде фер кон тебе не џабе е секој по секој гази и нема око да му трепне за нечии чувства
Во таа ситуација мажот е крив а и другарката исто и тоа пријателство завршува двајцата изневериле тој како партнер а таа како другарка
Ама во ред, нека биде така, светот не е фер, многу луѓе гледаат да те згазат. Дали тоа значи дека треба да сме рамнодушни во тие случаи, само затоа што светот не е фер? Тоа е цел муабет.
Рамнодушни никогаш не можеме да бидеме. Бракот го чуваат само двајца и трета личност не може ништо ни да го сочува ни да го растури ако некој од сопружниците не го дозволи тоа
Точно за ова, но јас верувам дека има луѓе кои стварно се добри и знаат граница. Пример, кога со мене би флертувал некој оженет и јас ако флертувам со него односно му возвраќам тоа е и дел моја кривица, бидејќи кога би се ставила во кожата на жена му знам како би и било и јас лично не би сакала да го искусам тоа чувство. Ако он е дебил и него не му е жал, мене бар може да ми е, нема врска што не знам како изгледа жена му и слично. Затоа пред да се зимате или да западнете во врска добро истражете за личноста, од тој што крие да се плашите, а од тие искрените иако изневеруваат ако ништо друго ти кажуваат како што е и во што се вмешани. Нема срамота ако прочепкате или се запрашате за некој подобро порано да се случи нешто него покасно, иако пак ќе речам луѓето се непредвидливи но ние самите најчесто ги игнорираме тие црвени знаменца кај некој бидејќи го сакаме, долга и широка тема за разглобување.
Има и добри луѓе ама не можеме да тргнеме секогаш од ситуацијата како ние би направиле.Еве пример мажот ти се додворува на некоја и таа го одбива добра е ,не е доволно само по себе што се обидел? Ако сака да изневери ке продолжи со намерата и од 10 една ке прифати и што е битно сега дали е првата или десетата кога такви жени има и само мажот е тој што одговара за верноста или влегува во јавна куќа пример и сега криви ни се проститутките што си работат