Не мислиме дека она е цвеќе за мирисање туку дека лично кон нас одговорен е само партнерот, она има вина, но сама кон себе или ако има партнер и кон него зошто е неморална личност. Нас не треба отчет да ни дава освен ако е наша блиска
На многу луѓе не сме им ветиле и не им должиме ништо па ваљда не се понашате ко гомна према непознати само ради тоа. Не ѝ должам место во автобус на бремена жена ако е така. Нит да викнам брза помош ако некој колабира на улица. Нивни блиски нека мислат, мене таквото ме боли. Па и за блиски не сме ништо должни технички. Ама јбг, секој со својата совест.
Па и има такви што не стануваат во автобус на бремени жени а има и со осет. Е така е и со луѓето некои имаат емпатија некои не, самиот чин е лично нејзино уништување како жена, како човек со морал. Таквите не мислат за себе лично што прават а не да помислат и да жалат некоја изневерена сопруга и како да се очекува од непознат такво нешто кога партнерот како прво не изневерил него не му е жал а не пак неа
Епа ако не се должи зашто да станат де? И тоа збориме, дека третата страна се створења без осет, а не невини кутри душички.
Аман со ова одговорноста, ко слеп за стап. Нормално дека само мажот има одговорност кон жената со која се венчал. Ајде, за секунда не ја гледајте дискусијава како главен лик (изневерена жена), туку објективно. It takes two to tango. Мажот не изневерил сам. Има соучесник во вината. Значи двајцата се виновни. Да, само тој има одговорност кон жената, ама и двајцата се виновни. Еве, не знам. Ваљда не се разликува одговорност од вина.
Ај да резимираме. Мажот сигурно има памет и совест сам себе дали САКА да се впушти во флерт, авантура или вонбрачна врска. Тоа негово однесување апсолутно не зависи од тоа дали некоја му намигнала на свадба или во трафика. Сакал и пошол или не сака и одјебава. Швалерката нема што да сноси вина пред очите на изневерената сопруга. Нејзиниот морал или неморал си е нејзин и нејзино апсолутно право е со кого сака да се е*е. Мажот е тој кој вас лично ви ветил љубов и доверба, а не таа некоја. Џабе ги обвинувате швалерките, со тоа само се себе утешувате дека кутриот го зеде таа за раче, а тој дека малоумен не знаеше да каже не. И апсолутно не е иста споредбата дали некоја ќе и стани на бремена во автобус или не знам што. Совест сите имаме и исклучиво од нас зависат сите одлуки во животот. Јас ако сакам да се шврљам мажена, мене не може да ме заведе некој Петко оти ми намигнал или ме нарекол маченце, тоа зависи од мојот разум, интелект и совест.
Никаде не го реков тоа. Ама поедини само три реченици вртите, очигледно сѐ подалеку од тоа ви е чудно.
Нивото на кое се препукувате во темава ич не личи на возрасни личности, пецкање, навреди сарказам, само поради различно мислење . Да нормално дека е партнерот кој изневерил најмногу крив, дал мажот или жената (да не генерализираме затоашто и жените многу изневеруваат). Другата страна јас би ја обвинувала донекаде ако ми е другарка, пријателка, роднина, сепак прв кривец е само он, а неа би ја избришала од живот. Ама пак ќе кажам и да не ја знаете донекаде е нормално да се чуствува омраза и бес, едноставно човек кога е повреден не може многу рационално да размислува, барем не додека е во афект.
Сличен муабет беше за рекламирање на брзи кредити или казина. Дека и без рекламите ќе има луѓе што се коцкаат и ќе тонат у долгови. Е да ама зошто да бидеш дел од тоа in the first place? Тргни се на страна, кој му се ебе или му се коцка нека прави така, ти не мора да си дел од тоа.
Како нема што? Па учествувала во актот што ја повредила. И те како има вина. Ако не на кафе да седнат и на шопинг заедно да идат, пошто имаат заедничка тема на разговор. Јас мислам и најдобри другарки ќе станат. Никој ова го нема никаде пишано во дискусијава, па кога упорно го кажувате е само знак на немоќ и немање аргументи. Извртување ... ма не ни извртување, комплет измислување на нешто што некој рекол. Никоја не пиша дека утре ќе ја бара швалерката за да се караат или ќе и фрлаат магии, туку дека сигурно нема да имаат убаво мислење за неа. Во суштина скоро сите имаат негативно мислење за швалери и швалерки, што се гледа низ темиве по форум. Ама сега се фативте на дискусија, па пусто его не дава да се согласите со другата страна.
Ти читаш ама очито не разбираш! Што вина има швалерката спрема тебе, ти за швалерката си мажена?? Да разберам ако ти е блиска и се познавате ама анонимус како може да ти е виновна, за постапките на партнерот твој? На крајот ќе излезе дека тој ич не е крив! Боже сачувај.
Ако мажот убие чоек - тој е убиец и сноси највисока казна. Ако швалерката му поможи да скрие телото е соучесник. И носи нешто помала казна. Така и тука. Мажот има одговорност кон сопругата и како таков е виновен зошто тој направи ветување за љубов и склучи брак. Швалерката не е некоја која ни е значајна, та е третата страна шо нема ветено ништо, ама е соучесник и како таков исто така носи одредена вина. Скроз разборам со сака да кажи @Bezimenka90 не сфаќам зошто ѝ превртувате зборовите.
Ете го пак истиот тој немоќен аргумент. И со извичници дури. Ако седам на кафе со Перса и ми ја кажува маката за тоа како маж и ја изневерил, успат може да рече "Ја видов прееска швалерката, глупача една". И сега сакаш да кажеш ти тука ќе ја пресечеш. Ќе и речеш, не, не така! Маж ти и само маж ти е виновен. Остави ја жената на раат, срам да ти е што ја вреѓаш. На пример, јас ќе речам "Вистина, срам да и е". Е па добро, ваљда по тоа се разликуваме. Емпатија и гледање на работите црно, бело или со сивило измеѓу.
Не, не, они нема ни да се замараат која е таа. Она не е битна, нив ни име не им треба да и знаат. Еве мене бившиот дечко ме изневеруваше со една, сега му е жена. Органски неможам да ги сварам и двајцата, зошто и двајцата ми згрешија. Она многу добро знаеше со која е, они си тераа паралелна врска. Јас да не сфатев и не му раскинев, Господ знае колку ќе теравме така. Да, бившиот ми беше крив, ама и она заедно со него. И ја мразев и се прашував што е она толку подобра од мене, па да ми го направат тоа. Убаво пиша некоја поназад, соучесник е во делото. Се гледавме со неа на факултет, глумеа демек другари и ме гледаше во лице и ми се смееше. Како може човек што прави вакво нешто да не ви е крив, не ве разбирам. Па ако ништо друго, крива е што ме прави мајмун, бар да ми рече се ду**м со дечко ти, чисто да си знаеш, повеќе ќе ја почитував.
Јас само ќе си го цитирам мислењето и ќе додадам дека во тоа време имаше овој 18, средно беше уште 18 годишници шијат возрасни магариња и магарици у морал.
Не знам со што морални вредности сте воспитувани и растени вас што швалери и швалерки ви се исклучени од било каква морална последица и што сметате дека ако немаш одговорност спрема некого можеш да правиш што сакаш и дека пак си без разлика на се ок човек. Искрена да бидам, ми гледа како ишкање на мувата од капата, ама вие си знаете.