Швалерките се ангели пратени да ве спасат од лошите скотови кои ви го уништуваат животот. Никако не се они виновни. Треба да ја цените таа среќа што ја имате, дека некоја таму, рандом, непозната (ако е позната па уште по благодарни треба да сте и, пошто сигурно знаела како патите со таков човек) ве спасила од идиотот со кој сте решиле да влезете во брак, да основате фамилија, да имате деца, да земете кредити за стан, да преуредувате дома, купувате намештај, кола, одите по одмори... Треба фала да им речите, кафе да им сварите за доброто дело што ви го направиле, да им го спакувате со панделка и да се посватите. *сарказам
Добро, до толку не разбирате дека нашите избори зборуваат за нас како луѓе и карактери? Последна работа на која помислувам (последна после последната) како слободна жена е да се намигнувам или ебавам со женети мажи. Како хипотетичка швалерка не сносам вина/одговорност за нечиј брак, ама сум апсолутно и неповратно одговорна за своите избори.
Сум била изневерена. Вина не барам во девојката. Вината е во мојот поранешен дечко. Зошто пишувал и излегувал со други? Како може друга личност да е виновна за неговите постапки?
Баш јас сум растена во семејство каде што се почитуваат вистинските вредности и никогаш не би направила такво нешто. И мене ми е жал што има такви жени ама што да правиме сега? Дали таа треба нам да ни се правда за нејзините неморални одлуки во животот? Партнерот е должен да го чува бракот а не таа некоја си и да ги осудуваме таквите постојано пак нема фајде ги имало и ке ги има
Радикални феминисти сме, мажите се криви за се Не сум сигурна за сите, кој каде припаѓа генерациски и искуствено, ама тоа искуството дава разлика во перспективата. Ако се дискутира хипотетички, дечко ми ме изневери, ич не е исто со мажот ми ме изневери. Дечко ми ме изневери, во прошлиот милениум ваљда беше, па и не ме погоди нешто особено, си продолживме секој по свој пат. Не сме биле еден за друг, фала му на бога за тоа. За брачни неверства немам лични искуства, ама имам видено туѓи и констатацијата е, дека нешто со тие бракови не било во ред. Брак си бара работа и посветеност и во него се вклучени само двајца. Ама тоа е ваљда друга тема.
Да не повторувам, само цитирам. Па ништо да не се осудува веќе ако не. Морал и не морал не постои. На краева, да. Секој си има свој морален поглед. Ако тебе ти е ок со швалерката утре и да се дружиш ако се укаже прилика, на некој не му е.
До крајност се оди, сигурно нема да пијам кафе со неа ама и никогаш нема да речам таа е крива ми го расипа бракот.Маж ми ни го расипал бракот не ја венчав јас неа
Точно убаво си кажа сами сме одговорни за својата совест и нашите избори.Така да и таа некоја си е сама за себе одговорна каква е а не ни е нам лично одговорна
До крајност се оди...од ваша страна. Вие слепо се држите то таа одговорност кој го расипал бракот. Нормално дека мажот го расипал бракот. Ама шо е со тврдењава дека швалери немаат никаква вина? Секако дека се тиња луѓе, шо газат врз други да остварат своја цел. Зарем не го мислиш ова за швалери и швалерки? Дискусијата не е кој на суд ќе носам за да се разведам, дискусијата е дали швалерката е комплет невина или сепак ќе имаш некое негативно мислење за неа.
За неа немам потреба никакво мислење да имам штом се впуштила во такво нешто се знае каква е не ми е ништо таа лично мене па да се замарам каква е и што е
Секако дека е крив мажот. Ама и жена што е свесна дека се дупи со зафатен или женет, е крива што има вредност колку и обично гомно. Самата свесно си го направила тоа.
Зошто упорно истото го верглаш? Што поразлично пишаа сите на темава? Си се нашле лонче и капаче во таква ситуација, и секоја страна одговара таму каде што треба, шваљерката за својата ниска свест и недостаток на себепочит, мажот пред своето семејство или обратно. Во некоја тема пишав, ваквите односи се дешаваат меѓу две крајно лабилни личности. Енде.
Има морална одговорност кон сама себе си а кон мене не.Никоја не може со сила да ми го земе мажот ако тој не сака
Значи сепак јас и ти се согласувме скоро па комплет со мислењето. Па тоа го вергламе цело време. Да, од мажот исклучиво бараме одговорност, а швалерката е жена без морални вредности. Мислам дека може да се стави крај овде, зошто нема смисла веќе на 500 страни едно исто да повторуваме.
Не е принудена ама ајде да речеме чукната е можеби и не расудува и што сега? Мажите во бракот Вам ви се должни на верност. Таа има одговорност морална ама ете не ја прифаќа и сега што.Колку сакајте осудувајте ги нив пак ке им е гајле за се, на мажот останува да го сочува бракот. Замислете сега нас нож во грб ни забил животниот сопатник а очекуваме некоја си да не жали