A, vie mislite deka na forumov nema svalerki pa site ke ja obvinuvaat svalerkata Ehee kolku gi ima se gleda po temive
Епа не знам тогаш зошто секојдневно се жалиме од на пример туѓа некултура. Дали некој ти украл телефон или фрлал ѓубре на улица или не те пуштил на пешачки или ѝ се дерел у маркет на касиерката за глупост...таков си е, чукнат, тоа е, шо дека ќе го плукаме. А ваљда барем еднаш у живот си била револтирана од постапка на некој непознат наместо да реагираш ко меех, ми е гајле.
Сум била револтирана 5 минути ама тоа не ми го уништи животот ни пак сум имала гнев или омраза од таквите луѓе бегаме подалеку затоа сами си ги бираме другарките, сопружниците и ако има трета неморална личност мажот ни ја пуштил да е така
Абе нема сигурно да одам да ја тепам. Ама како и да е, не верувам дека било кој нормален би имал убаво мислење за човек кој свесно имал врска со омажен/оженет човек. Пошто сепак нашите избор зборуваат доста за тоа какви луѓе сме и каков ни е моралниот компас. Мене моралниот компас ми е: прави што те прави среќен дури не повредуваш други луѓе. Оттаму не можат да ми се ок луѓе што свесно учество земаат во тоа да повредат некого. Нормално дека швалерката или швалерот нема да полагаат сметки на сопругот или сопругата во триаголникот, ама далеку од тоа дека треба да глумиме дека нивните постапки се во ред. Абе не навлагам во тоа како дошло до неверство. Како и да дошло за истото оправдување нема. За мене барем.
Немам добро мислење за таквите жени муабетот ми беше за вистинскиот кривец на неверството и кој нам ни должи верност. Некогаш сакаме да префрлиме вина на други зошто не сакаме да си признаеме дека тој со кој сме основале семејство не повредил.Колку малку полесно да ни е ама се залажуваме
Штом некој реши да ме излаже, а јас сум свесна за лагата, богами нема што мене да ми биде тешко, едноставно сѐ се брише и тој човек станува непостоечки. Исто како што не пијам кафе со луѓе кои се швалерисуваат, крадат, лажат, истите правила важат и за мојот маж. Во истите г***на пливаат сите.
За неверство се потребни двајца. Описно - Д В А Ј Ц А! Со бројки - 2! Не знам дали ви говори тоа нешто на поедини, ама би требало. Да, бракот треба да го чуваат сопружниците и да, сопружникот е најголемиот виновник при неверство оти тој ветувал брда и долини и блах блах блах. Да, швалерите имаат вина и тоа не е воопшто дискутабилно. И да, покрај вина имаат и човечка одговорност према изневерената страна. Во еден мал, ама битен дел - немој да го правиш на другите она што не сакаш да ти го прават тебе и тука стануваат дефиниција за ходајучо лицемерие. Напоменувам, тоа не го прави помалку кретенчина и сељачиште сопружникот што изневерува. Да, апсолутно е лага и невозможно по сите досега познати овоземски правила на човечкото постоење дека према швалерите можеш да останеш индиферентен. Човечката психологија ќе беше арно да е толку совршена ко шо некои си замислуваат. No hard feelings дечки. Пис аут.
Едното не се исклучува со другото. Низ темава како да мислите дека ако едниот носи некаква вина, другиот е апсолвиран од сѐ. Ако кажеме дека швалерите секако имаат дел од вината, која секако ја имаат, не значи дека вината на сопругот/сопругата е помала, а уствари тој дел не се ни дискутира, сите знаеме кој би сносил последици и кој носи поголема одговорност. Муабетот е повеќе што на темава испадна дека можеш да си топ лик предобар, а да си швалер/швалерка, што мене ми е малку тешко да верувам пошто очигледно е дека си поприлично себичен лик кој мисли само на своето задоволство без разлика на последиците од неговите постапки. Значи или ти фали да расудуваш правилно или не ти е гајле.
Јас убаво расудувам ни сум направила ни пак ке направам такво нешто.Јас сум баш напротив од тоа што кажа дека сум себичен лик, секогаш дури ги ставам туѓите чувства пред своите, но јас размислувам не поаѓајки од сама себе туку од општеството околу нас. Јас лично маж ми го кривам за неверство и тоа е мое лично размислување и избор.Мене ми е испод ниво да се замарам за некоја си таму.. ај да бидам културна
Истово го помислив, можеби тие што ги бранат жените/девојките што флертуваат со зафатени мажи се такви, па си се бранат.
Смешно ми е со ова "не знаела дека е женет, аха, сигурно не знаела. Во денешно време тешко да не се знае дали некој е женет.
Ке ти одговорам на ова зошто мене баш ми беше упатено. Пишав и погоре, јас не ги бранам таквите ни ги оправдувам, дискутираме за неверството во бракот кој нам ни должи верност.Размислувањата не треба да бидат искажани од самите нас туку општествено гледани т.е од кој што може да очекуваме, а не како ние би направиле
500 страни и уште се обидувате да се убедите едните, дека виновни се и сопругот/сопругата и швалерот/швалерката и, другите, дека виновен е само тој што ви ветил верност. Нити ќе се убедите нити некој ќе смени мислење.
Во ред секој има свое размислување ете јас мислам мене лично маж ми ми е одговорен да ни го чува бракот. Види погоре ме направија демек таквите сум ги бранела може и такви сме биле ние .. глупости. Срамота е така да се напаѓа само заради лично мислење јас кој лично би кривела и од кој барам отчет