НАЈГОЛЕМИ ПРЕЉУБНИЧКИ СЕ ДИРЕКТОРКИТЕ НА УЧИЛИШТАТА ,А НИЕ ИМ ГИ ДОВЕРУВАМЕ НАШИТЕ ДЕЦА НА ВОСПИТУВАЊЕ И ОБРАЗУВАЊЕ. ЗНАМ ДЕКА БАРЕМ ЕДНА ДИРЕКТОРКА КОЈА КЕ СЕ ПРЕПОЗНАЕ ВО ТЕКСТОТ.ЗА ЖАЛЕЊЕ Е.......................................
Во никој случај луда...Само знак дека си го сакала или подобро да речам сакаш. На некои, па дури и на самата себа си не ти е јасно зошто упорно седиш и не го напуштиш. Можеби грешам, ама како единствено прифатливо објаснување е чувството на вина што не си можела да дотуркаш со бременоста. Од искуства на блиска личност со скоро ист случај, можев само да извлечам поука дека стресот е тивок убиец. И се од спонтани абортуси, до тахикардија, нервози, мигрени се од стрес. Жената има силна интуиција и дури пред да станеме свесни за нешто дека сме донеле некој суд , потсвеста веќе пресудила и си лувствувала скоро сигурна сум уште пред да си дознала за неверството нешто поинакво, некој необјаслив немир. И тоа бил доволна причина за несаканите случувања. Единствено што можам да ти дадам како совет, немој да се обвинуваш себе си за ништо, иако е мн тешко особено ако другио позади грб те коментираат или префрлаат. Дозволи си да дишиш слободно и не барај вина во себе. Кога ќе ти е полесно, одлучи дали има нешто доволно силно за да останиш со него и да пробате се од почеток, или да си заминеш и да си ја најдеш среќата со друг со кого ќе си имате мн среќа и дечиња здравје Боже. Одлуката е твоја. Само напред и ти посакувам мн мн среќа ти посакува Ноел
фала на прекрасниот одговор Ноел се надевам дека еден ден ќе ми се разбистри главата и ќе донесам права одлука што нема никогаш во животот да се покајам.можеби самата сегашна ситуација што ми се случи ќе ме разбистри во главата.поздрав голем
^ и јас се сложувам...ти толку сакаш да му родиш дете,а тој оставил трудна друга па плус се мувала таа и со други,---значи таа е к*рва од која може и закачил нешто Треба сериозен разговор,ситуацијата не е лесна...јас лично мислам дека кој еднаш изневерил пак продолжува-ајде да било за една вечер,да се напил и сл..па некако да му простиш-иако и тоа не е,ама 2год свесно си одел,е тоа извини ама неможам да го сфатам значи да не си дознала тој ќе продолжел со неа...мој совет ти е дека воопшто не треба да с етрудиш да му родиш дете на таков,остави го на време додека не ве врзало детето...сеуште имаш време убаво да размислиш
Натажена,еве и јас ќе се сложам со Маца,нема иднина со таков.замисли како ќе биде утре,задутре кога би му родила дете-само полошо за тебе,бидејќи он ќе си има изговор да си продолжи со терање ќефови. Чудни се Божјите патишта,размисли малку дали вреди ваков да биде татко на твоето детенце.
Монро,тебе изгледа некоја„ директорица “ти се замешала во животот? Еве,јас пак ќе кажам дека исто е и во банките-тоа по канцелариите се живо е„наводенето“ и „укочено“. Семинарите по други држави(оние по 10-15 дена) го загорчија животот на многу семејства.Сепак,се се дознава,ништо неможе да се скрие.
ДУШО МОЈА,И ГОСПОД НЕСАКА ДА БИДЕШ СО НЕГО,ЗАТОА И БЕБЕ НЕ ВИ ДАВА,БАТЛИ ГО,ВРЕДНУВАЈ СЕ ТИ,ТИ СИ СИ НАЈВАЖНА,ТИ И ТВОЕТО ЗДРАВЈЕ,НЕ ГО ГУБИ ,КЕ ТИ ТРЕБА,НАПРАВИ СИ ГО САМА ПАТОТ И ГОСПОД КЕ ТИ ГО ОСВЕТЛИ,,,,,,,,,
Се сложувам со ова можеби причината што немате дете е што не треба да сте заедно,можеби во блиска иднина те чека среќа.Сепак на тебе е да одлучиш а за тоа дека детето не било негово-чиста лага,зарем би одел со неа ако одела истовремено и со други.Ако вистина е така тогаш мажот ти е прав кретен!Поздрав.
Не ми јасно зошто таквите воопшто се женат ако немислат да се откажат од ергенскиот заводнички живот? Ако мислиш да изневеруваш не повредувај околина со таа одлука не се жени / мажи
Многу интересно прашање,само мажите изгледа не се запрашуваат(оние што вараат) ајде да кажеме од зор -останала бремена девојката(што не е фер ниту кон девојката ниту пак кон детето кое ќе се роди) Момент на понесеност-и тоа мислам дека не е одговор на прашањево. Според мене,се женат за да го поминат редот ,нели,да ги задоволат родителите,ете се оженил-семеен човек(која заблуда)И после си има кој да го пере,пегла,да му готви и сл.Неизживеани -самобендисани момци.А најлошо од се е кога ќе има подршка од родителите за ваквиот неморален живот.Уште полошо е кога жената се види и знае,а не реагира и мисли дека така треба да биде-дека ќе му поминат годините,ќе излудува па ќе се смири.Тешко,таквите довека така ќе тераат ,се додека можат. Инаку,јака нека им е душата на сите сопруги кои имаат ваков човек во куќа,Господ нека биде со нив и нивните дечиња и нека им дава сила,трпение и ум што понатаму и до кога така.
10-15 дена!!!!!!! и два дена им се доста,се однесуваат како '' девојки за една ноk'' T.E. жени ,ако можат така да се наречат,сепак за нив има посоодветно име.
Не се вознемирувајте за такви суштества. Не сите мажи паѓаат на евтини провокации, а тие кои паѓаат не се за вас. Бидете горди и достоинствени на самите себе, горди што не сте станале како нив, горди што можете да излезете на улица без да слушате шушкања од страна во стилот на „еве ја оваа шо ја зборат сите“ И некој ќе рече арно им е на нив. Е баш тие што не изневеруваат си уживаат во животот. Баш пред некој ден си седам на тераса и си пијам кафенце, го чекав маж ми да дојде дома за да одиме да бираме поклон, имаше некоја свадба во семејството и си викам таман од тераса ќе го видам и ќе си се спремам. Кога гледам една кола паркира во едно ќоше и гледам една мала од 15 лета, поише гола од облечена искача од колава (голема црна со затемнети стакла, мерцедес ќе да беше) и се крие кутрата, по ќошиња да не ја видат. Си продужувам јас со кафето коа гледам од колава излага еден тип просед од околу 40тина години и трча по неа, марамата типката си ја заборавила во кола. Оваа ја грабна и си замина. И си правам јас паралела, еве можеби таа има повеќе прилики, ги молзе мажите ко крави, ама дали го има моето спокојство? Дали може таа да си излезе на тераса со кафенцето како мене, без страв дека нечија жена со чиј маж таа имала работа ќе ја види и ќе и покаже убаво како шо и се деси на една моја другарка кога жената од типот ја начека и и го смени личниот опис? Не би рекла.
точно така и јас го делам тоа мислење со тебе,ако мисли некој да шара наоколу нека не стапува во брак. Поради таа причина го имам премислено на еден мој брачед да не се жени,зошто да ја земе девојката на душа да и го упропасти животот,ништо не останало скриено порано или подоцна се се дознава .сега нека скита по улици колку сака.
Пред неколку дена дознав за неверство во мојата блиска фамилија. Братучетка ми е мажена некои си 3 години и има едно детенце. Со сопругот нејзин си се согласуваат прекрасно, мене ми се пример за тоа како треба да изгледа еден успешен брак. НО, пред некој ден кога бев кај нејзе ми се отвори и ми кажа дека веќе една година се гледа со нејзиниот бивши дечко (одеше со него околу 5 години, се скараа и за година се омажи со сегашниот). Јас вака останав. Се сакале демек многу, таа го немала преболено него, ни пак тој неа. Ми кажуваше како со него се чувствувала како права жена, дека со него се осеќала само среќна.... Кога конечно успеав да проговорам од шокот и ја прашав што понатаму со бракот и детенцето, таа ми рече дека ке си останела во брак се додека овој не свател дека требало да си се земат тие двајцата. Па како бре може така да му праве на човекот? Колку само ја сака ја почитува. Па тој ми е пример за успешен домаќин и човек. Е сега, проблемот е што бара од мене да ја покривам, а јас неможам да го прифатам тоа. Утре кога ке се разбере, јас ке бидам и повеќе крива од неа, зашто сум знаела а сум ќутела. Девојки совет? Да се правам дека никогаш не сме разговарале за тоа или да и кажам да не смета на моја подршка? П.С Значи се мене неубавите работи ми ги доверуваат, па шо ѕвезда ќе имав? Оти не дојде една да рече ехее вака и вака раструби на цел град срекна сум, а не сите лелее ова направив дај совет, ама никој да не знае, имам јас доверба у тебе. Ебате вербата и довербата.
Пеперутка, мој совет е да останеш подалеку од прекирвањето и општо од оваа личност. Пробај да ја разубедиш дека не е во ред тоа што го прави или веќе ако е решена да се гледа со поранешниот, нека стави крај на бракот со личност (за која што велиш дека е прекрасен) и нека ја раздели НИВНАТА ќерка од едниот родител. Пробај да ја разубедиш, кажи и дека ако се добро согласувале со оној поранешниот дека и тогаш ќе се биле во добри односи, можеби сега само ја искористува и си го пополнува времето со таква (извини на изразот) простачка која при имајки дома маж, дете и добар живот, бара друг к*р. Срамота за таквите бесрамници од типот на Маријана (од Велики брат). Да не случајно и е идол ?
Пеперутка седни ја и кажи и што мислиш за ситуацијата-дека на крај ќе остане сама и маж и нема да сака да ја погледне, а и детето може.И во таа ситуација швалерот нејзин ќе избега очи да не му види.Ако сакал да ја земе немало 5 години да идат и да ја пушти со друг после само една година. Плус, убаво објасни и дека не сакаш да бидеш дел од приказната и дека може да се лути ама нема да ја покриваш, кога и онака некој ден се ќе се открие.
Јас убаво и кажав се тоа што вие ме советувавте, ама таа категорично одбива да ме послуша. Нејзе животот и немал сега смисла, тие двајцата си се сакале и ке стореле се да бидат заедно. И што е најинтересно кога ја прашав а малата? Таа се зачуди... Па девојчето, според мене не е воопшто разговарано и внесено во нивните планови. Како демек најмал проблем е она, ке разговарале за неа кога ке дошло време. И дадов на знаење дека не планирам да се вплеткувам во таа игра, ама незнам дали свати што и кажав. Фала ви феминки, јас уште еднаш ке разговарам со неа, па ако не се опамети (тешко дека ке биде тоа) се тргам од неа, и ке се правам како поим да немам што се случува. Бива така нели? .....Незнам како ке го погледнам во очи братучед ми...