Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. Darknest beauty

    Darknest beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2023
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    232
    Пол:
    Женски
    Точно убаво кажа, одбивна да ама не би и барала нејзе да ми објаснува зошто така направила
     
  2. Darknest beauty

    Darknest beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2023
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    232
    Пол:
    Женски
    И досадна сум веке ама пак ке ве прашам сите. Чекате морална одговорност од жени швалерки што осет немаат никаков. Еве не дај боже да сте во таква ситуација ако е непозната некоја како ке реагирате? Пак маж ви ке ви биде одговорен лично Вам.Таа жена е секако крива ама е без осет и без срам. Каква морална одговорност очекувате од таквите жени јас стварно не разбирам?
     
    На sj *O* и elimkd им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    268.766
    Реално освен да си ја јадеш душата, ништо нема да се случи.
    Затоа таа другата/тој другиот се небитни. Нормално дека не ги сакаш, ама не треба да се фокусираш на таа личност. Оти дополнителна горчина само се ствара, ништо друго.

    Битна е личноста што изневерува и што понатаму. А најбитно е што сака понатаму изневерениот.
    Да не е Петра, ќе е Трајанка, сеедно е од аспект на тој што е изневерен. Што ако кажеш дека е неморална? За неа/него си е. Секој со својот крст, на крајот на денот.
     
    На azelea, sj *O*, ZAHRA и 3 други им се допаѓа ова.
  4. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    Абе арно реков на старт

    Сам па како знам
     
    На baby-star, elimkd и Darknest beauty им се допаѓа ова.
  5. Darknest beauty

    Darknest beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2023
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    232
    Пол:
    Женски
    Најубаво кажано од сите мислења до сега на темава
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Не може небитна швалерка да ми предизвика било какви емоции, таа секогаш била и ќе биде небитна, апсолутно не е причина да се јадосувам. Она што може да ми створи фрустрација е партнерот кој ме изневерил, а за тоа да не се случи, и тој станува небитен. Нема понатаму и готово.
     
    На Gosh, sj *O*, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    268.766
    Тоа и го кажувам.

    Колку и да збориме "и таа има улога", ок, да, има, ама со неа не можеме ништо - освен да се замараме и фрустрираме и огорчуваме сами себе. Се' додека се фокусираме на "таа неморалната" губиме фокус на важното - прво ние самите, а второ тој што сме го одбрале за партнер.

    Некако црно-бело се гледаат работите, фала богу не можеш да имаш позитивни чувства кон швалерката/швалерот на партнерот/партнерката, ама јадосување зошто таму некој е ок да спие со мажени/женети, само уште поголема горчина ќе донесе.
     
    На sj *O*, baby-star, st-el и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Darknest beauty

    Darknest beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2023
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    232
    Пол:
    Женски
    Тоа е тоа што се обидував да го кажам додека ми велеа пиј си и кафе со неа ако мислиш така, шириш швалерски неморал и ме ставија на линч посебно @Emotional123 итн.. Ти го кажа најдобро во само еден пасус
     
    На sj *O*, baby-star и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Камелија, не се разбираме. После неверство, фокус не може да биде тој што сме го одбрале за партнер. Тоа е губење време, и со него фокусот е на погрешно место. Муабетот започна со "што да правиме со швалерката, она си е таква каква што е, неморална", ама истото важи и за партнерот. Значи, доаѓаме до истата равенка, обајцата се за у ѓубре. Јас ги третирам исто.
     
    На Gosh, ToksycznaReakcja, Elenpelen и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Што се напна толку стварно не ми е јасно?
     
    На Harper и Anyshka им се допаѓа ова.
  11. Darknest beauty

    Darknest beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2023
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    232
    Пол:
    Женски
    А тебе што толку ти е гајле па? Тебе кој те цитираше или ти се обрати?
     
    На sj *O* и Just.do.it им се допаѓа ова.
  12. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Ајде преспиј, утрото е попаметно од ноќта.
     
  13. Darknest beauty

    Darknest beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2023
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    232
    Пол:
    Женски
    Ако ти се спие, добра ноќ
     
    На sj *O* и Just.do.it им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    268.766
    Фокус е изневерената личност и фокус е партнерот во смисла преболување и како натаму.

    Јас не можам да ги гледам исто, таму некоја си е за неа човек, него овој што ми ветил нешто е проблемот. Не може никоја да ми биде толку ѓубре колку он, и да се замарам со неа е дефокус од сама себе.
     
    На *Amethyst*, Just.do.it, sj *O* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Akapulka

    Akapulka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2022
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    2.355
    Убаво пишаа претходно вина носат и двајцата, ама одговорност кон изневерената страна само неверниот брачен партнер.
    Фокусот е кон него и повреденава страна и фокусирањето е додека не се расчисти се јасно и отворено.
    После тоа секој по свој пат, какви фокуси и бакрачи.

    Тој што изневерил пак ќе изневерува и да развил и да не развивал емоции кон швалерките тој си е тоа, варач.
    Во неговиот свет и глава му се може и нема грам осет и почит и кон сопругата и кон швалерката, а оваа кутрава кон себеси кога допуштила со таков да си губи време.
     
    На Gosh, Mnik, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Па од аспект на "моралноста" што толку се проповеда, исти се и двајцата. Не знам како поинаку некој бидува дел од неверство, освен со лага односно недостаток на морал. Не мерам точно во проценти, и фермани цели се испишаа за тоа дека секако партнерот носи одговорност за врската/бракот, но навистина, суштински, неверството значи дека две "неморални" личности си се нашле у муабет. Од тој аспект ми се исти. И затоа ги гледам исто. А кога некој ќе ме излаже, дал нешто ветил или не, небитно е бидејќи се трансформира во лага.
     
    На Anyshka и IRBBB им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    268.766
    Но таа третата личност не беше во матично, црква со вас. Не ти вети ништо.
    Онака од човечност можеш да не бидеш швалер/ка, ама не си носител на одговорноста.

    И на крајот, некогаш другата личност нема ни поима во што се впушта.

    Без оглед, сеедно непотребно дополнително јадосување е. Тој бес према изневерувачот, не неа. Оти тој ветувал што не може да исполни.
     
    На Darknest beauty, *Amethyst*, sj *O* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Јас искрено никаде се спомнав јадосување, ниту бес, сега малце општо си коментираш, неврзано за тоа што го напишав. Кажав јас како гледам на работите, за мене се двете личности исти во однос на нивната "морална" вертикала, не во однос на тоа кој има поголема одговорност и кој ветил верност. А да се јадосувам, апсолутно не гледам причина, особено кога ќе сфатам од каков "материјал" сум имала очекувања. Баш напротив, ослободителна пресуда е неверството.
     
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    268.766
    Ама првиот коментар воопшто не ми беше за тебе, после се надоврзав.

    Реалноста е дека таа некоја (пошто сме жени, иначе тој некој) е "заменлив" материјал, може не е една, може со 5 изневерувал, за оваа една знаеме.

    Од тој аспект искоментирав дека болката ни ја нанесува тој што сме го одбрале, тој требало да не биде "таков", тој ни ветил дека нема да биде "таков".

    Морал на цел свет не можеме да оправаме, затоа нели бираме партнер со слични морални вредности.

    И болката после е поради него, не поради неа. Не не' издаде таа, туку тој.

    Во таа смисла фокусирање на каква е швалерката носи само јад и ништо корисно за преболување нели.
     
    На Darknest beauty, Elenpelen, Just.do.it и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Се трудам да објаснам дека болката (во моите очи и на начинот на кој јас ги доживувам работите) поради партнер кој ме излажал (значи дека тој се "изедначил" со небитната швалерка поради однесувањето) е непотребна. Бираме ние партнер, ама кога веќе ќе искочи дека партнерот не е таков каков што ние сме мислеле дека е (ист како швалерката де), станува небитен, и сѐ во врска со него станува небитно. Не е во прашање моралот на целиот свет, туку баш напротив, моралот на човекот кој сме го одбрале. Ако на крајот на денот, и тој е швалер, за мене тогаш нема разлика во улогите во оние кои учествуваат во швалерајот. Смислава на муабетот воопшто не беше фокусирањето на швалерката, туку фактот дека кога две возрасни единки ќе одлучат да бидат во врска, тогаш и двете се одговорни за последиците од таа врска, секој на својата страна.
     
    На Harper, Mnik, Anyshka и 3 други им се допаѓа ова.