Потполно се согласувам. Само што може да не' повреди некој кон кој имаме чувства, во таа смисла не може тој веднаш да стане "небитен". Како пример, не е исто дали швалерката е "некоја си таму" или мојата најдобра пријателка. Болката на предавство е од оние кон кои имаме чувства и очекуваме да не не' повредат, не од цел свет. Во таа смисла швалерката е небитна, која е, каква е (и навлегување во rabbit hole зошто она, па во што е подобра од мене... итн. - така се трга вината од виновникот - изневерувачот - и се бара причина). Назад имам напишано дека познавам повеќе жени што исклучиво со женети се гледаат - затоа што не сакаат ниту врска, ниту некој што е слободен да ги збори. Од тој аспект се безбедни со женетите, пошто ќе ќутат. Не е морално ок, ама не е морално ни да оговараме (и жени и мажи) која со кого/колку спиела.
Ова е веќе друга тема сосема. Јас пак спротивно, не поднесувам лаги, во ниту една форма, ниту под "знаменцето" безбедни се, пошто женетиот ќе ќути, и тој концепт во врска меѓу возрасни луѓе ми е нејасен, за што ќе ќути женетиот, за што нема да ќути слободниот? Тоа е повторно до човекот и до неговото воспитување (ова со оговарањето, звучи како оправдување за изборите, што е у крајна линија незрело), а не до тоа дали е женет или не. Швалери нажалост не примам во друштво, не поштувам, не пијам кафе со нив, не се трудам да ги разберам, зашто нивната нестабилност мене ми е сигнал дека таквите луѓе не се способни ниту за пријателство. Општо земено, сите наши животни избори зборуваат за нас како луѓе, нема љутиш. Во однос на болката од предавството, може сум само јас во прашање, ама јас инстантно стварам анимозитет, и наредното чувство е одбивност, и така стигаме до небитноста, ама разбирам дека не реагираме сите исто.
Нема љутиш, јас не сум толку "строга", ниту очекувам било кој со мене да има исти вредности и ставови во животот. Лагата може многу облици да има, едно е само изневерувањето. Впрочем, имам повеќе пати кажано на форумов, да сум изневерена можно е да простам, зависи од многу околности. Не можам да речам "нема шанса", затоа што има. И во мои очи и светоглед, постојат пострашни работи од непочитување моногамија - иако е секако и тоа страшно, зависи кој како го перцепира својот живот и морал.
Јас прекинав другарство поради тоа што другарка реши да биде швалерка. Не можев повеќе со неа да се дружам. Знаеше дека е женет ,а таа слободна 40+ која умисли дека е 25 па го демнеше,намерно резервираше излети во винарии за да биде со неа ,а да не ги носи децата во зоо или парк. Тоа е веќе нула од човек. А уште помалку да ја амнестирам од одговорност и да го обвинувам само него. 0 е исто ко и он. Тие што решаваат да бидат швалерки треба да си купат кичма,самопочит и самодоверба,зошто само такви се швалерајки. Жена која се почитува себе никогаш не е швалерка па не знам колку оженети фраери да и се пуштаат. Или имаш став и принцип или ги немаш.
Абе... зависи што очекува. Ако очекува секс и добива секс, не знам зошто нема кичма и самодоверба? Зарем сите сакаат врски? Жените за кои и понапред имам зборено, преферираат да се сингл. И мажи што нема да лаат околу. А за другово, шознам, швалерка не сум била уште, ама од опкружување познавам рамно 3 брака (може се и повеќе) кои произлегле од швалерај. "Се' што е човечко не ми е чудно"
Баш така познавам и јас еден куп такви особено овие 30 плус што се со "години" сами кај нив во најголем процент се крие некој женет кој служи за задоволување на страсти во позадина, истото важи и за помлади дали женет дали некој што е зафатен истиот принцип. Познавам доста типки што се со години сингл или некои што воопшто не пријавиле врска во животот тешко веројатно дека со години седат сами и немаат никаков контакт со машко.
Не сме животни. Луѓе сме. За секс не мора да одбере женет. Свемирска привлечност па не може не да се каже. И тука е недостаток на самодоверба. Некоја сака да е сингл ама ете да си потврди себеси дека е сеуште привлечна,згодна итн или дека успеала да заведе некого па кај подобро од оженет кој посакал да биде со неа место со жена му. Па малку така успат ќе добие и бустање его. Исто важи и обратно. За греота
Објаснив поназад која е логиката. Се' уште привлечна, зборам за жени 30-40 годишни, секако дека се привлечни.
Чекај чекај дали те сфатив добро ти релативизираш неверство и оправдуваш некој/а да се швалерисува со зафатен бидејќи така нема да се дознае и да зборуваат луѓето наоколу дали си сериозна со муабетов?
Ама таа нема швалер, таа е сама. Јас ниту оправдувам, ниту ја осудувам. Ја разбирам логиката, слободни мажи на 30+ се најчесто или опседнати со женење, или оговараат премногу. Јас сега на 32 не би почнала никаква врска озбилна, немам нерви и не сакам. Дали ќе најдам женет - не, ама јас немам време искрено за на секс и искачање да мислам моментално. А и не ме боли "да ме зборат".
Па да де,сама бира да биде швалерка. Уште бетер. Жена толку да нема достоинство да избере да биде швалерка на некој неизживеан сом. Врв на несигурност,немање самопочитување и морал.
Нормално, нема љутиш, кажав во смисла баш дека имаме различни ставови. Ете ти си полиберте, јас за неверство сум апсолутно категорична, и тоа е така. За лагата се сложувам, баш затоа што има многу облици, не ми е океј да бидам со некој во пријателска врска (која е исто емотивна) и да бидам свесна дека тој/таа лаже некој друг, за неа џанам близок и битен човек. Големо, гласно не за такви ситуации. Да, ние сме секакви, и нефер и неискрени, секако не сме совршени, ама тоа е за мене the lowest low.
Тоа има поголеми проблеми од непочитување моногамија нема смисла. Бидејќи ако не ја почитува врската во која што сте и двајцата од таа полигамија што он си ја практикува настрана ќе настанат многу поголеми проблеми, како на пример да остави друга жена бремена и што уште не. Не вреди да простуваш и да се погазуваш себе си за човек кој е роб на страст и ништо повеќе, тие покрај тоа што имаат проблеми со самите себе и другите околу нив страдаат поради нив.
Не знам од каде да почнам, ми треба ваше мислење. Во брак сум неколку години и имаме едно дете а другото е на пат да се роди. Бракот со маж ми ни беше предобар, не сме имале некои големи кавги и проблеми. Ама тој секогаш беше сумњив зашто го криеше телефонот и премногу го чуваше, додека мојот телефон јас го оставав насекаде по неколку сати без да го барам, тој ни секунда не се делеше од телефонот. Многу ретко добивав прилики ама кога ќе добиев го прегледував и немаше ништо сомнително. Е сношти ми се посреќи, маж ми заспа во длабок сон а тоа е права реткост, го зедов телефонот и се шокирав. Имаше разменувано сексуални пораки, праќано голи слики, договарано средби, со постара жена. По профилот на инстаграм, жената беше околу 45 а ние сме по 30 години. Женава сите слики и беа провокативни, секаде полугола, во танги, гради прекриени само со раце. Значи големи гради и задник. Имаше многу следачи, маж ми на многу слики ставано лајк уште од Јануари 2021. Во 2022 ниедем негов лајк, ама затоа од почетоков на 2023 па навака, машала на секоја слика. По пораките и лајковите сфатив дека од одамна се во комуникација иако четот беше само пд 2023.Прочитав се, се знаат одамна ама не беа видени. Значи до сега супер бришел пораки, ептен претпазлив ама кога тогаш се слизна. Јас сум бремена и во шок, потресена, маж ми ми се гади, разочарана сум, изгубена, повредена ама сеуште не сум соочена со него. Најмногу ме боли што по раѓањето на детето почетоков на годинава договараа средба, јас само некој период породена и пак трудна. Во една порака дури напишал, жена ми и детето спијат во другата соба јас сум сам во друга соба. Значи ме здоболе нас што не спомна. Интересното овде е што средба не се деси, маж ми имаше напнато во последните пораки, кога се гледаме кога, а таа го имаше игнорирано. После таа му имаше пишано кога се гледаме? Тој пишал петок или сабота. И тоа беше тоа, а пораката е 25 март. На ниедна друга апликацоја ја немаше, ниту во обични пораки, а пошто на инстаграм немаа разменето број јас по она што го прочитав средба немаше. Што секако не менува ништо, јас сметам дека ова е неверство ве молам кажете ми дали сум во право? Јас не се соочив со него не од страв јас да го изгубам, туку децата преку ноќ да ги одвојам од татко. Мене тоа ме боли, ужасно ме боли, тој многу го сака детето и детето се радува премногу со него. Јас не знам што да правам. Јас веќе не можам со очи да го гледам и сакам да го оставам, ме боли за децата, што да правам не знам. Јас него никогаш вака не би го повредила и понижила, а по ова кој знае уште со колку ме има варано ама криено успешно. Кој знае што уште лаже и крие. Светот ми е срушен.
Не сум во брак, но ќе го кажам моето мислење. Според мене ова е неверство. Секоја комуникација која не е пријателска или професионална и притоа е скриена од партнерот е неверство. Дали имало или не средба, не е толку важно, иако според она што го пишуваш, тој сакал да се видат. Е сега прашање е дали пишувал само со оваа, искрено чисто се сомневам. Дали би изневерувал и во иднина и дали би направил физичко неверство? Според мене, да. Прво, ве спомнува тебе и детето, без притоа да помисли како ти ќе се чувствуваш поради неговите постапки. Кој еднаш изневерил, пак ќе изневери.
Како да се соочам со него? Се тресам цела, ми е страв да не паднам во депресија па да го искористи тоа. Му правам стрес и на бебето во стомакот и на другото, денес ја осети мојата нервоза и тоа беше нервозно.
@Lostandbroken Многу ми е жал што ти се случува таков ужас. За мене, според она што го пиша, ова е неверство и не се грижи, не ги раздвојуваш ти децата од татко им, тие секогаш ќе си имаат татко ако тој сака да биде тоа, прашањето е дали ти имаш мж и дали сакаш да имаш таков маж. Мислам дека сега е паметно да се пазиш, да мислиш на дете , не знам дали е мудро во таква состојба да се соочуваш со него.
Доколку го напуштиш, дали имаш каде да одиш и дали имаш некој да ти биде поддршка сега во овие тешки денови, како стоиш финансиски, дали би успеала и без него или од него зависиш?
Да, малку ќе се пореметиме финансиски ама ќе излезам јас некако од таа ситуација. Само јас и маж ми сме тука за работа дојдени, јас ќе останам тука а тој сигурна сум дека ќе се врати назад, досега спомнувал многу пат дека само заради фамилијата е тука, да се обезбедиме, така да сигурна сум по разводот веднаш ќе замине во неговиот град. Тоа е ептен далеку. Децата ќе немаат татко. Не знам тешко ми е.