Јас би ти рекла да почекаш, да се роди бебето, малку да порасне некој месец, па после да седнеш и да размислиш што ќе правиш.. Знам дека ти е тешко, и хормоните сега сигурно до плафон ти се, ама и милиони да имаш на сметка, сама со две деца е многу тешко, особено кога едното тек сега треба да се роди, каде ќе го оставиш едното додека се пораѓаш со другото и си во болница имаш ли некого? Уште колку имаш до пораѓај?
Ете за тоа не се ни сетив каде ќе го оставам детето кога ќе одам на пораѓај, има уште неколку месеци. Искрена да бидам, те излажав. И финансиски ќе пропаднам и никого ама баш никого немам за помош, ама јас веќе ова не можам да го издржам ми пукна филмот. Со првото дете кога се роди имаше некои фамилијарни проблеми, кај маж ми видов чудно лице, па дојдовме до разделба, јас останав трудна и пак се смиривме, за што? За сега да видам едно вакво уште лице од маж ми. Јас со странец ли живеев до сега? Со години беше во контакт со оваа. Јас дадов втора шанса заради другата бременост, реков да не правам од мува слон, ама ете пак сум била во право и на првата разделба дека маж ми покажа ново лице. Трпи за ова трпи за она, нема веќе да трпам, последиците се неважни. Првиот пат трпи фамилијарни проблеми од страв да не ми го земат детето не се соочив со никого. Сега не се плашам, само јас пак ми е жал за децата да бидат без татко. И мислам дека кај и да е ќе пукнам психички. Се ми тргна наопаку.
Кај и да си ќе најдеш поддршка. Прво смири се, па соочи се со него. Размисли што сакаш, ако сакаш да го оставиш ќе го оставиш и готово. Има форумџики што поминаа слични работи, види и во темата за развод. Нема тој да престане, или ти ќе го прифатиш таков, или се надевам, нема да го прифатиш и ќе се бориш за себе.
Јас и за помал проблем од овој го оставив, а камоли за ова. Ама уште една бременост се деси случајно и дадов нова шанса, камо среќа да не дадев барем немаше никогаш да дознаам дека со години сум била тешка будала. Да ама сега првото детенце е поголемко и многу се навикна на татко му и му се радува ептен. Мене за детето ми е а не за мене лично. И првиот пат кога се разделивме маж ми замина, и сега сум сигурна ќе замине а тоа е лошо за децата. Ама тој тоа го прави од нервоза и гордост, можеби мисли ќе го барам назад не знам што мисли искрено не е ни важно сега. Важно е јас да се ослободам од него и неговата токсична фамилија еднаш засекогаш, ама мене совест ќе ме убие да бидат децата толку далеку од татко. Затоа е крив тој нормално затоа што ќе замине, ние не мора да сме во брак за да ги гледа децата, стварно не знам зошто прави вака. И плус на мене пак ќе се сврти сета кривица, тоа е манипулатор тежок, јас касно го сфатив тоа.
Децата еднакво ќе страдаат со несреќна мајка. И немој сама себе да се "шејмаш" (самообвинуваш) ако тој замине и не ги гледа. Никој не му брани да е татко, сам ако нема желба да биде тука за нив, џабе ти е се'. Батали кривица на кого ќе се сведе, гледај да си го средиш животот.
Ама жено, како си ти крива дека децата ќе бидат без татко, што упорно го верглаш истото, не мислиш дека таткото е одговорен за тоа да биде татко? Како го спречуваш ти во тоа да биде татко, никако. Најискрено, да мислел маж ти на сопствените деца, немал да го прави тоа што го правел. Вие сте семејство, не си ти сама, па затоа престани веднаш да си ставаш све на душа, маж ти е тој што треба да се однесува како татко, не ти да го потсетуваш, молиш, и гуркаш да биде тоа.
Зошто на тебе сета кривица, затоа што тој лично би заминал далеку од децата да не е повеќе дел од нивниот живот? Ти ли си виновна што тој еднаш го напуштил првото детенце, ти ли си виновна што тој е недозреан за улогата родител конкретно татко? Не, не си и никогаш повеќе да не се обвинуваш себеси. Смири се, размисли мудро и трезвено и играј по твое. На ваков давање нова шанса макар и преку нова бременост повеќе не.
Да секако дека тоа е така, ама тој овде нема никого освен мене и детето, наскоро уште едното. А кај него има и фамилија и пријатели и се, затоа јас знам дека ако не живее со нас тој нема да издржи и ќе замине, ама во право сте сите знам. Нека оди вџенемот не ме интересира, само овде е работата што јас знам за многу разводи каде таткото и понатаму ги гледа децата, а моите таткото далеку, што ДА во право сте негова одлука е. Од друга страна и јас немам никого тука ама нормално дека за децата би останала па макар сама засекогаш била. Искрено не барам оправдувања за него, од болка сето ова го пишувам. Најдобро е да се смирам и соземам, ама едно знам со ваков човек нема да живеам, а децата да се здрави и живи, можеби некогаш ќе го видат. Како и да е фала ви на сите. Не е дека јас не знам што како е, дека тој треба да е свесен да биде татко, ама криво ми е вака што испадна.
Да, првиот пат замина нервозен и лут, разочаран. Иако секогаш се јавуваше да го гледа јас знаев дека нема да се врати иако тој тоа не го рече. Така да знам и сега што ќе биде. Логично јас не сум крива, тоа е. Мислам дека ќе се соочам деновиве, ми треба сила.
Ти го прочитав и претходниот одговор, значи тој е дојден да живее кај тебе подалеку од сите негови блиски, ама тоа не му дава повод да ве напушти и заборави сите, особено децата. Родител си засекогаш, ама кога децата се мали и во раст и развој е најнеопходен. Биди силна, разговарајте, ставете отворени карти на маса и решете како е најдобро за децата и за двајцата, сепак убаво е да си има близина и поврзаност со нив, најпожелно е така, а вашето штом завршило секој по свој пат.
Никогаш, никогаш да не си земаш вина за неговото неверство. Сум била изневерена, среќа не бев во брак и можам да те разберам. Не си ти виновна за ништо. Тој и во иднина ќе те изневерува. Твој е изборот дали ќе останеш со него или не.
Види, тоа што на него сте му "само" вие, не значи дека не сте доволни. И без тебе, ако децата му се "само", налет од таков татко.
@Lostandbroken Секако дека е неверство,емотивно неверство. Ама јас не би го оставила овој твој маж. Крвта на сламка би му ја испила. Ќе си го соочиш,ќе му покажеш скриншотови ако имаш од пораките ,ќе му докажеш дек азнаеш. И ќе кулираш.А тој нека крши нозе и нека се докажува и покажува зошто згрешил и како ке се оправи.
Дека ти е криво е разбирливо, дека ќе ти биде тешко е извесно, ама дека и сега ти е тешко е повеќе од јасно. Не си го ремети мирот со толку далечни погледи во иднината (ќе си била вечно сама, децата без татко), полека. Таткото ќе остане засекогаш татко ако сака, а ти ќе си ја најдеш љубовта што ја заслужуваш, без гајле. Сега ти е тешко, ама ќе пројде. Само не останувај таму каде што си затоа што ти си единствената трезвена, биди фер со себе за да можеш да бидеш пример и за децата, и не трчај со заклучоци, планови, полека, со поладна глава и не се секирај
Абе ќе ја окриви неа и колку него кутриот му е тешко. Манипулатор страшен, очигледно чим ја убедил еднаш и "случајно" дете и' направил, а во исто време се' ова се случувало. Бремена е, не и' треба копуков нервите да и' ги кине, раат со детето до неа и тоа во неа и' треба.
Па баш затоа. Битно е само да му каже дека знае. И толку,без избрзани одлуки или расправии. Манипулаторот ќе цвичи ако види дека не ја допира ништо.
Погрешно можеби се изразив, не мислев јас ќе останам вечно сама без љубов, искрено на тоа не ни мислам сега, сакав да кажам сама сум и јас далеку од дома ама за иднината на децата ќе останам со нив а не како него да бегам. Ама јас знам зошто прави тој така. И првиот пат кога дојдовме до разделба замина, сигурно мислеше ќе ме бара таа да се вратам, сакаше можеби да ме заплаши. Сега пак ќе игра на таа карта. Тој знае колку сум јас врзана за децата, колку работи преќутев првиот пат од страв да не ми го земат детето, ама и тоа помина после пресеков и никој не се ни осуди да го земе. И сега знам дека ќе пресечам, јас сигурно нема да останам во ваков брак, само криво ми е децата што нема никогаш да го гледаат зстоа што ќе е далеку од нас. Јас него нормално не можам со сила да го натераам да биде татко, да остане блиску нас и да ги гледа, ама за нив е лошо тоа сакам да кажам. Иначе денес се осеќам подобро од вчера, фала Богу а мислев полошо ќе ми е. Некое време морам за се да се информирам, со две деца и породилно така долго, морам да видам да не направам некоја грешка, а после тоа ќе се соочам со него. Сега можеби ќе звучам како слабич, ама ми е страв да не згрешам некаде и морам и јас после него да одам назад, каде тој и неговата фамилија ќе имаат повеќе можности и ќе заземат контрола, ќе прават што сакаат со моите деца. Јас не велам дека ќе останам во ваков брак поради финансии, ама моментално ситуацијата е таква каде не можам скроз сама со две деца, моите примања на породилно се мали, со едно дете можев ама сега ќе бидат две. Морам за се да се информирам и обезбедам децата и себе па после да реагирам. Ситуацијава не е баш едноставна.
Не дозволувај никој да те уценува само затоа што ги знае твоите слабости, а тоа се децата. Ако таткото заборави на своите деца, тогаш искрено тоа не е татко, и треба да се радуваш што нема да растат покрај таков човек, нема зашто да ти биде криво. Каков е тој татко што ќе дозволи да биде одделен од своите деца, да не ги гледа ич, да не ги слуша, да не е во тек со тоа како растат децата? Тури му пепел на таков татко и не ги жали многу децата, поарно ќе им биде.