Да, и јас се чудам како кај се повеќе луѓе преовладува нагонот додека животните се повеќе покажуваат емоции
Кога би знаеле каков хаос и каква катаклизма предизвикува едно неверство во животот на повеќе луѓе, не само на една персона изневерената, не би го ревитализирале швалерајот воопшто. Најголемо зло покрај пороци и болест што може да му се случи на едно семејство т.е. фамилија. Не ги изедначивам ама е многу, многу страшно и хаотично. Страдаат повеќе лица, а посебно децата прежално е. Особи кои се спремни да изневерат се монструми за мене.
Јас да ви кажам нешто. Мажите кога би имале шанса да бират помеѓу девојки, би ја избрале најубавата, најзгодната... не ги интерисира нив интелигенцијата или внатрешната убавина како нас жените што не интерисира, знам дека многу не би се сложиле со ова, но така е, имам прашано многу мажи и одговорот е секогаш ист. Затоа вие бирајте ги по тоа кој подлабок џеб има.... знам и дека за ова не би се сложиле, но верувајте дека помалку ќе боли, одколку тоа шо ќе нема за пелени, ќе ви се дере, ќе изиграва маж по дома а ебан денар нема па и да ве изневери накрај. Не ви чини нешто, оп ајде на одмор, не ви чини свекрвата оп ајде нова куќа, ве изневерил , ма шо ми е гајле јас загарантирана сум со децата. Не бидете наивни, тоа време умре.
Не се сите исти. И најубавите и најзгодните биле изневерени. Значи не е така. Сепак има мажи кои гледаат и карактер и интелигенција. Не велам дека не е важен физичкиот изглед, важен е, тоа е прво што не привлекува кај некој за да му дадеме внимание и да покажеме интерес. А за пари, не ми треба. Способна сум сама да заработам, не да зависам од некој. Обично тие таквите и на нос го вадат она, ти ништо немаше пред да се омажиш за мене, јас ти дадов се итн. Такво нешто не можам да трпам.
Ја мајката Тој ако е кретен, теши се дека ќе видиш денар од него. Швалерката може да добие некоја куќа за средби, ти ќе добиеш само ако се разведеш. А ова првото најубава, најзгодна кхм, пак збориме за кретени. Може за швалерај да, ќе си избере по негов вкус. За сопруга најмалку важни се тие критериуми. Знаеме кои се, да не тупиме.
Еве на сите да реплицирам. Куртон си е куртон , ама друго е коа има пари. Познавам еден , ја изневерува жена му, и кога го прашав зошто не ја остава жена му, одговорот му беше е како да ја оставам кога пола од тоа што го имам ќе ми го земе. Е тоа е разликата. И сиромашен и богат може да изневери, ама кога се мажите барем малку размислувајте со паметот каде се мажите. Ако дојде до развод, да не останете на улица. Незнам зошто напаѓате веднаш, кога само за добро ви велам ( на тие шо не се мажени и шо им се нема случено такво нешто). Јас кажувам од искуство, пошо еднаш се изгорев, да беше ситуацијата поинаква, друго ќе беше. Знам дека повеќето сте близу 30-та , некои и повеќе, ама многу значи тоа дали ќе може да ве финансира или не. Не е веќе тоа време кога сите се мажеа од љубов, и да сакат така не бива. Посебно не во нашата држава. Не за џабе порано ги мажеле ќерките за тој што е најпогоден, што може да ги гледа. Сиромашен нема од што да се плаши ако,сакате да се разведете, ама богатиот има. Затоа нема да сака развод.
Ако тој не сака развод, жената може да се разведе. Како што знам никој не останал во брак под присила.
Ау ау, жити се не давај веќе совети. Тој куртонот со пари ако е паметен ќе знае како да се заштити жена му да не му земе пола. Ако е нормален, а ете по некоја случајност изневери, ќе се спакува и ќе им остави дом на децата. Цело мислење ти е дека мажот треба да те финансира, да те издржува, да те чува…зошто? Ова што го кажуваш се бракови од интерес, ти за неговите пари, он за твоите цицки или проституција, спонзорство, како сакаш.
Абе како сакате вие сфатете ме, ич не ми е гајле. Тие што се разведени ќе сфатат. Што и да биде, подпбро е после разводот да добиете нешто, алиментација или стан или пола од бизнисот, отколку на улица без јадење.
Епа нема да работиш и ќе зависиш од него, тоа ти кажува, посебно ти вака помлада и немажена. Те изневери ли, оп куќа, оп патување, ќе го удриш по џебот.
И што кажа сега уствари? Да се мажат за богат, па уште да изневерува и да не сака развод Имаат богатите предбрачни договори. Некои воопшто и не влегуваат во брак, само живеат заедно. Некои не се раѓаат богати, стануваат богати со тек на време. Некои не изневеруваат. Некои се разведуваат и без неверства. И најбитното- ако збориме за супер богаташи, мислам дека со такво его не се излегува баш на крај. Тури му пепел на тоа.
Никаде не спомнав не работење, али ќе има страв да не му земете нешто, а сиромав од шо ќе има страв? Може одма да ви каже ајде надвор
Порано во турското ги мажеле девојките на убави места зошто никаде не смееле да работат освен дома да слугуваат. @Adidas888 ајде малце поискрен совет давај кога веќе даваш, значи барајте богат маж ама во исто време и глуп маж, оти паметен богат маж не остава се на случајност, тоа наследеното го зема како подарок, остатокот во брак ќе се заштити ќе најде некој закон и на крај ќе и ги земе и децата и ќе ја шутне на улица. Не се толку наивни богаташиве, пара на пара си се лепи
Ама ако сака некоја да се разведе нема зашто да ја интересира дали тој има страв од нешто или не. Никој не останал во брак под присила, посебно не во случаи кадешто има изневерување. И ако работам и сум самостојна, како може да каже ајде надвор? Ако нештото е и мое? Тогаш се дели по половина.