Како па да не, па да мора да ја мислат цел ден, да се лепат за неа ко крлеж, да не им избега случајно, тешка конкуренција е тоа. Затоа и убавите жени се најчесто сами. За нив само мажи шо се мужи бе, шо имаат самодоверба. Шо е реткост.
Ако влегуваш во брак со калкулации во паметот при развод, што и колку ќе му земеш …тури му к’р’т на таков брак
Не појаснувам ништо, кој се разведел и останал на улица ќе разбере. Кога можат они ( мажите) да изиграват господари на се, зошто да не можеме и ние жените? Сите викате дека сте модерни така вака, ама сите сте заглавени во патрахијализмот, каде мажот е глава на се. Маж без жена неможе ништо , разберете го тоа па после ќе правиме муабет. Толку од мене. Продолжете си ја дискусијата, јас нема да се мешам.
Како може да се остане на улица ако заеднички сме инвестирале во нешто? Не знам како може да се нормализира неверство, па уште и да кажуваш дека со пари може да се прости неверството. Тој маж воопшто не си ја сака жената, а по се изгледа и парите ги дава на швалерката. Жената дома, домашните работи да му ги изврши.
Епа тоа викам јас, ние жените одлучуваме чии гени ќе се продолжат на овој свет, ако сакаме можеме и скроз да ги оставиме мажите и да се оплодуваме преку банка за сперма. А тие не можат без нас. И затоа не дозволувајте да ве манипулираат
Јас сакав да кажам дека не треба да дозволувате секакви клошари да си играат мајтап со вас, незнам на вас што ви е.Жени, ние ја имаме контролата во светот, не они.
Епа баш дека не сме заглавени во патријархијализмот и сме рамо до рамо со мажите, сѐ ни е заедничко. Работиме, инвестираме во домот и семејството, така да не мислам дека можам, ниту пак сакам да му земам нешто повеќе од тоа шо е и мое.
Ама ти велиш ако изневери, одмор или кола да ми купи. Ако ова не е играње мајтап и крајно непочитување кон жената, тогаш не знам што е.
Ако сме рамо до рамо со маж тогаш што ќе ти е маж?? Океј, све океј , добро си пишала, рамо до рамо сум со маж, али што ќе ми е тој ако ми прави само лошо? Ако ми прави само уназад? Ако немам ќар од него, не ми ни треба. Можам сама.
Ако ми прави лошо, ме уназадува, ме унесреќува, ме изневерува нема зошто да сум во брак со него. Кога бирав, бирав животен сопатник, а не спонзор и донатор на сперма.
И затоа тука толку многу постови од жени чии мажи преку ноќ се смениле после свадбата и веќе не ги познаваат. Секоја чест на исклучоците.
А ти попрво би останала изневерена и да немаш кај да се обратиш, отколку да останеш изневерена и да се плаши тој од тебе оти ќе остане беz пола имот? Оти верувај, и такви ги има, нема кај да се вратат па ќе трпат се и свашта.
Браво бе. Алал да ви е. Ако ти е буквално пишано мислењево, значи стварно сме останале во турско време.
@Adidas888 многу интересно мислење имаш, мислење кое голем дел од женската популација истото го мисли ама ретко која вака јавно зборува, е сега доколку сакаш да споделиш дали имаш син или ќерка и како ќе ги советуваш? Оти вака испаѓа ќерко барај богат маж/сине еве ти богатство за да можеш да донесеш дома невеста, сиромашните машки нема потреба да се женат
Прво, ќерка ми би ја советувала да не се лепи за мажи што многу зборуваат а малку исполнуваат. И секако, да не живее со свекор и свекрва. Второ, син ми би го советувала, дека кога е веќе возрасен нема што да очекува од мене , и треба сам да си заработува и сам да живее, инаку како ќе гледа жена и деца понатаму? Ако сум грешка , де просветлете ме.
Жените шо се убави , привлечни, зборам од машки аспект, имаат повеќе шанси да изберат. За мене сите жени се убави, кажано од женски аспект, но повеќето мажи не размислуваат така. И уопште не треба да размислуваме за тоа што мажите сакаат. Туку за тоа што на нас ни одговара и ние сакаме.
Ако работам имам каде да се обратам и би имала каде да идам. Второ, не знам во кој свет живееш, но тие богатите имаат предбрачен договор, такашто ти ќе добиеш едно големо ништо и тие буквално од ништо не се плашат.
Колку сакате напаѓајте ја @Adidas888 во право е. Јас сум израсната во семејство каде што се ценат доблестите а не површноста и јас и самата сум таква.Но замислете парнерот ве изневерува и се разведувате едно е да останете на улица по кириите а друго е да ве чека станче.Ке речете нека запне газ нека купи и сама но не е лесно.Со една просечна плата и мизерна алиментација и растење деца купувањето стан би било научна фантастика