Јас не зборам за Америка, зборам за Македонија, каде што кој и да било маж и спомне предбрачен договор на некоја жена, како прво нејзините родители ќе се спротивстават и тој брак нема да се случи. Сите знаеме како одат браковите во Македонија, не се секирај.
Ама ова со стравот што го збориш нема логика. Се дели по половина САМО она кое Е СТЕКНАТО ВО БРАК. Така што, буквално нема за што да се плаши богаташов.
Има има. Пошто биснисот негов се шири секој ден повеќе. Стекнува. Инвестира. А ако инвестира и стекнува тоа значи дека инвестира со сопругата. Не за џабе мојот познаник се плаше.
Доволно е дури што и самата алиментација би била поголема според приходите, Плус татко им е, сигурно повекето татковци би сакале да си ја осигураат иднината на своите деца
Мислам дека никој татко со приходи не може да избегне алиментација, е висината на алиментацијата е различна според просек на плата/приходи
Да, и плус секако е осигуран, секако работи со сметки преку банка па не би ризикувал да му бидат блокирани. Плус тоа не е ништо за него. Плус тука е и моралот на општеството, што ќе кажат луѓето за таков почитуван и богат човек што си ги оставил жената и децата на улица.
Не баш, од комшилук, Србија, мажов образован за мерак, топ работа, ама озбилно многу заработуваше. Жена му не работеше пошто немаше образование за нешто асално, па седеше дома и чуваше деца. Доброто во сето ова е што она имаше куќа направена од мајка и' и татко и', на почетокот на бракот овој не заработуваше дебело, па таму живееа. Е арно ама, типацот си се вљуби, се разведе и се' тоа ок, фер и поштено си ја седна на маса и и' кажа, јебига се дешава. Немаа никакви драми тука како што знам, требаше одреден период да ја издржува пошто нешто нешто закони и + алиментација доста висока пошто мн. голема плата. Типот се вработи кај таткото на новава во фирма на минималец, за да плаќа минимално алиментација И тоа едното дете поголемко, не знам точно ама би рекла 12-13, помалово 5-6 највеќе. Буквално како да не постојат се понаша до ден денес, ќерките негови. А зошто? Затоа што новата си има свое дете што живее со нив, овој ги форсираше своите да се дружат, сестра им била Последно што знам од пред некое време "невработен е", т.е. живеат од парите на таткото на новава. Боже ме сачувај што има по светов искрено, налет жена, ама бре родено дете да осакатуваш намерно еве не знам, не можам да разберам. Пошо се пријатели на моите овој проба да "објасни" ама го екскомуницираа, не ради разводот, туку ради понашањево со децата. Твои се пичка ти материна, сигурно поеќе од тоа што живее со тебе Ова одамна беше, девојки се веќе двете, татко немаат. Сега он допрва пробува нешто, знам сакаше на матура да дојде кај поголемата, ама они нејќат да го видат. Мајка им меѓувремено со помош од нејзините се образоваше, си најде работа, си ги израсна децава, ама на него џабе му и дипломи и образование и не знам што, РОПАК кога си у душа, се' ти е џабе.
Има и такви многу случаи, муабетот претходно беше општо дека при развод ако жената нема ништо, а сопругот е поситуиран има шанси малку полесно да помине во финансискиот дел
Чим е "невработен" и живеат од парите на таткото на новата, се кажува за него. Нит е бил имотен , нит заработувал доволно. Да бил имотен, немало да ги остави неговите на улица. Зборам он да е бил имотен , не неговите. Добро шо жената е имала потпора , па да ги израсне децата. И тоа шо си образован, во Мк и на Балканот , не значи дека и ќе бидеш богат и имотен. Знаеме каде одат нашите образовани.
Не, он не бил имотен, туку е мн. образован, нешто нешто м-р хемии врагови, не сум точно запознаена и не се ни разбирам во тие смерови, само знам дека долго (пошто нели, пријатели на моиве) си работеше во фирма една и рачунај дека пред околу 15 години во Србија преку 2к земаше плата. Иначе лично немаше он некој богаташки бекграунд. Кога веќе стигнаа до развод, даде отказ и се вработи за минималец, на рака фала богу го плаќал новиот дедо. Е сега, пошо и новава реално не работи туку "од профит живее", и он си е невработен и на остров у Грчка си живеат по 6м, 6м во Србија. Секакви будали постојат ми е муабетот, тој да беше татко немаше да се згне за минималец да се вработува, немало шо он да плаќа на бившата. Прво има со закон (сличен кај нас или ист имаме), ако едниот во бракот е невработен, другиов пак треба х време да го издржува, регулирано си е. Второ, алиментација не е за "онаа бившата" туку за децата шо си ги направил. Поима немам колку бил тогаш минималец во Србија, колку и да бил он 6-7 години толку алиментација плаќаше - минимална. Сеа не плаќа ич де, а еднава е студентка, другава е уште малолетна. Ама битно он "невработен е" кутриот, сигурна сум дека и тоа дете со него што живее гладува
Ете така, убаво си кажа. Ем децата оставени од таткото поради страв од плаќање алиментација ем жената во страв дали ќе може да ги изгледа. Пак велам, добро шо имала потпора. Инаку, ќе морала да го трпи со се швалерката и без пари. Е тоа нема да се случи со татко со поголеми приходи и имоти. Ама некои тука незнаат шо е развод, веруваат уште во бајките на Пепелашка и Убавицата и Ѕверот.
Немаше да го трпи, он ја остави, дошол дома и и' рекол дека сака да се разведе. Пакување куферите и кај новава, таа имотна од тате, разведена и она со детето си живеела. Секако женава ќе се разведеше сакала или не сакала, пошто он сакаше и он побара развод. Правам муабет за нешто што многу одамна се случи, така што може и да пропуштам нешто, ама знам точно од нејзина уста кажано дека ќе го трпела и со швалерка пошо се осеќала дека нема излез и ќе умре без него сама со деца. Пак ќе кажам, секоја ќе се избори, во тесно семејство имам мн. слична ситуација иако не идентична, јас уште не знам за мајка што не успеала да се избори за себе и дете. Затоа татковци колку сакаш такви, па после паламудат зашто на суд не добивале деца. Затоа што очигледно ги третираш како риби во аквариум, а не човечки суштества што ти си ги направил.
Па нормално дека ќе дојде и ќе каже дека сака развод кога нема ништо. Он сакал на лотарија да фати со новата, затоа ја оставил првата жена. Да имал, немал да се разведе од првата од страв да не изгуби се, ама човек поточно маж кога нема што да изгуби , зборам за материјално, од него се може да се очекува.
Јас не разбирам како ги замислуваш тие приходи и имоти, ама единствено тоа ми личи ко бајката за Пепелашка, ќе се појави он многу богат, она многу убава и ќе си ја ожени. Е кај ќе се појави не знам, ваљда на пазар ќе се сретнат Не познавам лично нешто многу богати луѓе, ама тоа што имам видено е дека со парата иде и ,,славата,, па момакот обавезно влегува во филм на бизнис, кафана, швалерка. За друго не би да коментирам, само мислам дека зад секој успешен маж (што не му се парите од тато) стои и успешна жена, спротивното не знам како би можело да функционира. Во златен кафез да ме чува, па да зависам од негови трошки, добра воља и каприц, јас лично не би.
Џери Спрингер морал и интелектуална елита со животно искуство и совети. Кој qrc се најдов во темава и кој qrc јас читам.
Види, тоа што бараш, тоа ќе најдеш. Во моја блиска околина пак нема ниту еден изневерен, ниту еден разведен. Или сите се исклучоци или мене не ме интересира за туѓиот двор. Јас разбирам луѓе што одлучиле без партнер да бидат во животот. Те разбирам и тебе дека си огорчена од пропаднат брак. Не е во ред да генерализираш, па и уште "капмања" за истребување на машки род да правиш. Не се семоќни ни мажите, ни жените. Секој без секого можи, ако мора. Ако не мора, добро би било да се надополнуваат и исполнуваат еден со друг со своите доблести и маани. И секако дека се менуваат мажите после брак. Се менуваат и жените. И се менуваат уште сто пати во текот на животот, и така треба. Ама да се менуваат во позрели, не во попримитивни индивидуи. А ако партнерот е екстра богат ич нема да се разведеш и покрај шо те изневерува, оти зошто да живееш во станче кога можеш во палата и зошто воопшто да работиш кога можеш цел живот на туѓ грб да живееш? Wow, почитуван и богат човек, инвестиции, приходи, имоти...колку проценти од луѓето во мкд спаѓаат во оваа класа?
А тие шо немат пари не одат по швалерки и кафани? Уште полошо, сите пари таму ќе ги потрошат и после курац за жената дома. Она ќе работи сама и ќе носи на децата а мажот само за украс дома ќе и стои. Добро, не сакаш да зависиш од маж, што е супер, ама како е подобро - да е имотен и успешен, и да коцка и да фрчи по кафани и пак да дава за тебе и децата и за куќата, или да нема ништо, да коцка да фрчи по кафани а ти сама да плаќаш сметки, јадење, нешто за децата и плус него да го гледаш како 13то прасе? Верувам дека тогаш не би ти требал тој маж, ќе се разведеш, и пак ништо нема да добиеш. Да не зборуваме што би било ако немаш кај да одиш. Јас не зборувам за лошо или за проституција и спонзорство како што една членка беше пишала, туку очите на нас жените да ни се отворени кога бираме маж.
@Adidas888 Ако го мислиш ова што го пишуваш,а звучи површно и материјалистички, го примени на себе или само теорија кажуваш?