Да, го применив, втора грешка не правам јас во животов, сакаш верувај, сакаш не, со вториов маж јас нема да бидам на улица оставена и плус му имам кажено отпочеток вака и вака се работите, тој прифати, и сега си живееме спокојно.
Ама зошто да останам на улица? Дали богат маж по дифолт значи гаранција за мојата иднина како бивша жена? Остави, уште е во експериментална фаза, истражува колку проценти од мажите какви жени сакаат, шо очекуваат од бракот, шо од швалерката и како да го заштитат имотот од потенцијалната бивша жена.
Извини, многу си грешка, мене не ме интерисира шо сакат мажите, самата сум свесна колку вредам и што сакам и сакам да го ппстигнам тоа со или без маж што ми одговара на моите очекувања. Не ми треба маж што ќе му бидам втора мајка. Инаку да, многу значи, ако немаш родители ако немаш каде да се вратиш, многу значи богат маж. Имотен, успешен , како сакаш наречи го.
Епа ко ќе отвориш очи, ваљда гледаш, дали се коцка и оди по кафани...и се друго, шо тебе ти е неприфатливо, уште пред да влезеш во брак со таков човек. Извини, ама не разбирам.
^^ Ти не бараш партнер, бараш некој токмак за кој унапред знаеш дека ќе те изневери, ама нема да те остави оти пази момакот има пари!!
3 страни наназад кажуваш статистики шо сакаат и од шо се плашат мажите и останата "машка психологија". Ако не си како втора мајка на маж шо можиш да го контролираш и манипулираш умтвено и финансиски шо си? Оти партнер не си, бар не според мене.
Ама чекај, сакаш да кажеш дека некој гледа коцкање и одење по кафани, го романтиза тоа као абе у реду е, се мажи за таков и после чорба?
Поарно јас да го манипулирам отколку тој мене. Ниедна жена не бега од арно. Мажите не се створени за да бидат лидери , ние жените сме. Ние жените даваме живот на оваа земја , децата ги следат мајките, жените управуваат со фамилијата, жените размислуваат за сите членови на фамилијата. Ако некој маж не почитува барем малку од тоа и оди напред со свој ум, тоа е осудено на пропаст.
Во моментот кога одлучив да бидам самостојна, јас завршив со моите родители. Се надевам дека никогаш нема да се вратам кај нив и кога би имала потреба. Богат, имотен, успешен маж само по себе не е гаранција дека ќе добиеш нешто после развод. Повеќе од пола сопствениците на бизниси се пријавуваат себеси на минималец. Од нив ни алиментација нема да видиш, а не имот. Тие шо се вистински бизнисмени, не само шо ништо нема да ти дадат, и децата ќе ти ги земат и гола ќе те остават на улица. Затоа дај им на жените ако имаш совет како да се борат, да бидат независни и самостојни.
Жени, борете се , бидете независни, самостојни само не дозволувајте некој мамин син шо незнае за подалеку од прагот да ве манипулира. Вие сте тие шо бират, не они. Среќна си? Не ти е доволно тоа?
Ама зошто да мора некој некого да манипулира? Зошто мора да е некој алфа? Зошто мажот мора да е тој шо ќе заработува повеќе? Зошто жената да размислува за семејството повеќе?
Не знам да ти кажам, пошо 1 врска имав скоро 15 години, немам искуство со многу мажи, не ни имам желба да имам. Практичен чоек станав на темата.
Затоа што тоа е нашата биологија ало. Ние жените креираме живот, имаме деца, продолжуваме лоза, без нас фамилијата шо има само машки деца ќе изумре ако жените престанат да се мажат како шо тргнала оваа работа. Ние им требаме на мажите, не тие на нас. И пак ќе кажам шо ќе ми е тој маж ако не придонесува за мене и децата повеќе од тоа што јас можам да придонесам?
Зависи кога е почетокот. Ама и на 15 знаев шо сакам, шо не сакам. И повеќе искуства со мажи имам од Камелија Никој ништо не ми изглумил, и никаква лага не ми продал.Добро, на почетокот ми вети маж куќа на море, еве уште ја чекам, ама тоа е друга тема. Без намера да турам сол на рана (не ти ја знам сифуацијата) ама отворајте очи и учете школо, само така ќе ве биде.
Не, меѓусебно си требаме едни на други. Родот не може да се продолжи ни само со едните, ни само со другите. Освен ако не почнат лабараториски да креираат луѓе. Зошто да не придонесува за тебе и децата? Ако не е богат и успешен не може да придонесе во семејството? Не може да е чоек со просечни примања шо е посветен на домот, жената и децата? Гаранција е дека ако е богат ќе ја почитува жената и ќе се посветува на децата? Или дека нема да е мамин син, па за да ѝ фрли "коски" на жената да треба на мама да ѝ триеш грб?