Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.529
    Допаѓања:
    23.000
    Пол:
    Женски
    Не е тоа само мое мислење, туку на цело човештво 2000г уназад, кога давале ќерка на некој добро ситуиран за да може да им обезбеди се што ќе посакат. Не е гаранција дека ќе биде многу посветен, тоа не е ни за некој сиромашен, ама гаранција е дека ќе имат кров над глава, полн фрижидер, платени сметки и сигурна иднина.
     
  2. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.529
    Допаѓања:
    23.000
    Пол:
    Женски
    Мило ми е шо знаеш шо сакаш а шо не. И јас немам потреба да си ја кријам раната, имам пишувано тука, а и не ми е рана веќе, го надминав тоа на потешкиот начин и затоа тука сега исправам криви дрини
     
  3. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    За сигурна иднина можеби со некој мултимилионер. На рака се бројат таквите во мкд.

    Кров над глава, платени сметки и полн фрижидер може да обезбедат и партнери со просечни примања.

    Едит: јас не гледам на парите како константа. Денес ги имаш, утре не и обратно.
     
    На H.VAGA, azelea, Гладиоли и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.529
    Допаѓања:
    23.000
    Пол:
    Женски
    Ама парите нема да се разбудат утре изненадно и да ти кажат дека не те сакат повеќе. ( ми се нема случено ова, немојте да си претпоставувате)
     
    На mareane и Mateica им се допаѓа ова.
  5. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    Ама ако се разбуди и ми каже дека не ме сака приходот на парите, ќе ги нема ни парите.
     
  6. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.529
    Допаѓања:
    23.000
    Пол:
    Женски
    Хаха. Добра ти е оваа.
    Ама приходот ќе се плаши така да ти каже оти си му жена и оти ќе му удриш балтија ( секира) и на пола ќе го расцепеш :D
     
  7. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    Нема да му удрам секира, ќе треба да одговарам како за човек да сум убила.
     
  8. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.529
    Допаѓања:
    23.000
    Пол:
    Женски
    Ќе одговараш како човек да си убила за тоа шо ќе му земеш пола од тоа шо го поседува?? :^)

    А он тоа шо те "изневерил, тепал итн итн ...." не се рачуна а? Кој ќе ти одговара тебе за сите нервози шо ти гии створил? И времето шо си го изгубила? И младоста што ти отишла?
     
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.359
    Допаѓања:
    126.227
    Пол:
    Женски
    На жената ѝ треба образование и работа, не просечен или богат маж.
    Ако ја изневери, треба веднаш да го остави. Не треба да се гази себеси.
    И да нема работа, ќе најде. Упорна личност секогаш наоѓа.
     
    На MG3, crimson, *Amethyst* и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Ljubova

    Ljubova Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2021
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    3.275
    Прво, не ми треба богат маж. Ми треба стабилен и амбициозен маж. Може заедно се да постигнеме.
    Второ, и да ме изневери тој богат маж, толку сум самостојна и горда, што освен ако не е заеднички стекнато (стан пример), не ни сакам да му земам нешто.
    Трето, тури му к на брак во кој он ќе се плаши да не му земам пола. Тоа значи дека ќе се пази повеќе да не го фатам.
    Четврто, богат маж секогаш изиграва алфа мужјак, дека он плаќа, он се средува, он не издржува итн. Не сакам таков мрсул во животот, јас сум алфа жена, сакам да сум неограничено индивидуална и самостојна и никој да не може да ме уценува ни финансиски ни емоционално.

    Така што жени малце преиспитајте си ги ставовиве. И сиромав и богат може да изневери, ама друго е кога јас сум алфата, можам лесно да излезам од брак, да почнам одпочеток со комоција и дополнително преку ноќ да го сменам. :muscle:
     
    На azelea, Ceci16, Гладиоли и 3 други им се допаѓа ова.
  11. ladydy13

    ladydy13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2019
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Никоја не треба да бара богат маж, факт е дека сите сакаат да бидат финансиски стабилни и ситуирани и тоа е океј. Да најдеш богат маж е супер ама да му земеш на некого се после развод нема да те остај фала богу, а повеќето жени така размислуваат. Наместо да бидат "среќни" што ако таткото има пари ќе има и детето и нема да се мачи во мизеријава тие сакаат да трошат на туѓ грб. Тешко кој те остава така во 21 век :)
     
  12. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.062
    Допаѓања:
    21.468
    Пол:
    Женски
    Како се одредува алфа во брак?
    Сериозно прашувам. Тој што носи повеќе пари или тој што се грижи повеќе за домот/децата?
     
    На Гладиоли и IRBBB им се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.771
    Допаѓања:
    169.368
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е спомнато наназад ама ме заинтересира тука ко видов - зошто би имало "алфа" во партнерство?
     
    На crimson, azelea, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  14. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.062
    Допаѓања:
    21.468
    Пол:
    Женски
    Вака нешто е одговорот :D
     
    На IRBBB и theowndemon им се допаѓа ова.
  15. Ljubova

    Ljubova Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2021
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    3.275
    Алфа е збир на особини на човек кои укажуваат на силна позиција (мотивираност, амбиција, самодоверба итн), може да се и двајцата партнери. Не е натпревар ниту на пари ниту на грижа, повеќе е став.
     
    На tanjaaa и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  16. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    @Adidas888 очигледно ниту познаваш, ниту имаш во блиска околина богати мажи затоа и не знаеш како управуваат со профитот и богатството, пријавени на минималец, парите заработени на црно ги перат во имот и истите ги препишуваат на роднини, мајка, татко, деца…. Ова јас што знам, а тие кој знае што ли уште противзаконски прават, а тука е и моќта, статусот и врските, децата со поткуп кај надлежни ќе си ги земе.

    што поточно му кажа? Те бирам затоа што си добро ситуиран, покрај тебе никогаш нема да останам на улица, пробај изневери ме пола од твоето лично заработен имот иде кај мене… па сеа сакаш или не сакаш да склучиме брак?
    Ова ако некој се согласи на вакво нешто или во живот не видел пу’ка или е со некоја блага деменција
     
    На H.VAGA, ZAHRA, Гладиоли и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.529
    Допаѓања:
    23.000
    Пол:
    Женски
    Не сум до толко ладна. Му кажав шо му кажав. Ете тоа беше моето мислење за тука, ниту јас ќе делувам на вашеето размислување, ниту вие на моето, јас си имам причини зошто попрво би избрала таков маж. Незнам, можеби ми останало врежано во главата, мајка ми и татко ми шо ми велеле како мала, тоа истото, ама сега гледам дека скроз во право биле. Лично не би сакала повторно "од љубов" да минам низ живеење со болни свекори, да работам и на крај пак да немам за пелени оти на газдата му требале пари за во кладилница.
     
    Последна измена: 24 јуни 2023
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.130
    Допаѓања:
    180.888
    Баш тоа ќе коментирав погоре, на тоа дека од 15 знам што сакам. Секако перцепцијата на светот и ставовите ни се во голема мера од дома научени. Ама мене ме учеле, од баби, до татко, да учам и да бидам независна, да бидам борец и да не толерирам срања.
    Не знам што те учеле, може погрешно те учеле, може во пубертетски револт си правела грешки. Ама немој да ги учиш децата да чекаат од друг, не се градат така силни и независни луѓе.
     
    На bittersweet, nextredstyle, IRBBB и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.529
    Допаѓања:
    23.000
    Пол:
    Женски
    Вие скроз погрешно ме читате. Јас не ги учам децата ма и жените да чекат од друг. Јас сакам да кажам жените да си бидат независни и да не трпат срања од некој си манипулатор таму шо уште живее со мајка му а татко му струјата му ја плаќа. Шо би рекле ем шуто ем боде. Нека се отворат очи, и нека се размислува прво за себе, па посче се ќе си дојде на свое место. Оти јас ако размислувам за себе, на пример не сакам да живеам во заедница со свекори, таков маж и ќе барам, сама со него да живеам а не и со неговите.
     
  20. Darknest beauty

    Darknest beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2023
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    232
    Пол:
    Женски
    Да, но јас пишав во случај каде што разводот не може да се избегне и не зависи од жената.Пример тој си нашол друга и решава да се разведе
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.