Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    225
    пеперутка ако си се сакале и се ке стореле да се заедно,сами нека си смислуваат како ке се гледаат а не ти како мост,зошто на крајот ти ке бидеш виновна,,,,,,,,,,,остани си со мисла како што размислуваш,понастрна од нив,,,,,,,,
     
    На peperutkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.021
    Пол:
    Женски
    Peperutka не би ти препорачала да дозволуваш да те вмеша во тоа. Кога тогаш тоа ќе се дознае и си само ќе испаднеш крива.
     
  3. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    неверство во брак посебно од женска страна ми е многу одвратно....стапуваме во брак нели со цел да останеме со тој човек или со таа жена аедно до крај верни
     
  4. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    А што има врска од женска или од машка страна?!?!
    Немојте со вакви размислувања сами да им давате на мажите повеќе привилегии од нас!
    Без разлика дали маж го прави или жена,неверството е грев за кој нема оправдување!
     
    На bibiiii, maca99, stetoskop и 4 други им се допаѓа ова.
  5. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.452
    Допаѓања:
    22.942
    Пол:
    Женски
    Лани летото бев сведок на едно брачно неверство. Се работи за мојата кума. Има околу 30тина години. Лани додека работев кај неа во салонот, многу пати се случуваше таа се покрива со мене, а всушност беше со швалерот. Јас сосема случајно дознав дека има некој друг во нејзиниот живот. Со сопругот има 3 деца. Бев во никаква ситуација, секојдневно пред мене таа по телефон се договараше со него, а потоа ме лажеше дека ќе оди на депилација, во шопинг и сл. Не можев да кажам ниту на татки, мојот кум, ниту на мажот и. Сметав дека тоа не е моја работа. Само ми беше глупо што прави будала од мене и ме користи. Којзнае какви лаги смислувала. Едно време швалерот во мобилниот и беше запишан под моето име, па под името на дечко ми, за да ако и ѕвони некогаш тој, да се извади дека сум јас или некој познат на мажот и. Ама на лагата и се кратки нозете. Ова лето се се дозна и сега цел град ја збори. Имала храброст дури и да отиде пред татко и со швалерот! А тој е 15 години постар од неа! Брука, за срамота! Сега е пак со сопругот, го затворија салонот, и животот и е пекол, наводно прекинала со оној другиот. Нејзина работа, но лош пример за мене.
     
  6. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    добро е што не си се мешала
     
  7. maca78

    maca78 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    78
    ми требаше неколку дена да ги прочитам сите мислења од почеток до крај и сега завршив и имам многу да им на кажам на сите поединачно само нели нема смисла :^) многу од работите што и јас ги мислам се кажани ке пробам да бидам еееептем кратка во мојов осврт кон темава..
    од што прочитав најинтересно ми е кој со кој израз си го бранит својот став
    1.никогаш не вели никогаш------што сте запнале за ова?ви е за утеха?нема за што да се фатите и за тоа?
    2.се случи да излеземе заедно и така се почна-------------
    3.излеговме неколку пати---------------
    добро бе толку зарем без мислење одиш излегвиш со кој било?зарем не ви е важно со кој ке делиш дел од себе??????????????
    4.неможам да го оставам го сакам идр.
    целам со муабетов кон изразите како според мене клучен збор се за оправдување на себе си...
    можам да изнакажам еден куп погрдни зборој за сите кои се вплеткале во една брачна заедница ама нема...не ради -никогаш не вели никогаш-туку ради тоа што не се ставам на исто просто ниво со госпоџиве.
    сите сме свесни дека имало измами и ке имат и понатака кои од бес кои од незнам што,ама то не оправдување ако прават другите можам и јас..во никој случај...
    јас сум во брак 3 и пол години со детенце...и утре некоја си да проба да ме замени???????
    за секоја случка од ваков тип се потребни двајца...маж и жена..воглавно никој не тера на никого да се жени мажи со сила и од тука да иде тој не ја сакал женаму и многу му е тешко...ако не ја сакал и не можел да ја поднесе не се женел за неа туку ке те одберел тебе.и не и правел бебе ако не ја сакал..туку си нашол нешто полесно во паметот...
    ептем ми е жал кога ке прочитам пост од зена која е во ситуација да не знае што да прави и со неа и со децата ради некоја мрсулка што не може да си најде дечко каков што и доликува туку растура институција брак и семејство...
    колкави и да се децата не е важно тие патат поке од сите....
    прељуба во една обича врска болит а камо ли кога се има и деца
    малку прстот на чело пред да се залетате со женети мажи,прво ке се завртите зад вас да видите кај ви е местото....
    има уште многу многу да си кажам ама ке се поштедам себе си од пробвење да ги исправам работите и ако барем една се свести од сите што читаат тука ке биде добро...
     
    На sabatini, Podarok, Bibko и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. zdravkova

    zdravkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    67
    Bravo Maca mnogu ubavo kazano!Toa denes sto se slucuva so mazite zenite devojkite veke e krajno vulgarno nesto sprotivno od nasata hristijanska vera da se nemalo pocit sprema institucijata brak-sramota i za ednite i za drugite.....
     
    На Panicarka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    225
    Сите оние кои се плеткале во една брачна заедница ке кажам само дека НЕМАЛЕ ПОЧИТ КОН САМИТЕ СЕБЕ,неможам да сватам како може некоја да сака да биде ВТОРА ВО ЖИВОТОТ НА НЕКОЈ МАЖ,?????????А за другите работи и да не коментирам секој знае,за неверство се потребни двајца ,но вината е поголема кај тој што знае што може да изгуби,тој што е во брак има соптник и има деца,кои за жал се најнедолжни но најмогу страдаат во такви моменти,доколку и двајцата се во брак,,и двајцата се подеднакво виновни,,,,,,,,,,и никој немозе да ме убеди дека поради незнам каква причина го извршил неверството,СЕКОЈ ПРОБЛЕМ СЕ РЕШАВА СО РАЗГОВОР НЕ СО НЕВЕРСТВО,ЗНАЦИ ПРОБЛЕМОТ НЕ СЕ РЕШИЛ,туку кој си е таков таков ке си биде,без разлика дали е машко или женско,,,,,затоа и браковите веке нетраат како порано,се нема поцит кон љубовта што ја ветиле,,,,,,,сите изневеруваат ај и јас,тоа е девизата,не сум јас понеспособен од комшијата,,,,,,,,,,,позззззззз
     
  10. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    да, неверство е неверство, но малку и мене ми е поодвратно од женска страна, затоа што жената ако е мајка, во својата утроба носела нов живот, мајката е посочувствителна, попожртвувана за децата, таа е столб на куќата и навистина треба да биде `ојдена` за да се реши на неверство и сето тоа зад неа да го ризикува.
    за мажите е малку поинаку.
    инаку, не одобрувам неверство и кај мене тие луѓе немаат почит. ;)
     
  11. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    сестра му од дечко ми го изневери маж и` (само маж и не дозна), знаеме ние најблиските. (ги дознавме, фатени на дело)(пс. имаат две деца)
    проблемот е - целата работа се договорија они да се заташка и никому ни збор., а дечко ми дури ја оправда сестра си, и ниту еден лош збор не и` рече, во смисла како си можела, како не ти е срам.

    сега ме плаши неговото мислење околу неверството како поим. испаѓа дека утре и тој ако ме изневери, нема да биде ништо страшно. што мислите вие околу ова?
     
  12. Panicarka

    Panicarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    19

    Јас мислам дека тој така реагирал оти таа му е сестра, го боли да вика така за неа..... а не дека го оправдува сето тоа.. ...А еве едно мое искуство... на еден курс запознав еден Хрват.. постар од мене...и јас на него гледав нормално како пријател....и се беше во ред...се додека не приметив дека тој сака нешто повејќе од мене...почна и на моб да ми се јавува да ми вика да сме се виделе... кога сум била слободна...дека жена му ке одела на одмор со децата тој ке бил сам и не знам што ти не....ама јас не појдов со него...бидејќи како прво тој е генерација на таткко ми, а јас сум 23 години ...второ е оженет а трето има две ќерки ...едната е моја возаст...Никогаш не би почнала врска со оженет човек....
     
    На zdravkova и girl.23 им се допаѓа ова.
  13. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Тоа што ја одбранил сестра си не треба да значи и дека го оправдува неверството.
    Можно е и да бил шокиран кога дознал па не реагирал онака бурно како што ти си очекувала.
    Друго, дали твојот дечко го почитува зетот,шура,( што ли му е :?: ми се мешаат малку фамилијарниве називи), каков е карактерот на човекот, дали е насилен, дали е добар човек.... се` тоа може да влијаело на одлуката на дечко ти па и на останатите да премолчат и да ја заташкаат работата.

    За да го дознаеш неговото мислење најдобро разговарајте, отворено и искрено кажи му дека си изненадена (разочарана, исплашена...сепак ти најдобро знаеш како се чувствуваш) од неговото однесување. Биди искрена и прашај го токму ова истово што и тука прашуваш.

    Понекогаш, ако не и секогаш, разговорот е решение на сите недоумици. Всушност и кога ќе разговарате, од неговиот поглед, од неговите зборови, говорот на телото, дали те гледа во очи кога разговарате и сл. и самата ќе дознаеш како тој се чувствува и што мисли за неверството. :)
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. dorjanka

    dorjanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    7
    Јас сум мажена веке 12 год ,имам деца 7 и 11 год,невработена а сопругот ми работи во јавна администрација ,По карактер е малку тежок на нежни изјави,малку раздразлив и за некоја ситница ке подвикне и ако не е во право.Многу често му се лутам ,некогаш може и по една недела еве и сега во моментот сум лута 9бидејки сум застанала во одбрана на децата) па ми е страв со ова мое понашање да не го оттргнам од мене во рацете на некоја:(домакинка):Инаку кога е се во ред е супер човек внимателен и предан сопруг ама неможам да се воздржам да не се лутам.Неговата лутина трае 5 мин ама јас сум таа што се срди.
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Доволно долго сте заедно за да си ги познавате карактерите. Не ме сваќај погрешно ама во овој случај ти водиш инат. Секој маж сака топол дом и жешка постела. Доволни се овие 2 репери за да не отиде кај друга ,,домаќинка,,. Ако е тој тврд на нежни изјави тогаш ти преземи иницијатива, па секој сака понекогаш да се разгалува на оваков или онаков начин.
    Гледај само да си ја контролираш лутината. Едноставно разговарај со него веднаш и реши го проблемот и затворете го тоа прашање. Знам дека понекогаш е тешко и поред тоа што си во право и секогаш ќе си на страната на децата ама мора да има компромис.
     
  16. zaedno

    zaedno Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    извинете би сакала да прасам несто во брак сум 3 год немам деца го сакам маз ми но несто ми недостига покрај него исто така ми се допага еден колега во големо искусение сум не знам сто да правам многу ми е теско ако мозе некој совет
     
  17. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Абе извини вака ама стварно ми паднаа во очи твоите постови. Те нервираше сестра му затоа што доаѓа дома кај вас (кои се уште не сте маж и жена а живеете заедно) со децата и ти го ремети мирот, паааа не ти се допадна машината за перење што ја купила свекрвата за вас па сега и си ја фатила на дело неговата сестра како го изневерила својот маж. И на сето ова твојот маж молчи.
    А што има да те плаши неговото мислење околу неверството, тоа значи дека сеуште не го познаваш доволно и покрај тоа што живеете заедно. Утре и да те изневери тој (недај Боже) ти последна ќе дознаеш како зетот сега (сите во куќата знаат само тој не). Нема да биде ништо страшно (како што пишуваш) ако врската е распадната и не ја бива веќе. Приказни за мали деца се тоа дека функционираат само поради децата.
    Не ме сваќај погрешно, ама форумџиките во другите теми убаво ти напишаа
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. leonoraa

    leonoraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    здраво дечки на сите секогаш кога имав потреба бевте тука се надевам дека и сега ке ми помогнете :( имам дечко во сабота правам свадба а јас пак плачам секој ден :( со дечко ми имавме многу проблеми имав многу навреди од негова страна што јас се одалечив од него и почнав да контактирам со еден преку интернет но нашето прерасна во нешто многу повеќе од другарствоо со негоо мислам дека се залубив и тој во мене тој знае ја знае мојата ситуација и спремен беше да бидеме заедноо но под притисок од најблиските се омажив на 03.09 на 04 .09 ме фати мажот како зборувам со него не телефон ме удрии таа вечер бев не болницаа лежев но пак ме вратија кај негоо и ако има 2 недели јас не можам да дозволам да ми се доближи уште мислам на негоо тој сегаа почна да не ми збории ми велии да не си правам проблемии самата себеси неговото семејствоо не сакат да биде сооо мажена жена но ние сепакк двајцата патиме јас сумм со човек што не го сакам ии не знам какоо ке продолжам понатаму //пишував тука бидејкии јас сепак го изневерив сопругот два дене пред свадбата се сретнав со негоо мемолеше да бегам со негоо но страфот не ме пуштии...ве молам некој совет мисламм ке полудувамм
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.409
    Пол:
    Женски
    Нели ќе се мажиш сабота...?
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Е, што може овде да се помогни???

    Или мажи се в сабота, па потоа трпи си (зошто така ќе биде по пишуваново), идниот маж малку ќе те `среди`, тоа што те удрил не го оправдувам, но е малку за неверството. Чекај да те земат в тавче, па не ќе знаеш кај си се пробудила.

    Второ, откажи ја свадбата, заборави го оженетиот и не му расипувај брак бе жено!!! И среди си го малку умот и животот!!! Па оди напред по исправен пат!!!