А ти ако имаш една дефиниција за љубов и ние другите мора да се водиме според твојата? Битно е да се сакаме па дали имало јадење или не, не е битно а?
Најчесто тие што се залетуваат за богати мажи, а во втор план ги ставаат некои други вредности, најчесто тие завршуваат изневерени, понижени, тепани и сл. Знам многу вакви примери. Јас пак сум од простите што прво гледам да е добро воспитан, да е амбициозен и трудољубив. Кога одлучив да му дадам шанса на мм за врска, го избрав без размислување пред едно богаташче со сомнителен карактер. И не погрешив воопшто. Се што имаме направивме заедно. И кога ќе го погледнам домов и нашите деца кои имаат убаво детство јас сум прегорда и преисполнета. Такво богаташче прва кавга ќе ти плесне дека те направил човек. Туѓи перја за китење не сакам. А ако останам не дај боже сама, пак не се плашам затоа што си ги знам своите квалитети и не сум зависна од никој!
Никаде не спомнав ни која е мојата дефиниција за љубов, ниту пробав да неметнам некому став. Ти си таа шо нѐ убедуваш дека љубов не постои, да ги отвориме очите во нашите розови светови. Јас велам љубов постои во мојот свет и многу ми е жал шо ти живееш во поразличен свет од мојот, ама тоа си е само и само твој избор.
О диос мио, ќе работите и двајцата како ќе немате за јадење? Или тој со поголема плата ќе работи, другиот ќе чува деца ако треба. Како мислиш дека јадат другите луѓе, сите богаташи баравме за да јадеме?
Па шознам...ваљда нормално е тоа, надополнување во бракот. Као основите на бракот се тие, двајца сте во него и двајцата придонесувате исто или соодветно на способностите. Некои од нас не можат да разберат за што поинакво збориш, пошто не сме виделе поинакво. Пример дедо ми и баба ми, заедно работеле ниви, мајка ми и татко ми заедно оделе на работа и граделе живеалиште, никој не бил трут. Трут е машка пчела која служи само за расплод и тука неговата функција и живот завршува. Така тоа оди кај пчелите
Каде спомнав јас дека љубов не постои? Постои, ама заради таа љубов не треба секакви гадови да се трпат, шо нема куче каде да ги апне.
Аха, да, жената да му земе. Многу филмови гледате. Ако воопшто успее да му земе. Дали и пола ќе успее. Ако воопшто има што. Оти парите не стојат, си одат. Денес ги има, утре ги нема. Колку богаташи и добро ситуирани станале сиромашни поради непромислени потези со претерани трошења. Една познаничка така се заеба со маж ѝ. Со коцкар и неодговорен трошаџија да си немаш работа. Сè ќе изгуби. Плус, не заборавајте дека сме смртни. Не дај Боже ќе му се деси нешто, а на жената ако не ѝ следува нешто тешко неа.
А ако има пари треба да се трпат? Гад си е гад. Дали со пари или без пари. Ако се разведеш со гад со пари, нема да сака денар да даде за алиментација. Ќе висиш по судови и ќе се докажуваш. Налет такви пари. Гад и со пари е гад!
Да, ама нема ништо лошо во тоа некоја да сака повеќе . Поубав, покомотен живот, што мислите дека не постои љубов во тие бракови?
И ние сакаме повеќе ама заедно работиме на тоа. Не чекам тој тоа да ми го овозможи или неговите. За тоа не ти треба богат маж, туку троа малку ум, љубов и разбирање и се ќе постигнеш.
Ама оти мислиш дека ние шо сме се омажиле со мажи шо не се богаташи ни бизнисмени, сме задоволни со тоа шо го имаме и не се трудиме да имаме повеќе? Разликата е шо трудот, амбицијата, инвестицијата, идеите, падовите..ни се заеднички. Некој свет шо веќе не постои.
Никој не рече дека не постои. Постои, ама ти цело време потенцираш дека и без љубов, а со пари се живее убаво. Никогаш не ме воспитале да барам богат маж, и погрешно е свое дете така да го воспитуваш според мене. Не ми е јасно зошто цело време на форумов бракот со богаташ го потенцираш како најголем успех. Не, не е. Можеби тебе ти се посреќило - ем богат, ем убав, ем добар, ем ете си се сакате. Супер за тебе, ама пристапот ти е погрешен. Парите денес ги имаш - утре ги немаш, и обратно. Физичката убавина исто така е минлива. Човекот ми е битен, оној кој сум го избрала да е татко на моите деца, мој животен сопатник, другар и сл.
Не знам колку повеќе? Повеќе што? Не знам за какви примери збориш. Ама ако земеме предвид дека 1% од светската популација поседува 90 и фазла проценти од богатството, шо да праиме, да седиме немажени? Примери од соседството. Ноле е богаташ, напраил тоа шо напраил без палати од татко му, и со поддршка од жена му, несомнено. Син му на некој српски тајкун, ќе го читаме по весници, кајшто премлатил некоја жена ( не ми текнуваат детали ). Ако има слога и разбирање, (нека е и љубов, ама тоа тешко се опишува) двајца можат заедно да стигнат подалеку, отколку кога едниот го носи другиот на грб.
Како да му објаснам дека јас имам различни очекувања од маж, на народ кој како коњ со узди тера само право, на кој му пречат други нации, други религии, ЛГБТ заедницата, значи се она шо не треба да ве занима освен самите себе. Гајле ми е бе, како сакате наречете ме, еднаш јас останав на улица, втор пат нема да се заебам . Ајде терајте си муабетот
Не знам како го замислуваш животот на тие што се омажиле само поради пари. Обично таквите мажи во секоја прилика и потенцираат дека они И ДАЛЕ неа пари, пред да се омажи за него она НИШТО немаше итн. И со ваков човек парите ќе се трошат како ТОЈ што кажува. Затоа многу поважно ми е карактерот. Способна сум сама да заработам без да зависам од некој.
Ова муабетов ко на една комшивка бивша што ја имав. Со години збореше нека изгледа ко Квазимодо само многу богат да е. Се премажи за 15 год постар Албанец воШвајцарија,кој навистина не знае колку пари има. А таа остана домашарка без работа,која не ни смее да се рашетава,му роди 3 деца ,зависна од негови пари без љубов,додека тој вози женски помлади од неа, таа чмае дома. Тажен и несреќен живот е да живееш без љубов. Еден ден нема да бидеме убави,кожата ќе се збрчка и е битно да го имаш оној покрај себе што го сакаш и те сака. Зошто парите во банки тогаш нема да значат ништо.