А зошто остана на улица? Ти се мажеше со прстот в уста и чекаше се тој да има? Ти не работеше? Јас и да останам утре сама без него, пак нема да бидам на улица, оти пред се заработувам сама без да чекам некој да ми купи влошки. И не ги величи толку богаташите оти очигледно не си ни била во непосредна близина, па да видиш како жените јадат ќотек, а не да се надеваат на неговото богатство. Богата ќе будеш тогаш кога заедно со партнерот ќе се стремите кон подобра иднина, со меѓусебно надополнување. Ни тој да чека од мене да го издржавам, ниту пак јас да чекам се на готово.
Останав на улица затоа шо само јас работев, он нешто ситно и мнооогу помалку придонесуваше од мене, се јас, храна од мене, мебел од мене , купатило од мене, и се на туѓо место. Денар не ми остануваше за на страна. Ама сега е друг договорот со вториот. Си имаш своја куќа во Мк, не ти ја чепкам ама не сакам таму да живеам со твоите. Ако сакаш на друго место, се што се инвестира пола ќе биде на мое име и се тоа црно на бело, и да купиш ти повеќе што и очекувам , така ќе биде. Барем една кола на мое име, и имам план во иднина да инвестирам во стан во Германија за кој и ти ќе дадеш учество ама станот ќе биде на мое име. Јас така и така направив во животот, втор пат нема така да згрешам, ако го почитуваш тоа и јас ќе те почитувам. Тој ми рече добро, така ќе биде, само да те имам во животот. И до сега не ме излажал, епа си барав си најдов , не беше толку тешко
Работев јас не се секирај, сега дома сум со мало дете, и да ме пцуе утре унаден не ми е гајле, јас сум обезбедена.
Поентата на муабетот на @Adidas888 како што сфатив е: Во првиот брак, цела плата, заштедевина ја давала во куќа која не е нејзино име, буквално се дала себе си, и плус го издржала тој, и кога се развела не можела да си врати назад ништо, немала заштедено, зашто не стигнала ни да заштеди од што сите пари и отишле. И да работела и работи и сега, ама сега со вториот маж опаметена е, се во брак стекнато на пола да се води и на неа и на него. За не дај боже да треба да има што да си земе за да бе остане од 0 како што се залетала претходно. Ама н акој им збори.. на форумов има такви кои заштеди на родителие фрлаат во спратови на име на свекор и свекрва.. а за оставштина е се има време и усно догпворено за делење со брат, сестра...
Спиј на тоа уво, може да се оспори тоа. Биди сигурна во тоа,тој е моќниот не ти. По некое време може да му текне да те исфрли на улица, не верувај толку слепо затоа што ти зависиш од него и тој добро го знае тоа. Во секој случај како ти е убаво така терај си само биди свесна дека ништо не е сигурно и баш кога мислиш дека си обезбедена.
Значи како не ја разбирате : Не дај боже и да се разведе, и да делат се по пола, гајле и е дали ќе ја пцуе .. аман бе луѓе читајте.
Нема шо да трпам, право он излегува од тука и јас можам да си свиркам. Но, мене очите отворени ми беа кога се земав со него
Човек/маж што вложува во мене, ме сака ( тука не спаѓа само љубов, спаѓа и почит, разбирање,итн итн,) така да и јас го сакам него. Вложува во мене затоа што сака мене да ми биде добро. Ако тоа не е љубов тогаш незнам шо е