Јак земјотрес кога фури не гледа имотите дали се на богати или не. Туку, руши све. Па, оп пак на улица ако нема резерва на друго место. Ете дополнителна причина зошто не треба да се чека од партнер.
Не вели дека не е важна ама од искуство вели да не одат слепи од љубов во брак.. бракот не е само свадбата. Секакви срања се дешаваат. 1. Оставање работа заради мажето од љубов дека е љубоморен - ред флаг. 2. Живеење во куќа, стан од родители и инвестирање од страна на жената (ако е кај неговите или стан на неговитр)/ мажот (ако е кај жената или стан на нејзините) ако не е префрлен на нејзино/негово име а после може да биде предмет на распределба на имот - ред флаг. 3. Купување имот во брак, на имотен лист само мажот - ред флаг. Колку да сум сурова, какви срања се имам изнагледано верувај одамна ги имам извадено розевите наочари. Не е е романтично ама јеби га животот е суров и не е романтичен.
Уау, значи ако некој вложува во некој значи тој некој е предмет. Да , вложувам и јас во него. Ете дете гледам дома сама, негово дете, не сум моментално на работа, чистам , готвам, откако сум породена не сум побарала негова помош околу домот пошо знам колку напорно работи за ние да имаме се. Или ај оти сум жена и тоа е морално да се очекува од мене. Му давам совети, го бодрам, кога плаче и јас плачам со него. Што сакаш друго да ти кажам? Ја заслужил мојата почит и тоа ќе добие.
Епа ако сакаш тој да вложува во тебе материјално со имоти, вложувај и ти во него со иста мера. Или тебе не ти се толкави границите. Затоа ќе бидеш едно ниво подоле од него бидејќи ова што го наброја не е вложување секако. Мене не мораш ништо да ми кажеш гајле ми е мене за тебе, кажи си на себе си подобро ќе си помогнеш.
Не влегуваат во брак сите од љубов.Не знам оти ви е чудно тоа. И не значи дека секоја омажена со богат е несреќна или изневерена.Различни луѓе,различни интереси. Исто и мажите.Некој бара убава.Таа убава мора и да се одржува.Салони,теретана,убава облека бараат финансии. Некој во брак бара романтики. Друг не сака да е сам па влегува во тие води.Трети оти се со години во врска па ‘мораат.Четврта оти останала бремена итн. Комбинации секакви има.На кој како му е убаво така нека живее.Гаранција денеска нема за ништо. Изневеруваат и богати и сиромашни,и убави и грди. И дајте друг аргумент за независност,освен влошки.Аман.У ваква сиромашна држава ко нашата сите имате стан и кола на свое име ,самостојно стекнато.Аха важи.
На него не му требат материјални работи да му давам пошо има. И ако на него му е добро и е задоволен од моето вложување како жена, која си ти да кажеш шо е добро а шо не?
Епа златна ти сама си го пласираш животот на форумов и очекуваш тапшање по рамо. Јас сум Бубаче и можам само да ти кажам вистината за која ти замижуваш. А тебе ако ти е убаво да си мижиш терај си, зошто на сите им се објаснуваш?!
Јас се објаснувам затоа шо членките тука почнаа да копат по мојот живот, иначе првичниот муабет ми беше да не бидат жените толку наивни и да не влегуваат во брак слепи, да се има самопочит на прво место за да те почитува некој друг, да не трпат срања од секакви мочковци (не)мажи, за да нема после тука постови каде се жалат дека седат во детската на мажот, дека им тропат на купатилото кога одат да се бајнат, дека не виделе бел ден од работа оти мажот неговата мизерна плата во коцкарници ја остава и да се плашат да се разведат оти на улица ќе останат. Е така, кој разбра разбра, јас се одјавувам.
Баш тоа вели. И љубов постои и брак без интереси постои. @Adidas888 Кој имот на твое име го пишал кога во друга тема пишуваш дека станот ве чини 900 евра месечно,невработена си и прашуваш за социјална помош. Зошто не работиш ? За детето има градинка. Зошто во денешно време чекате маж да ве рани побогу?
Ќе прашувам да, не се срамам да прашувам, зошто да не земам ако ме следува од државата. Се што можам ќе земам, како другите така и јас.
Реално, од љубов само не се живее и треба доооообро да се отвараат очи со кој се мажиш.. и карактерно, и се по ред.
@Adidas888 тие што се вистински богати за брак си бараат исто така богата или да потекнува од богато семејство и да има нешто направено. Така што џабе го правиш муабетов кога освен за забава не би те избрале ако живееш од социјална помош. Исто како и повеќето од нас тука реално.
За мене не е жена онаа која чека од маж се, па уште и алчна и гребатор. Ем од маж обезбедена,ем мажена за богат, ем се фали и лупа во гради како е обезбедена, ем се што и следувало ќе грабала. Бреј. Многу паметна бе ти, тоа летање високо еден ден многу ќе те кошта. Памти ми го ова, а ти биди му слугинка и мисли си дека многу те сака. Не го сакаш ти него туку неговите пари. Да парите се потребни во бракот ако се стекнуваат заедно и со пот, а љубовта го надополнува она што е празно. Ти кога го гледаш, бацува и милуваш него всушност ги бацуваш неговите пари. Колку сакаш бегај таа е вистината, и не знам кој ти копал ама добро е што откриле на време барем дека не си комптентна да делиш совети дека е правилно да се мажиш за пари или во превод gold digger.
Од страниве муабет што ве читам, само едно ми се потврдува како заклучок во врска со однесувањето и ставовите на луѓето: На секоја акција има и реакција.
И пак од љубов си се омажила, јас мислев којзнае што, палати, бродоградилишта, чистачки по дома Сте се договориле, ко секој нормален брак, не вложуваш во туѓо, со среќа нека ви е.
Абе добро ми кажаа горе, нема зошто јас мојот живот вам да ви го објаснувам, јас што сакам тоа ќе си барам, маж си иам, како ќе си ги вадам парите, мој проблем И нигде не реков дека имам палати и чистачки, ама вие како сакате вие така си читате
Ама земај. Ништо чудно за наша дијаспора во Германија,многу за тоа се иселија,да земаат детски и социјално за да не мора да работат. Туку тука велиш имотот е на твое име,а ваму плаќате кирија 900 евра,од кој стан ќе го набркаш од тој што плаќа тој кирија? Точно,треба да се отворат очи,со коцкар на пр,никој не треба да се омажи. Ама секогаш треба да љубов за брак,а не приоритет да е приливот на банкарска сметка.