Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.522
    Допаѓања:
    22.955
    Пол:
    Женски
    Не срцка, од тој шо даваме учество и шо е на мое име. :*
    Ајде поздрав.
     
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    88.449
    Пол:
    Женски
    Подзаборавена си
    Сама во друга тема пиша дека сте под кирија.(facepalm)
    Ама ај среќно.(fingers)
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.129
    Допаѓања:
    180.871
    Не знам по кој закон брак се води и се разведува, ама се стекнато во брак се дели на пола, независно на чие име од сопружниците е. Освен ако не сте се договориле поинаку, и тој се држи до договорот. Како и да е, доверба треба ама никогаш не можеш да веруваш стопроцентно. Најискрено ви посакувам да ви оди во животот според планот, и никогаш да не се случи да дојдете до точка да ви биде на тест договореното и довербата.
     
    На BlackNight, bittersweet, Ljubova и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.522
    Допаѓања:
    22.955
    Пол:
    Женски
    Леле бре, па под кирија сме бре, и дадовме учество за наш стан кој треба да го реновираме пред да влеземе , да не сакаш на улица да спиеме?? Сакаш и документи да ти извадам? Да, дома седам пошо бебето ми има 10 месеци, земам детски и породилно, прашував за социјално ако бова и тоа да го зеам, зошо да не го зеам , се е плус, ако не за друго на сметката на ќерка ми ќе одат. Нешто друго од мојот живот те интерисира? Да не сакаш и маж ми да ти го покажам , може не ми веруваш и дека сум мажена, боже , боже, шо се објаснувам и јас....
     
    На H.VAGA, *Amethyst*, јolene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.212
    Допаѓања:
    8.695
    Пол:
    Женски
    Лошото искуството те научило поинаку.
    Може некому не е сфатливо, но никој не бил во твојата кожа.
    Како тие би постапиле да се во слична ситуација, кој знае.

    Може личи ладно и пресметано ова што се трудиш да го објасниш, па затоа те напаѓаат.

    Штом сте си се договориле вие двајца и функционирате ништо друго не е битно.

    Мое мислење е дека може да се има и љубов во бракот и истовремено и двајцата да бидат финансиски способни и двајцата да имаат нешто на свое име. Да не зависи ни едниот ни другиот од парите на партнерот. Зошто се бива во животот.

    Можеби погрешно овде се нагласува да е богат, јас викам да е вреден и да знае да заработи. Зошто богатството некогаш може да е поклонето и да го изгуби. Некогаш имаш повеќе, некогаш помалку. Ама битно е да знаеш да ствараш. Битно е да се и двајцата вредни, трудољубиви да го ценат тоа еден кај друг.

    А за ова што пиша дека жените придонесуваат со грижата за домот и детето сосема се согласувам.
    Домашната работа е неплатена работа.

    Многу ми е жал кога ќе прочитам жена која овој труд го омаловажува и смета дека таа грдна работа што ја прави по дома не треба да се смета за финансиски придонес кон заедничкиот семеен буџет.

    Ако некој маж мисли дека тоа не вреди, слободно нека плати чистачка, собарка, перачка, готвачка, бебиситерка па нека види колку реално вредат овие работи.

    Да не зборуваме ако и двајцата работат полно работно време а само жената работи по дома.

    И доста со тоа демек како може така да гледаш на работите, за себе и за своето семејство работиш, а не за друг. Не се работи дека не сакаме да ги правиме тие работи, ги правиме и со љубов и со радост, само не сакаме да се потценуваат.
    Да ми пререче - ништо не си допринела после цел ден рмбање низ дома, ќе види што го чека после..:D
     
    На H.VAGA, *Amethyst*, BlackNight и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    88.449
    Пол:
    Женски
    Сама си пишуваш за својот живот тука.
    Некој друг напиша, не.
    Значи станот кој ќе биде на твое име, само сте дале учество, дали ќе го делите утре на пола, дали ќе го исплатите или не е ваш проблем но ти други совети на младиве даваш, да најдат богат маж и дека љубовта не е важна.

    Тоа е површно и материјалистичко размислување и погрешно.

    Детето инаку не ти е мало за во градинка.
    Во градинка одат и помали ама кога сакаат да работат жени.
     
    На elimkd, baby-star, LiquidLuna и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски
    Не, ова ти беше првичниот муабет:


    И сега полека дојде до муабет дека со маж ти сте се разбрале на маса кој што очекува од бракот, тој заработува, ти се грижиш за домот и детето (и ние вака функционираме моментално), заеднички сте купиле стан и сте се договориле да биде на твое име (скроз ок и онака при евентуален развод ќе го поделите) и ти всушност си во функционален брак. Дали си го избрала заради парите, Немачка или од љубов е твоја работа, сепак ти вечер ќе легнеш до него, битно да сте среќни. Не ми е јасно зошто првичното мислење ти беше толку материјалистично и површно, како и да го толкувам пак читам ‘мажете се за пари’.
     
    На little women, Bitter-Sweet, Ljubova и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.522
    Допаѓања:
    22.955
    Пол:
    Женски
    Епа ние седнавме и разговаравме и одлучивме јас да поседам дома додека бебето не пркне, секако ќе земам и така пари, а и со ќерка ми ќе си бидам , нема да трчам нонстоп по градинки на најмала кашлица а и не сум сигурна но мислам дека градинките тука се од 1 година поправете ме ако грешам, немам прашано. И толку, јас не се објаснувам повеќе за мојот живот, дојдов тука со друга замисла а не да давам отчети.
     
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    88.449
    Пол:
    Женски
    Никој не ти бара отчет.
    Твој живот.Поседи,знам јас дијаспорки и 5 години што седат,а маж им работи по 3 работи и е пола човек.
    Нивни избор.
    Ама да тврдиш дека љубов не е потребна туку само пари,говори многу.
     
    На elimkd, ZAHRA, Feminka22 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.439
    Допаѓања:
    114.693
    Пол:
    Женски
    Изгледа само јас ја сфатив што сака да каже.. да се мажите од љубов, ама да не летаат во облаци и да веруваат на празни ветувања. Да влезат како зрели личности, со создадена основа за брак а не млади зелени уште не испилени.. тоа сакаше да каже. И да не ја повторат нејзината грешка. А читаме на форумов: Мажот ми ме изневерува, јас немам кај да одам, не работам/ работам ама немам заштеда зашто се вложив во спратот кај мажот ми...
    Е тоа сака да каже. Не мажете се за богаташи, и трпете се за пари. Ама гледајте да не се мажите за лингур кој не го бива за живот ..
     
    На *Amethyst*, VDT2906, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.
  11. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Нена, се тоа што го пиша е сасвим во ред и на место совет за младите, ама тоа ти така си го сфатила а не дека членката тоа го пиша, и вадеа тука нејзини мислења да не се повторуваме
     
    На buba4e89, baby-star и Skyler им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.050
    Допаѓања:
    268.698
    Женава колку што знам и цело наследство свое го има продадено за бившиот, и дете има овде кај свекрва и' пошто овој не и' дава да го земе никако.
    @Adidas888 ако сум те измешала со некоја друга извини.

    Ама ако е така, сосема ми е јасно од каде потекнуваат ставовиве, а уште повеќе стравовиве. Нема понезавидна ситуација од тоа се', баш се' да дадеш, да останеш на улица и да немаш каде детето да си го прибереш.

    Човек што искусил енормна сиромаштија посебно од ваков тип, ќе дува и на јогурт после.

    И во секој случај, ако е таа, добар пример е зошто не треба да дадете се' без хартија. Љубов е љубов, ама може и да заврши, не е дека немате примери околу од жени што или остануваат во брак пошто ништо свое немаат, или излегуваат од брак и од нула почнуваат пошто копукот секако дека ништо не им дава.

    Јас знам само за еден единствен пример, и тоа уште не беа во брак, верени, кај неговите дигнаа спрат, но таа зема кредит. Како и да е, раскинаа веридба, за месец-два овој до денар и' ги врати парите. Тоа е буквално единствен случај, 99% е обратно.

    Затоа не ме чуди.
     
    На *Amethyst*, Gosh, Adidas888 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Многу детали испушти…
    Многу добро се сеќавам на сторијата пошто како мајка, ми останало во сеќавање…
    Членката имаше пишано дека го продала имотот на родителите за да му ги исплати неговите коцкарски долгови, си остави дете кај свекрва и замина во странство…
    Ама битно сега е среќна, исполнета и имотна…
    кој сме ние да судиме
     
    На ZAHRA, buba4e89 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  14. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Избегавте од темата со парите.

    За членката, дали да изневери или не? Искрено маж 28 години постар од тебе, колку и да има сексуална напнатост меѓу вас, кога ќе се соблече гол, ќе се разочараш, нема да ти е толку привлечен. И Бред Пит да е, маж на 60 е маж на 60, сигурно е виснат и млитав. Ако веќе си ја ставаш душата во грев, најди си некој млад.

    Не знам што и се нафрлиле на @Adidas888 со коментари дека жените во богати семејства не се среќни, само се домаќинки, биле тепани. Тоа го има еднакво и во сиромашни семејства. И секогаш, ама баш секогаш е поубаво да има пари. Не се согласувам со неа дека треба да е единствен критериум за избор на партнер, но сметам дека е еден од најважните. Неретко сме сведоци на форумов, кога жени трпат насилство, токсичен брак и не се разведуваат само затоа што нема кај да одат.
     
    На *Amethyst*, Gosh, ZAHRA и 3 други им се допаѓа ова.
  15. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    @Adidas888, не сфати 90% од суштината која се обидуваат да ти ја доловат другите членки и даваш одговор кој не е складен со тоа, затоа се испишаа 100 страни во објаснување.

    Никој не рече дека во брак треба да се жртвуваш како што си се жртвувала ти, односно ако е така како што напишаа другите, да вложуваш во туѓ спрат и ти да отплаќаш туѓи коцкарски долгови. Барем едно 5000000 пати во темата „Свекрви и снаи“ е дискутирано како не треба да вложуваш во нешто што не е на твое име и како треба да се трудиш да не зависиш од маж, за утре што и да се случи, да можеш да го откачиш експресно, а не да седиш во мизерија. 100 пати го даде овој аргумент, а скроз беспотребно, затоа што сите се согласуваат со тоа дека НЕ треба да се трпи сѐ само заради љубов. Не верувам дека да си побарала тука совет кога си се соочувала со проблемите на бившиот маж, некоја ќе ти речела - направи ги ти сите жртви за мажулето, иако е тој копук. Напротив, сите би го осудиле и би размислувале на можни решенија како ТИ да се спасиш на најдобар можен начин. Од друга страна, ако имаше богат маж, не мора да значи дека немаше да се најдеш во истата ситуација кај што тој ќе прокоцка сѐ и ти пак ќе треба да му ги отплаќаш долговите.

    Но, начинот на којшто ти го претстави барањето сопружник, не само што не нѐ прави алфи нас како жени, туку нѐ прави... Која било и да е последната буква од грчката азбука. Не си алфа каде што некој има повеќе пари од тебе и ти чекаш да ти препише негов имот. „Алфа“ е човек што прави свој имот и утре не мора ни една секунда да трпи партнер кој не му одговара, затоа што ем има свое, ама и да нема, способен е да направи свое. Твојата филозофија нѐ сведува жените на крави за приплод кои ги добиваат само имотни мажи кои можат да си дозволат да „купат“ таква крава. И ова само им дава плус гориво на мажите да нѐ гледаат уште побезвредно, дека сме спонзоруши кои трчаат само по пари и кои нѐ плаќаат само за да имаат секс и да добијат дете. Можеби ти си ја имала среќата да имаш ем богат маж што ти го знае ставот дека чекаш на него да те „обезбеди“ имотно, а сепак да не мисли дека си спонзоруша. Ама прилично сум сигурна дека огромен број од мажите би те доживеале така кога би им ги соопштила твоите барања за брак, затоа што скоро и да не познавам маж што го нема направено муабетот дека жените трчаат само по пари, и тоа го кажуваат на омаловажувачки начин, што значи не го кажуваат со некоја почит кон нив - што мислиш, како ќе се постават утре кон нивната жена? И до некаде се во право. И на мене некој да чека да му правам пари, да му решавам станбено прашање и да му давам џепарац додека тој си го лади, и јас би имала такво мислење.

    И не, не велам дека треба да се водиме по желбите на мажите и слично, туку велам дека ако си со став дека некој друг треба да прави пари, а ти да ги добиваш на готово, логично и прилично очекувано е некој да те гледа низ призма на супериорност, односно да има пониско мислење за тебе како личност, нешто што НЕ го сака никој кога е во брак. Се случува некогаш и да не е така, да, ама генерално многу е поверојатно така да начекаш, отколку инаку. Тоа што ти можеби си среќен исклучок, не значи дека тоа е правилото за сите.

    Интересно е како повеќето мажи не се со став: најди си некоја поимотна, која ќе те обезбеди утре-задутре (не велам не постојат такви мажи, ама генерално, не е тој ставот на мажите). Што мислиш, што кажува тоа? Испаѓа дека само мажот е способен да стане поимотен, а ние жените не. Како е тоа алфа? Буквално велиме ние не сме способни и паметни за да станеме имотни поинаку освен преку мажењето со побогат маж. Не те навредува тоа тебе како човек? Пошто твојата филозофија индиректно го вели тоа: најди богат маж за да си богата (обезбедена), а не - сработи, и ти стани богата жена. И повторно, апсолутно никој не вели земи маж голтар, кој нема да е работлив и нема да се труди. Ама во твојот случај, ние испаѓаме голтарите што не сакаме и не се трудиме за повеќе, туку чекаме на мажот.
     
    Последна измена: 25 јуни 2023
    На Waverly Raven, ZAHRA, LiquidLuna и 8 други им се допаѓа ова.
  16. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.469
    Допаѓања:
    17.119
    Пол:
    Женски
    Она што ми падна во очи е што секаде пишува го почитувам никаде не пиша го сакам.Колку што сфативме он се ќе даде само да останеш со него значи е и повеќе од заљубен.Фактички вие сте склучиле договор а не брак.Бракот е многу повеќе од договор.Чим на вас ви одговара супер терајте.Јас поаѓам од себе,ако немаше љубов до сега за многу небитни работи ќе се разидевме.
     
    На Ceci16, LiquidLuna, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.681
    Допаѓања:
    79.775
    Пол:
    Женски
    Мене па нема да ми биде убаво и за пофалба некој да ме изневерува ама да не сака развод оти не сака да дели (изгуби) имот. Да го брца и овде и таму и онаму ама битно од пиле млеко имаме и ќе си живееме заедно. Страшно. Понижувачки.
    Едно е да имаш богат маж со кој ќе се сакате и ќе се договорите што на чие име да биде, друго е да имаш богат маж сељак кој те донесол дома и мисли дека те купил и нема грам почит за тебе, си брка други жени, а има и таква опција да си независна жена што гледа таа да е богата а не да најде богат маж, кога веќе парите и' значат толку.
     
    На little women, M&M, CameliaMiller и 7 други им се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Искрено мислам дека поголемиот дел од гинеколошки проблеми кај жените се од промискуитетноста на нивните мажи, оти во најголем број случаи они се носители и ние страдаме па затоа и помалку се пазат од нас, ама ни ја да сум доктор не знам дали би кажала оти можеби многу фамилии би се растуриле. И од таа гледна точка треба да се размисли пред прелесно да се сфати тоа изневерување. Маж изневерен веќе во очи не те погледнува.
     
    На *Amethyst*, CameliaMiller, oblace1 и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.681
    Допаѓања:
    79.775
    Пол:
    Женски
    Е алал да ти е, ова е најреалниот коментар.
     
    На CameliaMiller, nena2010 и tessie им се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.439
    Допаѓања:
    114.693
    Пол:
    Женски
    Еден сериски варач го прашав Што би направил ако дознаеш дека жена ти те вара.. ми вика Ќе ја убијам!
     
    На *Amethyst*, BlackNight, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.