Д Да, таа сум. Иначе за другите членки шо не знаат, јас моето дете си го земав , со мене е. И мене едноставно животот ме натера да го бирам полесниот начин или ваквиот (мојот) начин за да ги гледам овие деца. Оти кога немаш родители и кога си со деца, тешко дека нешто повеќе ќе можеш да направиш во животот. Не е невозможно али е ного потешко. Тие шо се разведени знаат. Пари ми требат мене за да ги изгледам, не љубов. Пари.
Фала бубаче, оти баш твојот пост сакав да го цитирам. Многу ми се допадна твоето размислување. Е баш тоа сакав да го потенцирам. Гледам дека бубаче е таква женска со цврст став, и сакав да ја прашам, дали она како возрасна единка шо сама си заработува и сама може да си дозволи се, би се омажила за некој маж шо е скала подоле од неа или како сакате наречете го. Значи маж што на пр уште живее со родители, они му плаќат сметки, он некад работи некад не, платата цела ја профуцкува истиот ден шо ја зима, очекува и она да работи плус и да му чисти дома , деца да му гледа во куќа која е на неговите па и уште да и вика дека тој е мажот во куќата. Мислам дека одговорот ќе биде не. Сигурно ќе си бара некој на исто рамниште со неа или некој што повеќе може да и овозможи на неа и децата отколку таа самата.
Не знам зошто ја земаш бубаче за пример, кога таа е нешто поразлично од тоа што ти пробуваше да го советуваш. Бубаче ќе си се врати во станот од нејзините, без разлика дали ќе земе богат или сиромав. Пак доаѓаме до тоа што ти го објаснувавме.
Ако ме прашуваш низ призмата на парите дали би гледала да е богат а празен во главчето - не би се омажила. Бирам пред се маж- алфа мажјак би го дефинирала ко таков што ќе застане пред нас да не штити од сите и ќе сме му на прво место. Не бирам јас пари па маж, прво маж на место со цврст карактер па потоа пари затоа што во животот има подеми и падови и ќе ти треба поддршка да слушнеш “се ќе биде во ред мила ќе го изгураме ние ова заедно”.
Не на парите, незнам зошто тука сите ме сфатија дека зборувам за богати како Бред Пит и фамилија Заеви. Туку те прашувам дали би била баш со таков каков што ти го објаснив? Оти он може да е и најубав и најзгоден и најпаметен на цел свет, абе од устата само злато и убави зборови да му течат, ама ако е таков со дела(како тие погоре шо ги спомнав) дали би се омажила со него?
Не постои таков, сега и да постои не можам да одговорам ама пробала да го научам ама тоа е долга и друга тема.
Многу често тие се и контролори ала среден век со знаење на сите шифри на сите профили со све и се лутат ако се "бациш" со другар во образ за поздрав што цмокот иде у воздух а само образите ви се допираат. Мувата на капата работа
Епа тоа сакам да кажам, БИ ПРОБАЛА ДА ГО НАУЧИШ. Значи си имаш стандарди и не ти одговара тој негов стил на живот. Ако не го научиш , значи не е погпден како иден сопруг и татко на твоите деца. Ако прочитавте горе извадоци од книгата на мојот живот, тогаш ќе ме разберете зошто ова го велам и зошто тоа го направив. Значи после мојот развод, јас си поставив стандарди, работив сама и си реков или сама ќе си терам или ако се појави маж во мојот живот, ќе биде според моите стандарди. Значи не сакав веќе да имам маж дома и да ми стои како украс. Ако тој не ми придонесува дома на мене и моите деца повеќе отколку шо јас правам, не ми треба. И да, тоа значи дека сакам поимотен маж. Оти еве, мојот син утре нема ништо да добие од татко му. Буквално ништо. Ни стан ни ништо. Пошо нема тој. Јас ако не се изборев да му овозможам нешто , никад ништо нема да добиеше.
@Adidas888 Покрај цело патешествие што си го имала и доживеала со претходниот маж, не ти беше страв да брзаш и да се впушташ во втор брак? А и како воопшто си зела таков коцкар, па уште си го потрошила цел имот за коцкарските долгови?! Зарем пред да се мажиш не гледаше во што се впушташ и со кој? Дали утре мене независна ќе ме направи ако земам богат маж, кој можеби ќе биде бетер коцкар или трудољубив, нормален, скромен и со разум човек со кој заедно се и ќе се стремиме кон подобра иднина?! Немој да мислиш дека добриот брак го дефинираат парите, туку партнерот до тебе, секако заедно со тебе и со твојот придонес.
Па ќе гледам бе бубаче ќе гледам, имам деца за гледање, сакам да им овозможам убав живот без да се секирам дали да дадам пари за млеко или за патики оти нема и за двете. Немам јас родители кај да се вратам па да оставам на судбината шо ќе биде нека биде.
Кој како сака нека те разбере се гледа дека не си личност од корист туку животот те натерал да бидеш по разумна.Љубовта често ја снемува кога се трпи за леб кавги, долгови проблеми милион.И да цвета љубовта ни една мајка не може да биде среќна кога детето и легнува со празно стомаче
Јас те разбирам откако ти ја извадија приказната и напишаа членките што си поминала, претходно не сум те читала. Признај првичниот пост ти беше доста површен и нафрлен затоа и беа реакциите. Стандардите ги поставуваме најчесто кога сме посозреани, претпоставувам првиот брак ти бил пред 25год. До кај 20-21 и јас мислев се живее од љубов, на другите работи бев спремна да прогледам низ прсти, да пробам да го променам партнерот, понатака малку поразлично гледаш на работите. Искрено, маж ми немаше ништо кога го запознав, ни своја кола, ај што немаше имот оставен од родителите туку имаше импровизирана соба. Имаше само добра плата што ја трошеше како лудак и не му стигаше до крај на месец ама знаев дека тој ќе ми биде маж заради повеќе негови особини. Сега имаме и имот и коли, не е ни важно, сакам да кажам за 3 години брак стигнавме многу далеку. Си имаме доста маани и двајцата ама одлично се надополнуваме, се креваме кога треба, најдобри другари сме. Само треба да го пронајдеш тој што тебе ти одговара, понатака се редат коцките сами ама треба многу меѓусебно трпение, слога и поддршка. Ти посакувам се најдобро, мојата најдобра другарка нема родители и од прилика знам колку ти е животот предизвик.
Епа така. Млада наивна и глупа. Немав родители кои можат да ми укажат на шо е добро шо е лошо. И отпочеток он многу добро го криеше тоа. Али млада бев, мислев ќе се смени, ќе го променам. Би се изненадила да знаеш колку добро можат мажите да глумат. Му верував на плачките. Договорот беше, да ја продадам куќата и да заминеме Германија. Тој се сложи. Но се се промени откако ја продадов. Нема да навлегувам во тие работи. Ама затоа пред да го запознаам вториот си ставив очи и на тилот и на газот. И тоа шо барав поимотен, не значи дека ќе прогледав низ прсти за друго само и само затоа шо има пари. И не ме направи тој независна, јас и сама си бев независна, шо мислиш шо правев после разводот? Не ме направи независна, али ми отвори повеќе шанси во животов и ми направи покомотен живот за мене и децата. Тој ми помогна да си го земам синот. Што ќе беше ако пак прифатив таков голтар во животот како првиот а?