Се залченив да го напишам мојот проблем и да слушнам Ваши мислења и совети. Во фирмата во која работам кратко време се најдов во ситуација да развијам чуства кон вработен. Пред да наидам на осуда да објаснам малку подетално. Значи меѓу нас се нема ништо десено ниту ќе се деси, но очигледно е дека има страшна хемија. Седнавме како возрасни, разговаравме и си кажавме дека нема и несмее ништо да се деси меѓу нас, дека е премногу комплицирано (двајцата сме во брак) и дека треба разумот да преовладува пред страста, срцето итн. Но и покрај тоа кога ќе ни се сретнат погледите немора ништо да си кажеме едноставно си знаеме. Пробувам да се воздржувам , да се држам на страна но едноставно претешко ми е и неможам да го исфрлам од глава. Стомакот ми се превртува на секој контакт и затреперувам цела. Жени вака се немам чуствувано никогаш. Никогаш немам ни помислено не па направено превара и едноставно незнам како да се носам со ситуацијата. Дури размислувам да напуштам работно место, но преубаво ми е на работа и си ја сакам работата и ми е жал да ја напуштам. А од друга страна неможам да престанам да мислам на него и да се измачувам и после секој контакт кога ќе ни се сретнат погледите да се измачувам уште повеќе. Приметувам дека и него не му е сеедно но и двајцата сме самосвесни да се воздржиме и да се правиме како ништо да нема. Се плашам некогаш да не се деси тоа што не треба а од друга страна постојано на тоа мислам и потајно го посакувам иако знам дека ни јас па ни он нема да дозволиме да ги преминеме границите. Навистина незнам како да се носам со ситуацијава и да престанам да се измачувам. Барам совет и мислење од Ваша страна или некој што бил во оваа ситуација да ми даде совет. Фала ви однапред.
Ако го напуштиш работното место ќе ти престанат тие мисли ? Не бре не е осуда ама мисли малку не си тинејџерка или да си слободна па ај ќе се водам по некое чуство.Можеби немаш доволно внимание од сопругот , па ти годи машко внимание. Памет во глава еднаш кога ќе тргнеш натаму толку е , а знаеш што е пострашно ти ќе го напуштиш твојот сопруг за да бидеш со него но тој тешко дека ќе го направи истото. Неверство менува апсолутно се во очите на мажот.
@Ena_P Душо моја кликнало едноставно. Можеби само се привлекувате,можеби е само страст,а може и нешто повеке. Ако е вистинскиот времето ке покаже. Само едно да ти кажам колку и да негираш ако ти е судено не ќе можеш да побегнеш. А и на срцето не можеш да му наредиш кого да сака. Ти посакувам од срце со леснотија да го решиш ова
Можеби, нема да имаме никаков контакт и со тек на време ќе заборавам. Барем така мислам. Баш дека размислувам и не се водам како тинејџерка ниту имам ниту ке направам нешто. Едноставно незнам како да се справам со ситуацијава и да престанам да мислам на него и да се осеќам неудобно во негово присуство. Да го отргнам од глава!
Си се заљубила.. Прекини контакт смени работно место, дури не биди предоцна и си го растуриш бракот..
Самиот момент што го романтизираш непечениов швалер е малку смешен. Без љутиш. Од постарата генерација си, над 40? Ако си, ништо чудно, само midlife crisis. Која, веројатно ќе ја надминеш откако ќе престаниш да идеализираш човек кој го знаеш само од работа.
@Ena_P јас потполно те сфаќам.... И јас имам слична ситуација и искрено, многу лоша ситуација, многу лошо чувство. Од една страна знаеш дека тоа е тоа што требало да биде твое но од друга страна сфаќаш дека сето тоа многу касно се случува, посакуваш да можеш да го вратиш времето но....
Ме насмеа Не се midlife crisis. Не го идеализирам воопшто, тоа што кликнало меѓу нас кликнало. Јас незнам како да се носам со ситуацијата секојдневно. Иако сама на себе постојано си зборувам и свесна сум за се неможам да си помогнам да го исфрлам од глава и да престанам да се осеќам нелагодно во негово присуство.
Ама не е чудно. Се мажите/жените за првиот/првата кој/а ви поклонува било какво внимание. Вие тие луѓе или не ги знаете доволно, или одвај и да ве привлекуваат. Ама се водите од правилото да не ме зборуваат оти сум ерген или немажена. Па после се ставате во вакви глупи ситуации, некогаш дури и со семејства зад вас.
Кој не бил у таква ситуација не може да го разбере тоа, колку сакаш ти објаснувај. Едноставно чувството е појако од тебе и тешко е да се контролира.
Во право си за ова. Одкога сум со мм, уште дечко и девојка кога бевме, не дека не сум видела убав маж, не дека не сум била во контакт со некој таков, ама никогаш не ми паднало на памет да почнам да мислам на тој некој повеќе од нормален контакт. Можеби зошто ваква привлечност осеќавме со мм буквално од прв пат кога се видовме, незнам ама јас си го сакам мм и гол Бекам пред мене, ќе ми е меех. Можеби вистина се со погрешни венчани. Можеби едноставно е до карактер. Незнам. А незнам ни како да и помогнам искрено.
Ехх викате требало да биде твое? А Они уствари едни мажи женкаришта, љубовџии (100% сигурна ) , жена од плус 40 само во такви се заљубува и демек и они. Друг маж е тоа што посакувате а не сте заљубени @Ena_P
Сите сме го имале сигурно. И јас сум го имала пред мм. Ама се омажив со човек што ми го даде тоа чувство и ден денес кога ќе го погледнам и да сме искарани, мене ми иде да се насмеам.
Две варијанти имаш или да се изнаебиш со него и да упропастиш брак или да смениш работа мое мислење е да смениш работа бидејки и да бидиш со него еден ден тоа мора да престане ти ке оставиш маж он жена не и ке останиш од двете со ништо со прстот у устата Едноставно е у грешка време сте се запознале и тоа е тоа ке се прашуваш само кај бил он пред да се омажиш
Ах Малезија, какви женкаришта, какви љубовџии, немој те молам. Некои со една девојка од средно, одат се влечат и по 10 години. На крај родители од страна на девојката сечат, мора брак. Мора брак, ама на работа колешки, по улици зјапа по 10 години помали и стигнува до закључок дека не ебел доволно. И така им почнуваат тоа аферите на работа. Дури се ергени се плашат да пријдат, ама ако се со прстен на рака, опа од ништо не се плашат оти има кој да ги чека дома дури и да ги отканта некоја. Па после патетики по форумиве. Знаеме кои сме и кај живееме, да не се лажиме.
Абе да се изнаеби ама нема ваков случај кој не се дознал. Башка, на работно место и ко за мајтап ги тераат муабетите обично. Е втората варијанта, ако ја дознае мажот и, или експресно ќе ја дислоцира или на другото не ми се помислува. Ова овде не е Америка, заебано е ако играш вака.
Ама каде се чувствата за маж и/жена му, во ситуацијава? Што сака нека прави, ама зарем толку лесно можеме да газиме преку тие што спијат до нас? Јака им душа.