Во моето соседство, пред многу години се случило неверство меѓу соседи врата до врата на ист кат што живеат. Да се изразам така ,,ги фатиле на дело". Изневерениот маж со неговата жена-изневерувач сакале да го продадат станот, но не им успеало во тоа време и останаа и до ден денес овде, исто на ист кат, врата до врата со другото семејство. Ниту едните, ниту другите не се разведоа, имаат и деца. Кои се последиците, изневерената жена се изгуби цела, двапати правеше операција од канцер на дојки (не велам дека изневерувањето е причинител, но стресот нервозите си го прават своето и излегуваат на површина на подоцнежни години), жената е ментално изгубена, не велам дијагноза дека има, но не е стабилна личност. Семејството во коешто мажот е изневерен, тој е изгубен, само јас сум 30 години и го гледам секој ден, еднаш насмеано се нема, не застанува со никого да се поздрави, како замена или за некаде да насочи мисли и грижа чува кутренце, и само со него се занимава. Неговата жена не е излезена од дома, евентуално од зграда до кола и од кола во зграда, никој 30 години ја нема видено, се откажа и од работа. И тоа не е живот. Бидејќи останувате заради децата, еве што се случува со децата. Синот од првото семејство се отсели сам со девојката си живее во стан, само што претрпе трауми плашејќи се за животот на мајка му. А, синот од второто семејство е заминат во странство, ќерката е мажена со две деца и си гледа семејство. Старите останаа и физички и психички оштетени да се гледаат до крај. Што се однесува до оженетите мажи, знам дека сте заљубени и не гледате реално, но колку е вистина тоа што го кажуваат дека се цимери со жената и дека не можат да се разделат заради имот. Ако имаат пример заеднички станбен кредит, го продаваат, го плаќаат кредитот и готово. Не дека е бајковито лесно да се направи тоа, ама не е и квантна физика. Исто во соседство, немажена жена одеше со оженет маж на кого ,,не му одеше во бракот, ќе се разведуваше зашто неговата жена е зла вештерка", правеа бебе. Женава се фалеше пред сите како е сакана, како таа другата ќе биде оставена заради неа. Исто и тој имаше деца од тој брак. Одеа и на јавни места. Наша куќна пријателка и' беше најдобра пријателка нејзе, одеше тој и на гости кај пријатели на ,,љубовницата", и' направи бебе и го снема. Си ја сакал жената и децата. Детето не и' го призна, го нема ни видено, еве таа е порасната и на факултет ќе се запишува. Тој што се разведува бара начин и ништо не го спречува, тој што не се разведува бара изговори. Не се залетувајте пред се' за да не ја уништите вашата психа со разочарување.
Kako mozes da pobaras nesto takvo. Pa ne se raboti za formula tuka. Zivotot ke te nauci. Ili sakas samo da me iritiras!?
Па како што гледаш ти не изиритира сите нас не ние тебе.Дај боже никогаш животот да не ме научи а ако веќе дојде до тоа нека биде човек и нека ми каже.А позади грб да ми спие со други и така да простам тешко.
Ne, visiot nagon za sprotivstavuvanje na se I sesto ve iritira da komentirate na sekoe mislenje. Ako vi e poznata temata odgovorete, ako ne, procitajte educirajte se, pa odgovorete, vo sekoj drug slucaj izbegnete go mislenjeto sto ne go razbirate ili ne vi se dopajga.
И во мојот случај е комшивка, куќа до куќа.Бевме многу блиски ,се дружевме ,си помагавме и сега сите сме уништени.Нејзиниот маж бега кога ќе ме види, како тој да е виновен.Таа ја немам видено надвор да излези.Овој мојов кога ќе ги води и тој бега или пак зборува нешто во моментот колку да ми го сврти вниманието.За сите е тешко,ама кога ни го копале гробот не мислеле убаво му било,е сега секој ќе си го добие тоа што го заслужува.
Ova ne zasluzuvase za replika ama veke sum ti repliciral. Potcenuvanjeto na nekogo pretstavuva cuvstvo na namalena vrednost.
Мене ми е криво што и вие со нејзиниот маж сте оштетени, а вина немате заради двајца несовесни. Напишав погоре за една што така се фалеше дека тој ќе си ја остави жената и децата, па откако и' направи бебе на љубовницата го снема, ниту детето не и' го призна. Сепак си го сакал семејството. Стандард приказна.
Браво за пишаното ! Ист пример имам во близина. Мажот цело време ние сме цимери не спиеме заедно оп женава трудна. Па не забременила бе другар од воздух ! Среќа за девојчето(љубовница ) шо се свести па се тргна од него ко ја виде жена му трудна.
Ти се наруши суетата? Треба лице да ти правам дека си во право? Таков впечаток ми оставаш, се надоврза на темата со осудување иако тврдиш дена не било буквално. Еве че ти се извинам ако се чувствуваш навреден, немав намера да те навредам или да ти ги намалам вредностите кои ги поседуваш, за разлика од тебе кој шо ме осуди дека сум јас виновен за мојата ситуација. Мисли си дека си во право за себе и остави ме мене да размислувам јас како шо сакам.
Ne mi treba lice nikoj da mi pravi, poveke sum za polemika. Glupavo e da pises za nekoj sto sè nema procitano a go poznavas samo nekolku casovi. Ti ja sledis temava za da te sozaluvaat za nastanatata situacija? Pa temava postoi i za nekoj da iskaze poznavanje po istata. Koj saka neka prifati I neka se preispita. Ova ne e klub na iznevereni pa da ja imas poddrskata od sekoj. Sekogas ima dve vistini vo prikaznata. Zosto da mislime deka povredeniot e vo pravo, samo zaradi toa sto e povreden? Nea ne I tekna vcera pa da izneveri deneska. Toa se talozi so denovi, meseci. Planiranja I planiranja. Kaj lapase muvi ti dodeka se slucuvase toa. Zenata go izneveruva soprugot a ne komsijata. Znaci nekakva pricina lezi vo soprugot a ne vo komsijata. Pricinata moze da bide i "si i se zdosadil". E sega ke reces kaj sum jas tuka vinoven. Pa vinovno e postoenjeto tvoe pokraj nea. Pomiri se so faktot deka sami sme odgovorni za nestata sto ni se slucuvaat, ne samo za neverstvata tuku seopsto.
Очигледно немаш капацитет да разбереш. Изневерениот НИКОГАШ НЕ Е ВИНОВЕН за неверството. Ако на партнерот нешто не ну се допаѓа, може со разговор да се реши, а не да изневерува. Ова што го кажуваш ти, е само оправдување на неверството. И сфати дека може партнерот да е совршен, да прави се за бракот/врската, ама има личности со таков карактер, на изневерувачи. Не се навикнати да вложуваат и градат нешто заедничко во иднина со еден човек. Најверојатно и ри припаѓаш во оваа категорија.
"Ocigledno vasiot kapacitet" da razberete deka samite sme vinovni za nestata sto ni se slucuvaat ne e dovolen.
А, како може да биде виновен ако речеме причината како што наведовте е банална ,,ми се здосадил"? Еве мене работата што ја работам 5 години ми е здосадена, не ми се криви колегите или надредениот, не сум крива ниту јас, едноставно досадно ми е. Ама и за да дадам отказ законски сум обврзана 30 дена однапред да известам, ЗНАЧИ ДА РАЗГОВАРАМ/ДА ИЗВЕСТАМ. Така ако ми се здосадило од маж ми, не е тој крив, не сум ни јас должна да седам со него, ама редно е да му кажам, да зборуваме, а не да му набивам рогови и да го понижувам, а од непознати причини да останувам во брак. Нема причина за изневерување, освен себичност, саможивост и незрелост, а и неморалност од страна на изневерувачот. Еве денес маж ми кога ќе се врати од работа планирам да му испржам јајца бидејќи цел ден не се чувствувам добро и не можам да направам специјалитет. Мислам дека сум виновна и треба вечер да оди и да ме изневери.
Ти најверојатно си еден од изневерувачите, па за да си ги оправдаш своите акции, кажуваш глупости. Си ме измешала со друга членка. Јас ниту сум во брак, ниту сум се развела.
Извини грешка. Жал ми е што си преживеала таков кошмар со бившиот сопруг,и мило ми е што си се разведила од него и си се спасила.Ама сега го живееш својот сон,ама јас мислам дека е лажен сон.Овие приказни ги имам многу читано и сама го доживеав тоа.Љубовницата од мажот ми исто се надеваше ,кога ја викнав на соочување кажуваше дека и велел ние не го сакаме,дека сака да биди со неа,дека со неа му е убаво.Јас му реков слободно да си се земите само да не ве гледам повеќе,тој падна на колена пред мене и пред децата,не молеше да му простиме ,дека многу згтешил,дека не може да живее без нас.Зошто не замина?Ти си во т.н.среќна врска со сегашниот партнер и се ти оди како треба ама мислам дека живееш само во лажна надеж.Тој ти симнува ѕвезди ,ти кажува дека со неа е само како цимер ,немаат никаква блискост.Па зошто во оваа година тој не ја остави и да бидете заедно ,без да му бидиш ти втора опција.Слепо веруваш во сите негови зборови и се надеваш дека еден ден ќе ја остави сопругата и ќе биде конечно слободен со тебе. Можеби грешам ,не знам ,ама јас после се што преживеав не верувам во ништо.Верувај во дела ,а не во празни ветувања.Со среќа.
Zosto celo vreme mislite deka go opravduvam izneveruvacot. Nikogas ne go rekov toa. Celo vreme kazuvam deka nie sme odgovorni za slucuvanjata. Ako sakate da zboruvame za izneveruvacot - pogore nekade na nekoj odgovor pisav deka ne go opravduvam, znaci toj ima cel, nadvladealo nesto so nego, ne razmisluva realno, go saka I zakonskiot partner ama saka I nesto poveke, se plasi da kaze, ne saka da ja prekine zakonskata vrska (poradi decata, poradi obvrskite itn.) Znaci napravil greska za koja sto samiot e odgovoren. Znaci sega toj e odgovoren za ona sto ke mu se sluci. Ke bide otkrien, ke gi snosi posledicite. Dali se razbirame. Ako ne si postel nemalo kogo da go izneveri. Zboruvam za sluckata. Za da ne patite resavajte gi rabotite na vreme, ne barajte odgovornost od drugiot. Toj e odgovoren za negovata postapka a ti si odgovoren za toa sto si dozvolil da ti se sluci.
Aха, значи по твоја логика тие изневерените се виновни, треба да се запрашаат што згрешиле. Бог да чува, секој греши во животот, ама дали треба да се изневерува? Како што пиша членката, ако нешто не му било ок имал уста да каже, ама неее, полесно е да се изневери. И сите проблеми магично ќе исчезнат. Виновен е тој што изневерува, не изневерениот.
За греота чоек со никакви морални вредности, почит и респект ќе кажува и бара кривица во оштетениот како демек тој е виновен. Уствари да, можеби е така, зато што сте себични, нарциосидини скапани суштества. Само себичен човек можи да изневерува и после да обвинува оштетен или рационализира. Не сум бил во брак, ама сум бил изневерен во врска.