Не, во ред е, го прочитав Вашиот одговор дека не го оправдувате изневерувачот, но го обвинувате изневерениот, затоа се одговорите. Велите дека ако едниот брачен партнер не постоел, немало да биде изневерен. Сакате да кажете дека ние сме виновни поради нашето постоење? Ова е еднакво на следнава ситуација: Ако преминам на зелено, а некој ,,несовесен, замаглен, се брзал, итно му било", ме прегази, дали тоа значи дека освен тој и јас сум виновна затоа што ако не сум постоела јас и не сум се нашла таму, тој немало да ме прегази, ќе поминел на црвено ама немало да прегази човек. Мислам апсурдна е ситуацијата. Изневерениот не е виновен, брачниот партнер можеби е виновен зошто не сакам да бидам во брак со него, но не е виновен ако го изневерувам. Ако маж ми е непоправлив алкохоличар пример, тоа е причина да се разведам, и виновен е за пропаста на бракот, но не и за изневерување.
Naucete da bidete cekor pred drugite za da imate pomalku slucuvanja poradi koi ke patite. Sprecete gi. Ako partnerot e vo drug svet, probajte da go vratite ako vi znaci, a ako ne, bidete prvite sto ke ja prekinat toksicnata vrska, ne dozvoluvajte da napravi budala od vas. Pokazete mu deka ste popametni. Neka ne ve zaslepuva ljubovta. Kontrolirajte ja situacijata. I najvazno ne mu davajte povod za neverstvo. Ako mu vnesuvate novi igri vo krevet, go iscrpuvate seksualno sekoj vtor den, sansite da pomisli na izneveruvanje se minimalni. Neverstvoto e prirodna pojava, zivotot e tezok, nosi se so zivotot, prkosi mu na slucuvanjata, ne davaj da se sluci nesto sto ne go sakas. Meditiraj, toa ke te nauci sto treba da pravis
Исто на комшика една братучедка и одеше со женет со две деца, па се фалеше неа ја сакал, со жена му ќе се разведел, па стан ќе купел блиску мајка и итн, таа имаше 20 години, тој 35, ете 15 години поминаа ниту ја зема за жена, ниту се разведе од жена му и се уште се во брак.
Го прочитав и мислам дека не ти е јасно што е брак. Не склучуваме брак јас или тој за секојдневно да размислуваме како да не дојде до неверство. Не можам јас животот да го посветам смислувајќи секс-игри. Во животот доаѓаат тешки ситуации, болести, нема да можеш да мислиш, а не па да имаш односи. И треба партнерот да биде до тебе, да излезете заедно посилни од се'. Имам колешка чиј сопруг од 40 години е болен, па го нема оставено. Да, не и' е убав животот, но не треба да го фрли на буниште. Ако ви треба само фантастичен секс, тогаш не се мажете/женете, имајте комбинации и уживајте. Бракот е станбено прашање, деца, болести, сиромаштија, богатство, сметки, школување деца, успеси и падови, а не десетминутно задоволство. И не смее при најмал проблем да бараш спас во изневерување. А, ако бараш спас во тоа при некаков проблем, тогаш си емотивно неинтелигентен.
Многу нови членови во последниве 3-4 дена, и таа членката незнам како беше разведена, па сега со женет во врска, од денес член, можеби се и тролови.
Ako ne mozes da razberes sto sakam da kazam nemora da se branis so navreda. Mislenje si e mislenje. Jas probuvam da ja objasnam situacijata kako pojava. Niti edniot go branam niti drugiot go okrivuvam, ova vazi I za iznevereniot I za izneveruvacot. Morate da ja razberete situacijata I kako da ja kontrolirate. Ne ostavajte na drugiot da odluci dali ke ve izneveri ili ne, tuku dajte mu do znaenje deka ste cekor pred nego.
Za zal ima I takvi koi izneveruvaat, nisto ne e besplatno na ovaj svet. Izneveruvacot ke plati za toa izneveruvanje a iznevereniot sega plaka za nesto prethodno.
Како? Со контрола, закана или? Еве кажи ми како би ја запрел да не ме изневери, во даден момент тоа и била потенцијален потег и да сум ја запрел, значи со такви мисли бил/а. СКапано мизерно во душата итн.
Одговори тој веќе, самото наше постоење е причина за неверство, апсурд невиден. А, јас сакам да го прашам да ми го посочи изворот за ваквата обратна психологија, баш би ја прочитала.
Da se razbereme, izneveruvacot ima blago psihicko poremetuvanje, od tamu I zelbata za izneveruvanje. Ne misli deka te povreduva samo si gi ispolnuva zadovolstvata, pricinite si gi ima toj vo glavata. Na vas e ostaveno da procenite dali ja sakate taa licnost I da go odvratite pred da izneveri ili ne ja sakate licnosta pa prekunuvate vie pred toj da izneveri(sto dobivate vo ovoj slucaj - ne patite, ste ja izbegnale situacijata) toa e ona sto sakam da go objasnam kako odgovornost koja treba da ja prevzeme "sega veke iznevereniot" . Nikade I nikogas nema da sretnete da kaze nekoj deka brakot e lesen.
Pa bidi pred neze be drugar, ako taa e kucka, naseti ja, izbrkaj ja pred da ti nasadi rogovi. Kolku psihologii imas procitano, pa da ja kategoriziras ovaa vo obratna?
А имаш ли некој совет како да го одвратиме?Освен да го заклучам во подрум незнам на кој начин да спречам.Друго ако алудираш на покорување на домаќинот,она домаќинка,госпоѓа и курва,нон стоп да е сексуално задоволен и сл,ваљда знаеш дека не е начин,зошто многу луѓе и покрај тоа што се добиле дома изневериле.
Дури ми станува смешно ова што го пишуваш бидејќи е апсурдно. Како ќе го/ја спречиш ако има наумено? Пример маж ти/жена ти е дежурен/а на работа со колега/колешка, што да направиме? А) Да му скршам нога за да не оди на работа Б) Да земам слободен ден од работа за цел ден да имам односи со партнерот за да му се смачи веќе В) Да го кастрирам за секој случај
Ништо не разбирам, изнесува свој став кој не е јасен, или па сум јас глуп и неможам да сватам шо сака да кажи. Бидете чекор пред сите, алооо се слушаме, за каков чекор зборуваш? Зар на некој му пишува на чело дали е задоволен или не и кои му се намерите??? Не оправдуваш дека треба да се реши се со разговор, а не да се прават глупости со трајни последици...
Вистинското прашање е колку психологии треба да се прочитаат за да се смета ова за легитимна психологија?
Toa e veke toksicna vrska. Nemora po sekoja cena da go odvratite. Presecete pred da bidete napraveni budali. Bidete vie tie koi sto ke pobedat