Е тие работи не се сватливи.И јас сама не можам да ги сватам .Јас не да се фалам други кажуваат,сите разбраа и се чудат како можел мене да изневери.Таа кутрата не да ја потценувам ,еве сега јас да се фалам-не,ама многу е проста не е образована одвај едно средно,нема речник на зборување ,незнај нај основни работи,во се и помагав ,не знај ни коса да среди, ни да се облечи ,ни да се нашминка.Никогаш не била на одмор ,ни кино,ни театар ни обуки,ни предавања, никакви дружења. Таа освен земјоделие (не сега јас да го потценувам земјоделието ,далеку од тоа), и работа низ дома и во фабрика ништо друго нема видено.И цело време се жалеше како нема добар живот и сето тоа придонесе за јас да ја сожалувам ама тоа скапо ме кошташе.Па понекогаш си мислам таа можеби сакаше да излези од нејзината монотонија ,ама се изгоре.Е сега и е уште полошо,надвор не е излезена.
како може да бараш помош и логика од AI (помага некогаш, ама дефинитивно не за ова), каде што AI лаички кажано има cold logic? Реков јас без чувства се тие што изневеруваат.
Ne ste vredni da prodolzam da trosam poveke energija za vas. Najverojatno vasiot mentalent kapacitet ne dozvoluva nadograduvanje. Ili se pravite mutavi ili stvarno nisto ne razbirate. Tuka ste zaradi portarski muabeti. Sum se izlazal deka ovde nekoj razmisluva. Site se vodite eden za drug. Psihologija na tolpata - kaj sto se poveke od kaj niv ke bidam, najverojatno se vo pravo. Zalno e sto balkanskiot mentalitet ne mozes da go promenis. ✌ se isklucuvam od forumov.
Ти го имаш тој балкански менталитет ало. Жена ако сака да те изневери, ќе те изневери и никогаш нема да дознаеш. Како ќе ја спречиш а? Како ја спречуваш твојата? Ја затвораш во подрум? Камера на газот и имаш ставено? Чим викаш дека ја контролираш твојата, ти си со заостанат балкански менталитет оти да спречиш некој да направе нешто може само ако го затвориш дома.
Маж да ме контролира, мало сутра. Мојов ми вика - Ако си решила да ме изневериш јас нема да можам да те спречам. Он кога е на работа од каде да знам што прави. Да не треба постојано да му ѕвонам?
Во право си,кој сака да изневери нема таква сила што ќе го спречи. Двајцата се виновни ,едниот дал знак другиот прифатил.Ако бил еден од нив свесен ќе се тргнел и крај.Ама и двајцата си сакале .И јас еве искрено да кажам сум имала прилики ,еден бивши мој од младоста ми прати покана за пријателство на фб и по други луѓе почна да ми праќа поздрави да се видиме ,ама јас сум свесна не потпаѓам под такви искушенија.Едноставно го игнорирав ,не го прифатив за пријател и се повлече.Значи секој е сам одговорен за своите грешки.И никој со сила не може да те натера да изневериш или некој да го контролираш дали ќе изневери.
Одговор, nevermind, очигледно ChatGPT e доволен. Ок, се насмеавме шо се насмеавме, ама ова веќе не е смешно.
Од некое познавање на психологијата, конкретна причина за изневерување нема. Изневерувачот има некои потсвесни мотиви за изневерување, но причинител никогаш не може да биде изневерениот. Доказ за тоа се одговорите што ги добиваат изневерените на прашањето: ,,Зошто го направи тоа?", одговори коишто сте ги добивале, претпоставувам се: ,,Не знам што ми беше", ,,Се занесов", ,,Моментално беше", или ако се нарцисоидни личности во прашање и не признаваат вина ќе ја префрлат топката кон вас: ,,Не ми обрнуваше внимание" , ,,Се чувствував осамено", но овие две не се причини, бидејќи за непосветувањето внимание или осаменоста се разговара со партнерот. Никогаш не сте добиле одговор: ,,Грд/а си" , ,,Немаш пари", ,,Прост/а си", Глупав/а си", ,,Не си грижлив родител", итн. Што значи не можат да ја најдат причината во вас затоа што и ја нема. Е, сега мотивите се различни. Наједноставен мотив е нестабилноста и неморалноста на едниот партнер. Себичност којашто не дозволува да се развие свеста кон другиот и немање страв од ризик. Ако станува збор за машко неверство, тогаш може да е и од ,,билдање его", јас можам, фраер сум, подобар сум од останатите, или едноставно срамно е за машкоста да се одбие жена којашто доброволно ти се нуди. Брачниот партнер изневерува ако нема доволно самодоверба во однос на партнерот. Ако е свесен дека партнерот е привлечен, убав, за да си покаже сам на себе дека е над него, ќе изневери. Во прилог се примерите зошто физички убавите луѓе се често изневерени. Од немање самодоверба и страв дека тој ќе биде изневерен, тој е во трка и изневерува прв. Што се однесува до женското неверство, мотивите се слични со тоа што жените веруваат во љубовни бајки, Пепелашка живее засекогаш среќно со својот принц кој ја спасува од маќеата и од лошите сестри. Е, сега таа бајка трае додека сте во врска, пеперутки во стомакот, чувство дека партнерот ќе направи сè за неа, најмногу ја сака, посветување внимание до максимум, слатки пораки за добро утро, за добра ноќ, комплименти. И во бракот по некое време удира реалноста дека тој не е принцот, а таа не е заштитената принцеза, доаѓаат реални проблеми, нема страствена тензија, нема пеперутки, не се чести толку слатките пораки, туку почнуваат пораките од типот: ,,Купи леб", ,,Фрли ѓубре", ,,Детето се разболе", итн., таа наместо да сфати дека заљубеноста од почетокот на врската преминува во љубов од поголема димензија-заедничка грижа, заеднички проблеми, градење темел по темел на семејство, таа го замислува партнерот како студен и тој не е веќе истиот човек и е во потрага по првобитните пеперутки што и ќе ги добие со љубовникот, но ќе бидат лажни. Заедничко за сите овие мотиви е отсуството на срам, себичноста и неодговорноста. Затоа, тие што сте изневерени, не се чувствувајте виновно и одговорно, вие имате карактеристики што другиот ги немал и не можел да ви парира. Ставете се за момент во кожа на изневерувач и запрашајте се зошто би изневериле (освен изневерени сте, па од одмазда да изневерите), замислете дека не сте биле изневерени, а треба да изневерите. Кои одговори си ги давате? Претпоставувам дека одговорите за изневерување лежат во вас и вашите лични причини, а не во партнерот. Пример, да замислам дека треба да го изневерам маж ми, убав е, паметен е, добар родител е, ми помага во тешки ситуации, ме почитува. Што може да поправи: подобро справување со финансии, во одредени ситуации позрело да размислува, работата му е таква што одзема доста од слободното време (ама не е тој виновен за тоа). Зошто би го изневерила (мислам не би го направила тоа, туку хипотетички), повторно од причини врзани со мене, а не со него. Така што не си ја измачувајте душата со прашања поврзани со вас, вината е кај изневерените. Единствена ваша ,,вина" е што сте имале повеќе квалитети од нив. Се извинувам што бев подолга во излагањето.
Конкретно да кажам за мажите шо изневеруваат. Кога ги иам прашано зошто изневеруваат одговорот ма сите им беше "си ја сакам жена ми ама сакам и нешто настрана" и " фасуљ секој ден не се јаде". Така да, тука причината за изневерувањето не е во жената, туку во самиот маж, изневерувачот. И за да се оправдат со тоа однесување, ја криват жената.
Таквите мажи сакаат домаќинка жена и жена за забава. А тоа не можат да го добијат во една жена. Тој што еднаш изневерува нема да се смени. Можеби ќе престане некој период со тоа, ама после пак ќе продолжи.
Да многу убаво пишува. Но пишува дека има и надворешни влијаниа што делуваат на ситуацијата. Во конкретниов случај човекот-особа А ( изневерениот ) не бил свесен дека прави нешто погрешно бидејќи сопругата-особа Б ( изневерувачпт) глуми дека и е одлично во брак, а при тоа изневерува, и не разговара за проблемите. Едноставно се е одлично помеѓу нив. Особа А кога дознава и се преиспитува да нагласам со големи букви ШТО СТОРИЛ ПОГРЕШНО, КАДЕ ТОЈ ПОГРЕШИЛ, НЕ БИЛ ЛИ ДОБАР СПРУГ, ЉУБОВНИК ИТН кој пртоа осоваба Б му вели - ништо ме понесоа емоциите, момент на занес моментален ( читај влијание од надворешни фактори- според мене неизживеаност на особа Б бидејќи млада влегла во брак). Особа А бара начин да се подобри нивниот однос бидејќи човекот не е глуп дека нешто не функционира во бракот, на тоа особа Б му тврди дека : - бил гружлив сопруг и татко. - Бил одличен љубовник. -емоционално достапен во секое време и сл ( читај мислења од човекот) Е сега има една работа која ние тука не знам да се откорнеме да ти објасниме ќе не можеме. Убаво кажа на човек на сила само можеш да му земеш. Затоа биди поздравен. Еве колку можев со инка ти турив. фазла кој може нека повели.
ChatGPT, бе... AI-то за кое експерти предупредија дека понекогаш дава лажни и непроверени информации. За кое дури и самата компанија која го смисли признава дека не е 100% точно. Единствено добро е што и самото вели дека човек не треба да се обвинува за ствари над кои нема контрола.
@tanjita Ти си над просечно интелегента особа, и максималната енергија и знаење да ги извадиш од себе, и научен труд да му напишеш џабе е, така сваќа на тој начин и тоа е, само си ја исцрпуваш сопствената енергија објаснувајќи му на "психологот". Ние сериозно дискутираме на темата, сослушуваме, советуваме, размислуваме реално, тој си тера по негово и не сваќа шо му кажуваме, и на крај ние сме неуките, мнозинството на незнајковци во неговите очи.
Аиииии ме мрзи да читам. Мислев се откажа, ама ништо хаха. За да не расони хаха. Па и тогаш неможе ако ја затвори дома, ќе скокне некој од прозор хаха, освен ако не седи и тој до неа, ама не треба ни на работа да оди.
Како оној во Ѓорче што висеше преку тераса.За таа работа толку труд и жртвување не му вреди.Дали е швалер или крадец.Абе 100% швалер .
Богами да ти кажам на вакво ладно време јас да сум швалер подобро ќе изедам ќотек него да висам преку тераса