Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    15.937
    Пол:
    Женски
    Како жити се, жената не изневерувала поради страсти?? :D
     
    На ma4e1311 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SigmaMan

    SigmaMan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    689
    Пол:
    Машки
    Не знам и не ми е гајле реално. Не сум изневерил, изневерен сум 4 пати.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Summer wine

    Summer wine Активен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2022
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Машки
    Изневерениот нема директна вина, но може многу да влијае да се случи бидејќи допринел да се случи тоа. Како? Затоа што во доста случаи престанува да се грижи за себе, за својот изглед, хигиенски навики, своето здравје, своите постапки итн. Значи во кратки црти долгорочно свесно или несвесно непочитување кон себе и кон брачниот партнер без намера да се смени и покрај многу укажувања од изневерувачот така отприлика
     
    На bebaa и mira.mira им се допаѓа ова.
  4. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.757
    Допаѓања:
    19.541
    Пол:
    Машки
    А зошто брат таква личност што не се грижи за себе итн, не ја оставиш едноставно онака речи и толку доста е. И оди после со други жени/мажи. Нема потреба од дополнителни главоболки да лажиш некого изневеруваш и после па уште психички вака да го измачуваш.

    Не е фер. :)
     
    На Snowflake92, Pixi5, Вервериче123 и 24 други им се допаѓа ова.
  5. Summer wine

    Summer wine Активен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2022
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Машки
    Тоа е друже мајка природа. Кога конечно ќе се откажеш од некој нема веќе фер плеј како што си го замислил ти. Не е тоа ФИФА или УЕФА па да има фер плеј. На непочитување луѓето враќаат со непочитување, на навреди враќаат со навреди, на лажење со лажење итн.
     
    На Spicy Senorita му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.599
    Пол:
    Женски
    Колку и да мразам неверства и лажење, отсекогаш сум била да се отворат картите уште од почеток, дали е во врска, дали во брак сеедно. Значи доколку нема глуми од старт (и кај мажи и кај жени) работите ќе одат многу полесно. А тоа дека има луѓе кои откако ќе најдат партнер се запуштаат, има такви и во двата пола. Затоа и веројатно треба многу бирање, ама и отвореност. Пример, ако тебе како маж, приоритет во врската ти е секс, треба јасно да го кажеш тоа уште од старт. Ама пак да си бидеме најискрени, вакви теми се заобиколуваат од страна на двата пола. И доаѓа до неверство, наместо уште од почеток да ја соочиш личноста, тоа и тоа не ми се допаѓа. Или ќе работиме да се смени, или да раскинеме комплетно. Не знам зошто не се разговара отворено, секогаш е или задкулисно, или брак од корист. Зошто да се замараш да враќаш емоционални долгови на партнер, кога едноставно можиш да си заминиш. Не си должен да трпиш никого. :)
     
    На AlchinovaR1979, Nausicaa, Curious cat и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    Поминав слична хорор приказна, на неверство која заврши со развод. За среќа или несреќа немаме деца. Од тоа има поминат неколку години и уште нема да поминал ден а да не се прашам со што заслужив. Одговор нема. Само секој ден се молам да дојде ден кога сево ова вистински ќе е позади мене и нема да се измачувам повеќе. Ужасно чувство. Бевме мн год заедно за накрај од никаков проблем ( барем никогаш во очи не ми кажал дека има проблем со мене) единствено на мое инсистирање ми одговори дека јас и он не сме знаеле да живееме. Се претвори во човек кој не го познавам. Не му беше гајле како се осеќам а мислев дека ќе му текне. Мислев дека нема да заборави на сите год наназад. Си продолживме секој на своја страна и жал ми е да кажам дека времето ништо не ми излечи. Секој ден одново анализирам колку и да не сакам. Искрено, нз што е полесно развод или не, но и да не се случеше развод мислам дека јас со тој човек не би можела да живеам. Едноставно ужасно боли разводот но од др страна кога ќе го сретнам он за мене не е истиот лик, напротив само болка ми навраќа неговиот лик а никакво убаво чувство. Нз што совет да ти дадам и јас го немам. Ете, колку да знаеш не има мн изневерени…

    Колку паметно кажано! Уше малку и ќе го тепаат изневерениот. А овие изневерувачите кукавици невидени. Соочете се со проблемот, а не после друг им е крив што они изневериле…
     
    Последна измена од модератор: 19 декември 2023
    На eliesaab, AlchinovaR1979, LiquidLuna и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.961
    Допаѓања:
    35.068
    Пол:
    Женски
    Изневерувачите само бараат изговор дека изневерениот допринел за тоа, како да не, нека им шара газот па други им се виновни, ако нешто не им е ок нека кажат и крај, а најлесно им е да изневерат, тоа го прават кукавици.
    И страници наназад им е објаснето дека нема врска тоа, тој што си е таков и да му е добар бракот изневерува, до човекот е.
     
    На Pixi5, eliesaab, AlchinovaR1979 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.052
    Допаѓања:
    8.179
    Пол:
    Женски
    Не читав многу на темава ама ова не ми е јасно. Во бракот сте вие двајцата или заедно со родителите? Проблемите во бракот треба да се решат меѓу брачните партнери. Зошто ако мм ме изневерил би ги мешала неговите и моите родители?
     
    На simoncelicius, IRBBB, mira.mira и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. t.a.m.

    t.a.m. Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2021
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    222
    Убаво направил чоекот ги повикал за да дознаат кој им е ќерка син и зошто дошло до развод
     
    На eliesaab, nextredstyle, BrokenMan и 4 други им се допаѓа ова.
  11. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.052
    Допаѓања:
    8.179
    Пол:
    Женски
    Тоа може и после нивната одлука што ќе прават со бракот да им соопшти.
     
  12. t.a.m.

    t.a.m. Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2021
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    222
    Штом ги повикал се знаело дека тој одлучил што со бракот затоа им соопштил...
     
  13. Lena0903

    Lena0903 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2023
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Добро направил што ги повикал, во многу случаи родителот го брани своето дете (колку и да е криво), а го напаѓа туѓото или прави да се чувствува виновно и туѓото. Така што, со ова што ги повикал ги пикнал во ќош да не можат да напаѓаат.
     
    На eliesaab, nextredstyle, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  14. t.a.m.

    t.a.m. Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2021
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    222
    Баш така.Добро е кога се ќе биде познато и сервирано на маса да се знае кој на што е и кому да се префрли вината.
    А не оној што изневерил на крај да испадне прав, така не мојт!
     
    На eliesaab, nextredstyle, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  15. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.558
    Пол:
    Женски
    Во филмот "Другиот маж" (да, има филм "Другиот маж" , со Антонио Бандерас и Лиам Нисон е) има една многу добра и точна реплика што љубовникот на мажот/изневерениот му вели "Лузерите се најопасни", нешто во тој стил беше (на него мислеше, он беше лузерот, поготово во споредба со мажот што беше остварен и успешен човек, Лиам Нисон го глумеше иначе).
    Во смисла дека баш поради тоа се спремни на се и она што на нормален човек не би му паднало ни на крај на памет.
    Значи да се има у предвид и ова.

    Филмов е иначе за маж кој откако дознава дека жена му имала афера (мислам околу 10години) станува опсесивен да ги дознае сите детаљи од аферата.
    И дотичнава фраерка како јаготка на шлагот му остави и порака да ја прочита откако она почине, дека најсреќна во животот била со љубовникот.
    Значи не пред да почине, зошто многу храбра беше за аферата , ама не и да му признае додека беше жива.
    Ова за да му го удри низ нос дополнително ваљда, или едноставно безобразлук до крај.
     
    Последна измена: 16 декември 2023
    На eliesaab, AlchinovaR1979, BrokenMan и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.511
    Допаѓања:
    22.894
    Пол:
    Женски
    А го имаш гледано "Другата жена" ( the other woman)??
    Така заслужуваат сите изневерувачи :D
     
    На Pixi5, simoncelicius, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  17. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.558
    Пол:
    Женски
    Да, и уживав до самиот крај. :D
    И потполно се сложувам.
     
    На simoncelicius, AlchinovaR1979, Adidas888 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. BrokenMan

    BrokenMan Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2023
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Машки
    Па еве вака, не ги мешав туку му ја открив вистината. Да седнев да решам се со неа, сами, па после да гледам, слушам и голтам невистини? Да бидам дел од нечија приказна која не е точна само за да ми се извалка образот додека таа ќе си туркаше се под тепих за да биди ХРАБРАТА ОСОБА КОЈА ПОДНЕСУВАЛА СЕ ЗАРАДИ "СМИСЛЕНИ ИЗГОВОРИ"... Па не сте свесни бе чуѓе чоек на шо се е спремен за да се извади од калта во која тоне...Јас не добив храброст пред нив, ниту планирав да се бламирам, барав одговор на прашањето ЗОШТО, КОЈА Е ПРИЧИНАТА? Да ме обелодени мене пред сите ако сум јас причината... Секс, финансии, изглед, грижа за себе, грижа за неа, детето, шо е проблемот, т.е. каков е проблемот...НЕ ЗНАМ, НЕ Е НИШТО ОД ТОА, МОМЕНТАЛНА СТРАСТ БЕШЕ. Среќа шо открив порано, ова можеше да трае месеци, години, самата незина не одговорност и понашање ќе ме направеа негативен и агресивен со тек на времето, и нормално, после се, крив ќе биди изневерениот т.е. јас а не изневерувачот, оти никој не прашал зошто тој така се однесува. Па не сме ние хомо хабилис да се размножуваме и сексаме како нив, немаше воопшто да ми пречи да седни ко чоек да разговара и да ми кажи каде е проблемот, а тоа е затоа што немаше проблем никаков, сама си бараше проблем, т.е. и најмала ситница и причина да го стори тоа, оти решила да го стори.
     
    На Nena48, eliesaab, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. BrokenMan

    BrokenMan Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2023
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Машки
    Мене не ми е проблемот да го прежалам поминатиот живот и почнам од нула, млад сум, не се плашам, имам и каде, и со кого итн. Мене ми е проблемот шо јас психички попуштив, го допрев дното со мојата психа, не можам да сватам ЗОШТО и упорно ја барам причината т.е. кривицата во себе, и поради тоа јас се самоуништувам, не бев тој шо бев, ја немам таа енергија шо ја имав, не функционирам како што функционирав. Т.е. површно сум истиот но во себе (духовно) не сум.
     
    На Curious cat, eliesaab, Zumbulche и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.555
    Допаѓања:
    2.952
    Пол:
    Женски
    Значи со мама и тато ли сте во брак, боже сачувај. Толку ли се цени човек да се бламира пред родителите. И што ти рекоа друже мајка ти и татко ти, мајка и и татко и? Како им соопшти дека си изневерен?
    Женати некој ти ја донесе ти да бидеш во брак со неа? Ама ми е смешно, 100 години наназад па вака луѓево не се понашале.
     
    На Mikha4, senza.parole, Калатеа и 2 други им се допаѓа ова.