Девојко, изразот твој е смешен а не ситуацијата, ама смеј си се, никој не ти го крати тоа право. Ако те интересира како, ќе ти објаснам. Ставив параван, уклучив озвучување и почнав да држам говор, па да проповедам, па да обвинувам, во позадина имав нараторска поддршка т.е. хронологија на настаните. Задоволна???
Не обрнувај внимание. Си бил на раб,ти требало поддршка од твои луѓе и нема ништо страшно тука. Освен тоа, си ја пресекол да не шири нејзини верзии.
Срамота е вакви работи да пишуваш па и по женски форуми, многу убаво си направил. Да не беше смешно ќе беше трагично. Абе ајде не зафракавај, да се правда он дека бил супер сопруг и дека не требало да биде изневерен? Извинете ама тоа е само простоќа! Ќе им кажува 40 годишен маж на 70 годишни родители дека жена му не му чини???? Хахаха каде живееме или се утепавте од тролање
Да? Срамота е? Срамота е да крадам, лажам, се коцкам, малтретирам. Ама ок, добро, тогаш роман ќе напишам, неверството на една жена BY анонимен автор.
Не е срамота ни што си изневерен, ама срамота е што лупеташ глупости. Оди пишувај роман, не туку плачи кај родители и по форум
Vo brak se dve sozreani individiu koi imaat odgovornosti.Meshanje na roditeli, negovi, nejzini se samo odlika na nesozreanost I povredeno ego. Prichinite za izneveruvanje sekoj si gi znae I se mnogu intimni. I izneveruvachot I iznevereniot mora da si gi reshat problemite koi se nivnite, Ili ke prostat Ili ke prodolzat I ke rabotat na svojata vrska. Meshanje babi,zabi I ostanata rodnina e nevkusno. Normalno sekoj ke si go brani svoeto dete I taka treba da bide.
После војна сите генерали. Ова да има логика,но кога ќе ти падне мрак на очи не размислуваш баш трезвено. Лесно е на тастатура да судиш и мудруваш...
Епа ете ќе почнам со романот. И сакам да ти се извинам шо те изнервирав премногу со моите глупости од форумов. Со 2 реченици шо си прочитала или едно мислење одма се изнервира. Не ме читај и нема да ги знаеш моите глупави "текстови", кај сакам да нервирам човек шо не го ни познавам, не, никако...
@BrokenMan Пак, тоа е апсолутно нормално, и дел од процесот. Но за да ја излечиш раната треба да престанеш да ја чепкаш, и ја оставиш да се излечи, знае она како, ти само и попречуваш. Тоа го правиш кога и самиот бараш изговори, буткаш ствари под тепих и пробуваш да "живееш нормален семеен живот", или идеш во спротивна екстрема, превише размислуваш и ја бараш кривицата во себе. Тоа е тоа нешто што те копка. "Нештото" ти е баш психата што ти укажува дека Hоuston we have a problem. Тоа "нешто" ти е како игла во стапало што пробуваш да ја игнорираш и одиш нормално, преправајќи се дека ја нема, или пробувајќи да ја "лечиш" привремено со апчиња за болка, додека телото(психата) ти кажува дека нешто не е во ред. Исто кога размислуваш превише околу дијагнози околу главата, стомакот, или што ти ја знам, повторно постапуваш контрапродуктивно. И се додека не испроцесираш трезно дека имаш игла во ногата(не во главата, раката, стомакот) а потоа и постапиш соодветно и ја извадиш иглата од ногата и стапалото, ќе боли и ќе ти "ствара неугодност". Односно се додека си во оваа неразрешена ситуација и во ваков брак без можност за вистински прогрес, комуникација, незадоволени потреби(твоите прашалници) и разрешница, ќе ти стои неизлечена и психичкото стање исто, додека се вртиш во круг. Значи потребен ти е поинаков пристап. Може да ти помогне на пат дотаму она што ти беше спомнато теретана, фокус на себе, чисто колку да те мрдне од мртва точка. Како и да е мораш да оладиш малце, и се дистанцираш. Потребна ти е дистанца, тоа е оној процес на излекување што си го пресекол кога си се смирил со неа, само и исклучиво на своја штета. Ако не физички, бар психички да се дистанцираш и оладиш, потоа и гледаш отстрана и со поинаква перспектива (затоа и подобро се помош на психолог, не сам). Ќе видиш дека едно ќе повлече друго и ќе те издигне, исто како што сега едно влече друго и те спушта на дно. Иако сеуште не си на дното, да беше до сега ќе "ти светнеше" што треба да правиш, со тоа и ја пресечеш ситуацијата во која си и направиш преокрет. Сега си пливаш комотно на пат до таму. И пак, на тебе и исклучиво на тебе е дали и кога ќе пресечеш или ќе се вртиш само во место.
Дии шо му се запнавте, ја ако добро се сеќавам он ги повикал сите да им го соопштат разводот и причините, па кој друг треба да им соопшти, па она се вратила кај нејзините, потоа се смириле.
Си читала затоа си разбрала, не сум опишал 100% ситација ама горе-долу разбирливо е. Не ги обвинувам, си имаат право на тоа, форум е, нека си се искажат кога веќе и јас сум дал исказ.
И што треба неговите да не знаат за жена му што прави??? Или пак нејзините. Можеби сметаш дека жената што изневерила треба и жртва да е и да ја браниме??? И да ја крие пред неговите и нејзините што направила можеби на крај и тој ќе излезе виновен што изневерила жема му....
А која е причината родителот да знае? А нашиве родители знаеш ли како гледаат на нашиве бракови? А сам не знае да си реши со жена му ? Епа можеби и затоа го вара, од што бракот го помешал мама и тато. Не е убаво неверството ама прво треба да си свесен сам за себе, неверство се случува секогаш со причина. Мене ми бркна во око што кажал на родителите .
Не бе жена која изневерила никој не брани, исто како и маж што го направил тоа. Туку мене исто ми боди очи што на ова поднебје премногу детали им се кажуваат на родители. Како некоја зависност да створиле постариве родители, дека се треба да им се каже, се со нив да се дискутира. И глупо е да ти кажам, од страна гледано многу просто делува.
Спојлер: . @BrokenMan Овде ќе ти одговорам. Ај пак, најпросто и јасно. Единствен проблем што е до тебе и во тебе е што бараш телото(психата) да не го прави она за што е створено и ти сигнализира дека има уљез(затоа и болката и неугодноста, односно психичкото стање) , односно да не ја регистрира уопште иглата и да си функционира нормално како пред нејзе. Тоа не е возможно, ти мораш свесно да испроцесираш и регистрираш дека имаш игла во стапалото и ја извадиш. Единствено тоа ќе го реши проблемот навистина. Не е некоја преголема мистерија, па да продолжуваш да ја бараш/кривицата во тебе(во главата, стапалото, кучето на комшијата итн.) . А да, и иглата меѓу другото е она. И да, апчињата за смирување се апчиња за болка. Се ова заедно ти го стварата таквото психичко стање, и обратно, таквото психичко стање го продолжува овој циклус, и така во зачаран круг. Сега имаш две опции, или да го прифатиш тоа и си живееш со иглата во стапалото или ќе ја извадиш/се разведеш и оставиш останатото на телото/психата да си го обработи своето. Трето нема.