Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    Многу се слагам со сево ова што го напиша. Сигурна сум дека си во право, апсолутно за секој напишан збор. Истото и јас го мислам за него. Мора да се одважи самиот и да се разведе од госпоѓа - манипулаторка која за да не остане сама и без швалерот па оддеднаш и без сопруг - кој вистински знаел да ја цени, нема да му е подобро. Едноставно, мора да ја прати каде што заслужува, со некој сличен нејзе. Но, мене проблемот кој ме мачи е како се надминува развод, сериозно ако знаеш да ми кажеш. Јас, после години сум со истите чувства и со истата болка. Не ни претпоставував дека волку е тешко или можеби до мојот карактер е..
    П.С. За дечкото, толку млад, мора да ја остави дотичната - според мене. За секое тенџере има капаче а она дефинитивно не е неговото капаче. Ми се грози од помислата @BrokenMan како можеш да ја гледаш или уше полошо да ти каже дека те сака. Не те сака, ти тврдам - манипулаторка невидена е. Го знам чувството, мн убаво но не смееме да се лажеме дека некој не сакал а ни го копал гробот позади грб и тоа ќе продолжело ако не си дознал. Освен тоа, за таквите е сигурно дека такви ќе останат, не се менуваат.
     
    На simoncelicius, Stressed Out, Nena48 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.465
    Допаѓања:
    17.111
    Пол:
    Женски
    Нема што моите да знаат за мојот брак,како и јас што не се мешам во интимата на нивниот брак.
     
    На joy1 и Malesia им се допаѓа ова.
  3. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.073
    Допаѓања:
    7.334
    Zenata Ili mazot koj vara,raskrstil so ljubovta. Taka sto nitu bilo koj od niv povtorno ke zasaka nitu ke ima doverba. Prasanje e samo dali ke prodolzat (kako zrtvi za decata) Ili ke si odat sekoj po svoj pat.
    Ako nema megjusebna neznost,pochit,sex,razbiranje,pomaganje,merak,togash ne se chudete vo stil se bese arno a eden od niv se odluchil da vara. Ne bilo arno samo se stavale problemite pod tepih, I se pravele slepi,gluvi, I se zalazuvale deka e vo red.
     
    На Malesia му/ѝ се допаѓа ова.
  4. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.558
    Пол:
    Женски
    @Dreamsdocometrue
    И ова е (до некаде) реално искуство.
    Денес за жал теретот и притисокот паѓа на изневерениот ни крив ни должен да се избори со ситуацијата и издигне психички, затоа што партнерот не бил партнер туку му задал нож во грб. И се тоа се очекува(да речеме од општеството) во експресен рок и веднаш . Но тоа реално не функционира така.
    Оние "муабети" разведи се, продолжи си со животот и готово завршена приказна што и овде можат да се видат и се добиваат како совети се гола вода. Постои измеѓу процес во кој психата реагира и се навикнува на шок, како тлото по земјотрес. И тоа е нормално.

    Две години во споредба со цел живот поготово пак кога тој некој си го планирал за истиот тој цел живот пред да настане шокот и не се толку долг временски период.
    Но со тек на време колку и да изгледа тешко и незамисливо во моментот на почеток, ќе биде се подобро.
    Само треба да се остави пак, раната да зарасне и не се чепка и влошува.

    Но и ти исто како него си продолжила да ја разрануваш раната иако по разводот, и "тивко" во свои 4ѕида и без негово и ничие ваљда знаење. И ова е пак (до некаде) нормално.
    Но ти за разлика имаш дистанца, и не се приврзуваш повторно за него со секој допир и поминат момент, топло-ладно ...
    Кога ќе се фатиш да преиспитуваш запрашај се дали ова помага уопште на суитуацијата, а и тебе, или одмага? Дали направи се во твоја моќ? Да. Дали заслужи? Не?
    Ок идеме даље, нема што да губиме повеќе време и енергија околу оваа ствар а и личност.
    И ова е како градење мускул, треба вежбање и пракса, и станува поцврст со тек на време.

    Клучот е да се знае границата до каде е нормално да се жали, и каде да се прекине и едноставно да не се навлага дополнително и подлабоко во бездната со доиспитувања, преиспитувања кои не водат нигде а поготово не надвор од неа, туку или те држат во место или буткаат уште подлабоко во неа.

    И да се прифати фактот дека некои личности се едноставно такви, и се наишло за жал баш на таква.
    Ете тебе ти е ова веќе јасно(ова првото) , на чекор понапред си.
    Кога до ова ќе дојде и како дали по макотрпен пат или "побрз и лесен" зависи од личност до личност, карактерот, потоа и претходни не/искуства, колку се има вложено, инвестирано, произлезеново односот и сл.

    За потсета,
    Кога си во бездна излегуваш од неа чекор по чекор.
    А уште побитно без оној што те бутнал во неа и не се кае за истото.

    :)
     
    Последна измена: 17 декември 2023
    На Marta91, Elenpelen, MikicaBt и 3 други им се допаѓа ова.
  5. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.073
    Допаѓања:
    7.334
    Nashiot mentalitet I vospituvanje na momchinjata I devojchinjata se kombinacija na tursko, so nekoja mala modernizacija. Koga ke stapat vo brak mladite seuste se mentalno I materjalno zavisni od roditelite.Majkite na momchinjata a vo ponovo vreme I na devojchinjata se mnogu dominantni I se meshaat poveke Ili pomalku.
    Neverstvoto e samo pukanje na tikvata. Eve primeri od okolinata koga zavrshile so neverstvo,dolgotraen horor I razvod.
    1. Mazot tolku se ispovedase na majka mu ,taka sto svekrvata se znaese vo nivniot brak,od toa koga snaata dobila ciklus, dali zakachila candida I dr. I normalno taa baba bese mnogu "zagrizena" I si prashuvase kolku I kasni , dali zema canesten itn.Site molbi da ne se ispoveda I ja narushuva nivnata intimnodt ne vlozija plod. Potoa odese vo pravec snaata ne znae da gotvi, ne znae da odbere omeknuvac za alista...Partnerite se poveke se odalechuvaa.Mazot pochna da ja vregja zenata,ko nesposobna, ne e kako majka mu pa si gi nosese alistata taa da mu gi pere zasto zena mu mu gi unistuvala alistata..
    Kontinuirano omalovazuvanje, nepochit I tolku e, eden puka I izneveruva I razvod. Mozebi neverstvoto e samo katalizator da se razdelat I da ja prekinat na vrska koja ne funkcionira 15 god.
    2. Mazot patese od depresija koja ne sakase da ja lekuva. Ne prifakase psihoterapija, semejna terapija ni lekovi,vo stil doktorite nisto ne znaat. Nemase potreba od intimnost,so godini nemaa sex.Zenata stanuvase anksiozna, histerichna, Vrv na toa omalovazuvanje, predebela, parfemot ne I bil ubav, kosata I e predolga,prekratka, za nisto ne ja bivalo... Pak neverstvo, vljubuvanje I razvod.
    3.Zenata domakinka poleka nemase kontrola nad alkoholot. Vsushnost mazot non stop na pat, taa so decata ,sama vospituva,raste ,reshava problemi...Toj od 365 dena 250 na pat. Demek da zaraboti,kuka,kola,vikendica... A vsushnost vo taa trka ,se izgubija, toj si napravi paralelen zivot so zena vo stranstvo I se razvedoa.
    4. Taa dobiva rabota vo stranstvo, toj ne saka da se seli zasto ima obvrski kon roditelite Patuvaa nekolku godini I demek funkcioniraa od dalechina se dodeka nejzinata intuicija ne proraboti , pochna da proveruva rekla kazala muabeti. Ne mozese da go fati na delo dodeka ne stavi kameri vo vikendicata vo spalnata soba.Za edna nedela se I bese jasno.Se razvedoa
    5. Edno utro taa se budi I sfaka deka ne go posakuva.Ednostavno ljubovta zavrshila. Ne moze da si objasni koja e prichinata,ama ne go saka.I tolku bese.
    6. Posle 20 god brak toj I priznava deka konechno ja prepoznal svojata sexualnost I e vljuben vo nekoj dechko.Vrskara trae so dechkoto I si ziveat zaedno.

    Znachi bezbroj prichini, no zivotot treba da odi napred a vrskite da se zasnovani na zdrava osnova. Neverstvo znachi neljubov, brachno,vonbrachno seedno.
     
    Последна измена: 17 декември 2023
    На Malesia му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BrokenMan

    BrokenMan Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2023
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Машки
    Девојко се читаш шо пишуваш или да се тресни некоја зелена, си прочитала два збора па се запна мама де тато...Затоа и ме варала, сум ги мешал мајка ми и татко ми, да, од австралија дојде мајка ми да ми се меша. Шотуку тресиш глупости не изживеана една, ај не ме замарај со твоите глупави ставови (ко коњ само право и ништо наоколу). Па и го критикува поднебјето наше, која си ти да критикуваш?
     
    На Bratot, eliesaab и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  7. Summer wine

    Summer wine Активен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2022
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Машки
    Мора да знаат родителите за нивното чедо, да дадат барем совет за некоја ситуација ако не се моќни да помогнат.
     
  8. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Изневерениот НИКАКО НЕ допринесува за да биде изневерен.
    Ако нешто не му се допаѓа на партнерот за тоа се разговара, не се изневерува.
     
    На Pixi5, Трагедијаупмм, Dreamsdocometrue и 5 други им се допаѓа ова.
  9. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.803
    Допаѓања:
    325.324
    Пол:
    Женски
    Грешка си сторил со тоа што си ги седнал сите на маса да вадиш прљав веш од вашиот брак.Уште поголема грешка е што нему си му се јавил.За ништо на светот не би се понижила и не би ѕвонела кај швалерката од маж ми(ако еден ден дознаам дека ја има).Си требало клоцата да им дадеш и на двата и со крената глава да ставиш крај на оваа фарса што ја нарекуваш брак.

    Ни ти ја сакаш неа, ни она тебе.
    Со неа си оти немаш храброст да признаше дека ‘си изгубил’, друг ти ја зел сопругата,не си бил доволен.Па како давеник за сламка се држиш за тоа нешто ситно што останало од вас.

    Она не те сака одамна тоа е факт.Во спротивно не би спиела со друг неколку пати.Видела дека вториот нема да ја земе после откривање на аферата,па сеа за не си најубав,најпаметен,нај се.Не си.Само нема каде да оди.Па ако може да ти замачка очи и да остане во удобноста на домот што да не нели?

    Искочи од оваа играа додека скроз не сте се упропастиле еден со друг.Имаш време да изградиш нов ,поубав живот настрана од неа.Нека остане само како мајка на вашето дете,ништо повеќе.

    Џабе лепиш..верувај пак еден ден ке пукне се,само во мн полоша форма.
     
    На winnie02, Skorpija25, *Amethyst* и 25 други им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.404
    Допаѓања:
    114.555
    Пол:
    Женски
    Затоа што еве уште се заедно, во каков таков брак, и освен тоа дека сега и родителите знаат за неверството и никогаш нема да ја гледаат со исти очи ништо не постигнале.
    И тоа што неговите сигурно еден ден на детето во лутина ќе му речат: Мајка ти е курвештија го вараше татко ти итн итн..

    Проблемите во бракот се меѓу мажот и жената. Причината за развод е за мажот и жената. Таа/ тој се родителни на внучето. И цел живот тие баба и дедо ќе ги гледаат.

    Подолно од тоа што кажал пред родителите па и се јавувал кај швалерот нема!!!

    Ама тука имаме еден момент: Егото на мажот!!! Да се испере пред тато и мама дека еве она не чини, а не јас дека не сум во ред.
     
    На evangelina.ina, Dust, Malesia и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.509
    Допаѓања:
    22.878
    Пол:
    Женски
    Така праеше и мојот бивши, ќе се скаревме, ќе дојдеше до оставување и одма мајка му ја викаше за да и кажува дека он е правиот а јас кривата шо сакам да го оставам.
    Ова е повеќе нарцисоидно однесување, желба за докажување дека он е во право.
     
    На Skorpija25, Malesia, st-el и 7 други им се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.404
    Допаѓања:
    114.555
    Пол:
    Женски
    Јас не знам што мислат дека ќе постигнат со тоа. Ќе ме земе мајка ми и ќе ме истепа? Возрасна жена?
    Ако сака да вара ќе вара. Крај.
     
    На Malesia, Skyler, mira.mira и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.509
    Допаѓања:
    22.878
    Пол:
    Женски
    Со тоа сакат само лошо да напраат, во случајот на членот шо го напишал тоа, он сака да створи јаз помеѓу жена му и нејзините родители. Никој да не ја подржува неа, а него да го величат. Одмазда.
     
    На Skorpija25 и mira.mira им се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.404
    Допаѓања:
    114.555
    Пол:
    Женски
    Е***ти мажот.. земаш, седнувашз развод и чао!
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.509
    Допаѓања:
    22.878
    Пол:
    Женски
    Разговорот и разводот е за зрели возрасни личности, се друго е производ на детски недоквакан мозок.
     
    На nena2010 и mira.mira им се допаѓа ова.
  16. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.723
    Допаѓања:
    14.561
    Пол:
    Женски
    Малку претерувате со "мешањето" на родителите,небаре ако се разведеа родителите немаше да дознаат која е причината. Не мислам дека членот пиша дека барал совет од нив или им кукал,туку само ги информирал и подобро така отколку да разберат од комшиите пример. Не гледам тука такво "мешање" какво што му накалемивте.
    @BrokenMan за се друго се согласувам со последните мислења,бегај човече,од тоа брак не бидува,таа е тежок манипулатор,ниту те сака ниту те почитува и ќе станува полошо верувај,се до следна прилика за неа.
    Зошто се измачуваш и ја бараш грешката во себе? Ти си со погрешна особа,токсична е,те влече кон дното,ти ги имаш конците,спаси се....еден ден ќе бидеш многу горд на себе.
     
    На BrokenMan, *Amethyst*, Anyshka и 7 други им се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.337
    Допаѓања:
    126.132
    Пол:
    Женски
    Ова звучи како да сакала или можела она да ја преврти ситуацијата. Па, он се осетил „приморан“ да ја открие пред нејзините.
    Што и не е проблем бидејќи тоа го сторил пред нејзините, не пред комшиите па да му викате овде.
    Секој може да продаде своја верзија на настаните на своите родители. Секој или речиси секој родител попрво би му верувал на своето дете отколку на друг.
     
    На *Amethyst*, Stressed Out, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.712
    Допаѓања:
    149.572
    Пол:
    Женски
    Не сте свесни колку е лесно да се дава "совет" ако никогаш не сте го преживеале ова.
     
    На Herrera, Stressed Out, bebaa и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Nena48

    Nena48 Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2022
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Tocno,ne mu posakuvam na nikoj da ja oseti taa bolla.
     
    На M&M и Anyshka им се допаѓа ова.
  20. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.961
    Допаѓања:
    35.067
    Пол:
    Женски
    Знаеш како е, секој си го брани своето, така да членот си знае зошто постапил така, и мене неговите пример да ме напаѓаат дека јас сум виновна зошто не ни успеал бракот, а да не сум, па ќе им ја кажам вистината на крај краева, сега не баш до детали, ама ќе им кажам да си го погледнат прво своето, па туѓото.
    Инаку кога не би се мешале, со разговор ако решиме што ќе правиме понатаму, не би кажала ни на мои ни на негови, што има да знаат зошто не ни успеал бракот.
    Ама ако ме напаѓаат мене, во афектна ситуација се можам да им кажам.