Верувај дека никогаш не признаваат неверство и тие никогаш не се виновни за ништо. Исто беше и со нас, јас сите слики, разговори и се што правеше му фрлив во лице, но дури и тогаш не признаваше , секогаш се вадеше дека биле лажни профили, дека тие него го барале не тој нив, дека тоа го правел од досада, ама не изневерувал, и на крај вината ја префрли врз мене , изневерувал затоа што јас не сум му обрнувала доволно внимание и не сум знаела да му го здржам вниманието да е само со мене . На крај знаеше да ме нападне како сум се осмелила да го проверам. Биди внимателна со манипулатор невозможно е да се разбереш.
Имаш агенција од Ск Наплаќа 100 е од ден Ако има нешто до 7 дена наоѓаат докази слики видеа снимани разговори Ке земеш се тоа ке платиш 1000 е најмалце И шо после тоа?
Ако дечко па и маж кога ќе му го побараш телефонот, ке ти го дае без никакво размислување, е тој е маж за верба запамтете
Ееее седи, и бившиот даваше даваше па на крај разбрав со пола град се шврљал. Ама битно телефонот чист му беше
Така ако размислуваш и комшијата мој во старо мало во битола зборвај со него од добар предобар тивок на мрава не гази, а во млади години си ја заклал жената и 20 години бил во затвор така да не е мерило, ценете си сами
Епа тоа викам Телефонот тешко да е мерилото за верност, ама те разбрав. Ако крие нешто, ни од далеку нема да го видиме телефонот на партнерот
Тоа ми беше муабетот, али ете има како бившиот ти, ваљда бил голем анонимус, или па има и такви што одат чекор потаму, што имаат екстра телефон што никој не им го знај.
Па и јас си имам пасворд на тел., што има мм да ми чита разговори со другарки, не значи дека го изневерувам, не ми чепка тел ни јас него, ако си немаме доверба еден во друг, џабе е се. Еее тој што изневерува ќе најде начин. Може да има и друг телефон ако е за тоа и на тој да го бараат, се е можно. Убаво пиша-телефонот не е мерило за верност.
Може е законски може не е законски Даваш инфо која особа сакаш да се следе И ти викаат ако има нешто за 7 дена ке испадне Ја следат особата и ја прислушкуваат На крај слики видеа и аудио имаш и ти кажуваат сеа е таму моментално ако сакаш да отидеш Ова еден маж и го направи на сопругата и на лице место ја фати со друг
хахаха мисли си 10 години исто мислење имав тој што сака и може, што го кошта се да избрише од тел пред да влезе дома