Моја блиска пријателка го фати сопругот со ставени апаратче за следење на колата и со друго оставено апаратче кое беше направено да се активира кога некој зборува во кола, и да го снима разговорот. Ништо не беше од детективски филм... 21 век сме. Жената се сомневаше, ги нарача стварите на моја адреса да стасат, ги стави и го фати идиотот.
Ти и јас имаме поминато низ истото. Мој бивш исто вака болно љубоморен а јас ни грам не сум. И така не смеев да погледнам, некој ни здраво да кажам на луѓе со кои сум растена. За на крај и да добијам шамар. Поубаво во живот не сум се чуствувала, кога конечно му раскинав и со солзи радосници излегов и никад не се свртев назад. Ме демнееше после тоа плачеше преколнуваше ама нееее, никад веќе. После од километар ги познавам таквите . Затоа и не трпам љубомора. Не сум воопшто љубоморна ни маж ми не е. И да ми покажел некад нешто малку љубомора сега немаше маж да ми биде. Што подалекууу од такви психопати, било маж или жена. Тоа е се само здрава врска. И јас бев дете сеуште 18 години, и не знаев како да излезам а сакав.
Hahaha, mlada sum,vo brak sme, ama nikogas ne sme si zemale telefoni megju sebe, toa e privatnost, sekoj si ima pravo na SVOJ zivot, i ne se site maski ljubomorni, a ljubomorata poteknuva vo povekjeto slucaj od NEDOVERBA, a aku magnupot e 10 godini pogolem od tebe i e pameten, toj treba da te nauci kako treba da izgleda edna seriozna i pravilna VRSKA, ne moze mene maz mi da mi cita i da mi vrsi pritisok za nesto so pisuvam ,pr.: so majka mi, drugarki, drugari!!! Tie raboti se privatnost! A i veruvaj so poveke gledas sekogas ke ima nesto za da se iznerviras, hh
Може само сопственикот на бројот. На другарка ми и маж и, броевите им се на нејзино име и таа му извади детална. Е сега, мислам имаше опција преку апликацијата ама ќе му стигне код или меил нешто така. Ти да ја симнеш апликацијата кај тебе на телефон и да го пишеш неговиот број, па пример кога ќе спие да средиш со кодот. Не знам точно како функционира, ќе мора да пробаш.
Ако си на а1 има начин, само ќе ти треба на кратко неговиот телефон, да го пишеш кодот што ќе стигне. Потоа е лесно
Не би трпела љубомора ич.. Ех какви не ги имало љубоморни. Најчесто љубоморните биле со мувата на капата. Здраво да не смееш да напраиш... Да не смеам кај другарка на кафе... Абе ќе си ја прашам. Е кога маж ми ми стана дечко, се некако природно си се намести. 13 години сме заедно, никогаш немало излив на љубомора, немало караници, раскинувања, паузи или не знам какви глупости. Да не збориме по неколку дена и слично. И верувајте, децата гледаат и учат. И така се станува насилник, љубоморен итн... Тоа е стекнато и научено, односно детето тој однос го смета како нормален, зошто тоа го гледал додека растел.
Познавам жена што мажот и во странство рмбачи и и праќа пари а она овде се швалерисува дури и се заљубила во швалерот.луѓе не ми е јасно како може корка леб да си стави во уста од тие пари што и ги праќа никако не ми иде во памет.зарем нема грев до толку ли е.ако има потреба што не земе една карта да си отиде кај мажот на недела на 10 дена да се издува со сопствениот сопруг.Оф боже какви луѓе има.
Ах, ми го зема зборот од уста. Ама и да е така, треба да не не интересира дали нечија жена или нечиј маж се швалерисува. Не се научија дека треба својот двор да си го гледаат и да си го зачистат.
Јас шо иам видено тука, да ти кажам оти ич не се за жалење. Они фактички бегат тука за да уживаат. Седат години и после се враќаат дома со 1000 - 1500 евра а овие наивкиве дома им се поклонуваат . Се намачил он да извади а он од журка на журка, од проститутка на проститутка.
Секој човек не е ист станува збор за заљубен во својата жена мирен повлечен.не сум до толку да неможам да проценам знам што сакате да кажете но не е таков тип.затоа и прави она така ко што прави.
Не кажавме ние оти сите се исти. Ама за мажите, заљубеноста и преварата ( сексот) немат баш никаква допирна точка. Запознавме многу тука, и наши и не наши, сите викаат дека се заљубени во жените ама во исто време викаат дека секој ден фасуљ не се јаде.
Сите кои ме читале знаат дека имав маж со кој бевме 5год заедно се на се. Сакав да верувам дека никогаш не дошло до неверство. Од како се разведовме после година две он се ожени со колешка која ја запозна додека бевме во брак. Уште тогаш викав имам сумња дека ме вара. Отпосле бев убедена дека ме варал со неа. Ама никогаш не покажував претерана љубомора проверки и сл. Си викав абе ај не е тој таков. Епа таков бил. После 5 год ја превари сегашната сопруга со мене. Наводно ке се разведе да ми се врати, ама ја сум требала да чекам, месеци или години. 2 недели издржав размислив и прекинав. Кажав се на жена му бај д веј. Никогаш не сум била со зафатен човек у било која смисла, не можам јас тоа. Овој пат прекршив правило мислев можеби ке вреди за татко на моето дете. Ноуп. Они останаа заедно, нормално(за неа). Значи варал, вара и ке вара. Донт нид дат шит.
zdravo. pred 5 meseci se zemav so soprugot, zaedmo sme veke godina ipol a pred nepolni 2 meseci se porodiv. moram da priznaam deka za vreme na bremenosta se opustiv i nakaciv na kilaza pri sto dojdov na malo ismevanje od negova strana, iako sekogas zavrsuvase so toa negovo branenje kako on se seguval. pred nedela dena na telefonot negov zaprimetiv nesoodvetni muabeti so nekolku zeni, duri i nesoodvetni sliki. ednoto devojce sto e duri i pomlada poveke godini od nas, jas sum 24, bese vrabotena vo eden restoran koj sto cesto go posetuvavme za vreme na bremenost, i mekicite od negova strana bea proslaveni bas tamu so nea, kade sto otposle mi bese preneseno deka imale dosta golema bliskost vecerta. on raboti istovremeno i online, i dosol do prodazba na samoto devojce da i ponudi kade sto prifatila, i cesto se slusaat menuva tonalitet, se dopisuvaat, i veke paswordot na telefonot gledam e smenet, sekade kade i da odi so telefonot zaminuva. za nekoi od razgovorite sto gi zabelezav mu priznav, i on samo se odbrani kako toa bile momenti na slabost i nemale da se povtorat. mene iskremo veke se mi e izmesano, i neznam dali mozam povtorno da mu veruvam. vas sovet?