Не треба да му веруваш! Не треба лесно да поминеш преку ова. Човек што е во состојба да мисли на варање во таков момент во НЕГОВИОТ живот, кога првпат станува татко некому, помисли што ќе е спремен да прави во другите моменти. Нагонот за секс може е јак и фрустрацијата на половите потреби знаат да бидат тешки за издржување, ама тоа е она што не прави суштества со повисока свест од животните. Така да моменти на слабост можам да разберам ама едно е да ги осетиш, друго е да им се препуштиш. Неговото објаснување било уствари признание на вината и со тоа што рекол дека е во слабост се обидел да го претстави во твои очи своето недолично однесување како нешто не многу важно, да го потцени. Зошто ако ти гледаш на него како на кикс, нема да реагираш бурно на него. А реално работава е толку алармантна што треба да види од тебе соодветна реакција. Како ќе му покажеш дека си лута, дека такви "киксови" не толерираш и нема да толерираш зависи од тебе. Кога велам дека неговото однесување не е ок како и да го гледаме не се обидувам да наметнам некои норми за тоа како треба да се чуствува секој човек кога ќе добие првпат дете. Од претходните искуства зборам и од нашето искуство кога станавме родители. Буквално бевме во еуфорија, вљубени до уши во бебето(дури си признавме еден на друг дека сега има нова личност во нашите животи што ја сакаме повеќе од другиот, тоа ни беше ново чуство). А немањето секс, немањето сон, болката физичка, физичките потреби воопшто, ни беа ставени негде на страна а фокусот ни беше бебето. Кога пркна бебето и јас се опоравив, тогаш почнавме да мислиме на своите потреби. Заради бебето првично, а потоа и заради љубовта кон својата партнерка мажот се грижи таа да е во ред, физички, психички и емоционално. За да може таа да го преброди тој животен предизвик и да биде најдобро што може за себе и за нивното дете. Ако во моменти кога ти си снеможена, ранлива, зафатена, фокусирана на себе или на децата тој тоа го користи за да шврља, што мислиш каде ќе биде за тебе во поголеми маки? Бракот е и за добро и за лошо. Недајбоже, ама во животот се се случува. Ако не е спремен да биде покрај тебе во моментите кога ти не си ок, може треба да си признаете дека тој не е спремен за брак, за живот со партнер во заедница. Дали е тој спремен и да дава или само да зима? Ако нема сочуство кон жената и децата, само своето го гледа, нема заедништво и слога, нема здрава врска.
Откачи ваков маж, нема да се поправи тој си е таков. Во најубаво светло се покажал уште на почеток на брак. Не поминувај низ ова. За слабеење ти ќе си вратиш килажа ама тој секогаш ќе си биде така глуп.
Никогаш нема да разберам маж шо може да си ја изневери жената во тек на бременоста и поспартум. Не дека у другив случаи ги разбирам ,ама во најчувствителните моменти да и свртиш грб на партнерката ми е одвратно.
Прашај го дали ако ти почнеш недолични пораки да си пишуваш со други мажи, да се драпаш со него дека курот му е мал, па после демек хехенце се шегувам, или пример да се зближиш со некој друг маж дали ќе му биде океј тоа? Или тогаш курва најголема ќе испаднеш.
Каква бе доверба после се ова што прочитав? Нити треба да имаш, нити ке имаш некогаш. Треба да се разведеш и да го оставиш мажето под хитно. Дно дна е човекот и се ова што го прави. Ми се повраќа од вакви мажи што ја вараат жена си во најранлив период во животот што може да постои за една жена. Јас со очи не би можела да го гледам, не па да се прашувам дали можам да му верувам, страшно.
Дури и слики? Молам? Не да не му веруваш, туку фаќај си патот од кај овој што побргу, ама најискрен совет, како бре побогу женет човек, што му се родило и дете, да пишува се и сфашта со други многу помлади девојчиња од него, па и несоодветни слики да си праќаат?!?!?!?!?! Не барај ни совет, со бебенцето и кај твооте доколку можеш, или пак и сама под кирија, зависи какви ти се условите, ама овој нит е маж нит е татко, со вакво поншање. А и како бе им текнува на други и имаат време за други, при толку мало бебе дома? Зошто не се позаангажирал за бебето или за тебе повеќе? Одвратен е.
Затоа што направил дете, а он е самиот дете со оглед дека има 24 она и тој да е горе доле тука со години ти е исто како дете да чува дете и нормално младо гледа да го брцне негде на страна зошто не му е дојдено до фамилија т.е. ни е ни свесен дека има, а нејзе ја мисли наивна дека е.
Те разбирам, ама зошто праиш деца ако сакаш да го брцнеш кај што ќе ти се пружи прилика? Зошто жена ти треба да го трпи твојот сељачки нагон? Ако не ти е дојдено до фамилија, не земај жена, не прај дете, биди сам и прај што сакаш. Ама џабе збориме нели, неизживраноса е лоша работа.
Види они се година и пол заедно од кои 5 месеци во брак малтене само што се запознале она останала трудна. Има некои без разлика на време колку се знаат прават беља и свесни се си го тераат животот понатака али реткост е тоа. Се знае маж после 30та година или е созреан или не е ако не е на 30 нема никогаш да созрее. Али уште владее кај нас шѕо ќе кажат роднините и комшиите па ќе се земеме и тука произлегува семејно насилство,неодговорност, караници,расправање,токсична средина. Си направил дете океј живеј освоено подобро дете со 1 родител здраво право одколку да трпи тортура. Се знае маж што е. Кога има фамилија тоа е приоритет ако сака да излезе ќе праша имаме обврски? Дали можеш сама да бидеш итн. А не киснење на телефон тој имал време за јебозовни муабети зошто бебето го чува некој друг.
Ама па и женава е крива тогаш, ако знаела што е и како е, не треба да си дозволи да праи деца со таков човек. Ама шта је- ту је.
Ima takvi eheheee.... Radi dete se zemaat, posle ušte nekoe kje napravat, u megjuvreme se karaat i na kraj se razveduvaat...
Јасно ама тука не се размислува за децата туку за самите нив тоа е себичност се знае што е брак не е секогаш хармонија ама да има баланс вреѓање,пцуење, дома да не се прибира после секоја караница или да кисне по кладилници, кафиња,салони итн не е никогаш во ред макар и еднаш да се случи.
I da nema toa, ako ima kavgi sekoj den, derenja, nerazbiranje,ninaetenje i raspravii ne čini Pa sebičluk, što kje kažela okolinata ako ne se zemele a trudna bila, golema rabota Ili pak pretenje ako ne me ženiš nema dete da gledaš
Да ве прашам колку време треба од поднесување на развод до реализација? Прашањето ако не ми е за тука слободно подместете го.
Како да не, баш годините имаат врска дали некој ќе шврља или нема. Демек оние 30+, сите се од зрели, позрели и само право гледаат... Секако. Човек кој го има она нешто, ќе го има и на 25 и на 55.
Татко на бивши мој, имаше околу 55 години (+-) кога умре жена му. После нецел месец си донесе дома, друга жена. Си се знаеле од порано. Никој, никогаш нема да ме убеди дека не му била нешто повеќе уште пред тоа. Вол. Не бил навикнат да седи без жена. Ден денес, ја жалам жената за погрешниот избор на маж.