Има заѕоа што ретко се тие кои од 18 имаат еден партнер до крај. После 30 не те мава пубертет додека од 18 е почесто изразено. Да не го зборам фактот за тоа ете сега оатана трудна и МОРА да се земеме па тоа набива притисок и некој почнува лево десно да оди. Не викам дека и на 40+ и 50+ го нема али не е толку застапено и се зависи пд ситуација дома ако некој кога ќе дојде дома се е со викање, нервоза,префрлање,интимност(не зборам за секс само) нормално е дека некој ќе почне на страна да оди сигурно нема дома да дојде и да го живее тоа цел живот.
На работа се зборуваат муабети од типот : Да ми го пу*иш. Ќе ти го напикам у г*з. Ќе ти го напикам ку*ов. Ма*ината ќе ти ги нз што ( колега на колега) Ќе се исер*м овде ме боли стомак, ќе ви мириса на сите. Ќе пр*днам. Пи*ка у г*з. Види ја оваа со циц*ве, да и пијам од млекото. Гледање срамни клипчиња. Ние од Драчево, можи сме подалеку од таму и таму ама сме поитри и по снаодливи. Ѕвонат мобилни, ставени на звук, се гледаат со камери со сопрузите. Се лутат кога некој ќе им преречи нешто. Дали до мене е нешто? Не можам повеќе да слушам глуспоти
Не знам дали у грешна тема имаш пишано, али не можеш да збориш со HR? Сигурно ваква малограѓанштина не ти смета само тебе...
Грозно за читање ,не па за слушање. Не верувам дека можеш некаде да се жалиш, кај родителите не си ги воспитале децата.
Нема врска шо си во грешна тема. Јас имам еден колега да го речам ама во друг оддел е о е исто вака вулгарен и безобразен. И кога одам натаму му имам речено пред мене да се однесува со културен речник како што доликува. Додуша и таква ми е позицијата. Можеш да им кажеш лично пред сите ми смета вашиот речник пред мене не сакам и толку.
Со тие колеги ќе седнеш да разговараш и ќе им кажеш дека ти смета и не сакаш кога сте заедно да зборуваат така,да користат вулгарен вокабулар или да гледаат вулгарни клипови.Ако им се допаѓа тоа нека си прават така дома,се знае како треба да се однесуваме на работа.
Немате ли логс од компјутерите? Систем Админ мора да има пристап и да ја следи цела историја на сите електрични уреди на работа. Ако гледа некој вработен срамни клипчиња на официјален уред, се знае дека ќе следи повик кај НR. Ако не, повторно може да пријавите и да го испеглаат малку за недолично однесување. Сигурно во договор му стои дека не смее така да се однесува.
Не може, на телефон си гледаат. Еднаш се случи тоа, и сега тоа што е видеото знаеш со жената шо плукаше.
Да ви споделам само какви манипулатори има, на човек косата да му се крене и да не знае кај да бега. Една моја колешка од работа, која е душа човек, мажена и со две мали дечиња од 5 и 3 годинки, дознава дека мажот ја вара веќе скоро 2 години, така што на швалерката и доаѓа преку глава од мажот и решава да ја извести жена му т.е колешкава за ситуацијата. Замислете идиотот додека ги носел децата во игротека ја викал неа на кафе, ако чувал деца дома сам ја викал и дома. Среќа па оваа имала памет и тоа го сметела за нешто одвратно, па не отишла. Ако фатела нов дечко, веднаш и ја упропастувал врската. И зборел лоши работи за жена му, недомаќинка, неработник, а што жена му ги израсна двете деца сами, без ничија помош, а и покрај тоа беше навредувана, омаловажувана и се друго, е тоа е небитно. Со жена му игра топло ладно, те сакам и не можам без тебе, до оди си не сме еден за друг. Она се сомнева и дека ја изневерувал и кога била бремена. Јас не знам како да ја утешам, немам зборови. Да сум на нејзино место мислам би го убила. Што стана со машкиот род?
Ова е многу јако, "на швалерката и доаѓа преку глава од мажот и решава да ја извести жена му т.е колешкава за ситуацијата." Ако била доблесна и сакала да и укаже на женава со какво говедо живее ќе и се обратела од старт и немала 2 г да се плетка со говедото. Ако не па ај медаља за искреност нека и се даде. Сакала да си расчисти терен, толку
Едно бате така се мува со едно чупе шо работи во игротеката, а си ги носи децава на играње, не знам ни таа шо има во умот, ама тој сељак, ја видам жена му може и ќе го кажам.