Zdravo na site ve molam pomos bidejki ke pobudalam...vo brak sum 15 god.so 3 decinja domakinka sum celo vreme sum doma so decata..e sega kako from od vedro nebo maz mi me obvinuva za neverstvo sto si nema vrska me ubeduva deka on se znae deka videl deka snimal...mu velam pa daj gi snimkite...ne gi dava..mu velam pa sto ne si dosol na lice mesto da me fatis kuti ....me kleveti za besto sto navistina ne sum napravila bukvalno ke pobudalam....I eve zapnal ke ne ostava I mene I decava....a navisti na nisto nemam napraveno....I listi od tel.mu izvadiv I se...ama gjabe....nezz ova mnogu cudno.....mi vika ti ne me pravis sreken moze druga ke me napravi....jas nezz veke se sto saka pravam.....I pak nesum dobra....mnogu. I e tesko...mnogu....
Рачка за да те остави. Може тој си ја има мувата на капата и веќе нашол некоја, па вината на тебе ја префрла, да си биде тој чист за глупостите шо ги има направено и тебе да те оцрни.
Da sklepa 3 deca i posle tolku vreme da si najde druga i da gi ostavi decata e pa toa e brate zemi kopac i utepaj takva budala
Нека те остави, услуга ќе ти направи. Ама да си најдеш добар адвокат, голтар да го оставиш. До последен денар алиментација да плаќа. Ти ги прочитав претходните мислења, си имаш работа со тешка психијатрија по дома, а ти се лечиш. Ете ти го одговорот и лекот за анксиозноста. Дибекот што го трпиш дома. Не дозволувај рака да крене на тебе уште еднаш. Што поинаков совет би ти се дал, кога едноставно си имаш работа со погрешен човек. Ќе се тресеш да се докажуваш дали или не го имаш изварано. Што сака нека си мисли, а ти доста даваш шанси и почни да бараш адвокати.
Уште си со него. Шо чекаш? Да те убие? Не го пријави во полиција последниот пат, не си замина, зошто трпиш уште?
Бегај, бегај. Вината со напад ти ја крие. Не е чист тој очигледно. Црвени знаменца, собери храброст и спаси се девојко.
Нема причина да те остави затоа,си има друга. Ова реченица се ти кажува,еве кој направил неверство,ама сака жртва да излезе тој а ти кривата.
@Dance3 барај си таму адвокат и заврши си ја работата, потпиши си фино лепо и нека крши глава. Јас да сум ко тебе и трите ќе му ги оставам, таман со новата да си ги гледаат заедно. Каде е сега темата домаќинки наспрема вработени и сите двојни стандарди.
Не да ги земе децата,ете штом работи господинот тој "верниот" нека си плаќа алиментација.Нека го реметат малце,а не како што зацртал тој ќе ги избркам овие јас ќе си терам кејфови,лесно е да легнеш да ги направиш децата ама да ги израснеш е тешко.
@Algorithm зошто? Па дури она си одделила добар дел од животот посветувајќи се на семејството и баталила кариера, исчувала деца, не спиела кога децата биле болни, готвела, се посветила на мажот итн. Да набројувам уште? @Anneliese алиментацијата и не ѝ менува нешто посебно, износот не е драстичен и секој гледа да плати помалку што може.
Ќе родиш па после дојди и кажи дали така се оставале деца. Ќе ги остави така е тоа како на улица да ги нашла. Па и на улица да ги нашла ги чувала од себе двоела на нив да им даде, како така да ги остави. Дај пазете што зборите. Не ми се верува како можете да бидете толку себични. Ајде спрема некој кој не ти е ништо ама спрема деца свои? Што мислиш што ќе се случи со тие дечиња ако ги остави со таков ропак? По тоа што го пиша она човекот ни психијатрија не го лечи. Сериозно има проблем. Како да му ги остави? Фино лепо алиментација ќе плаќа и готово
Битно ќе му се намалува од буџетот за уживање со швалерката.Ај што е "верен" па и многу паметен легнал направил три деца и сега одете си,да нема никаква обврска господинот,вака барем ќе се влечка по службите.Да нема мир колку толку иако кај нас се знае какви се службите и колку е заштитена жената.
@Algorithm ако е маж еве нека ѝ се понуди сите три да ги исчува (како мало внимание за сиве 15 години)? Сигурно она сама не ги направила. Ајде, сама жена со три деца, што мислиш колку пари месечно ќе ѝ требаат? Работава е што жена ко жена ги носела и се поврзала и затоа секогаш ќе се жртвува до крајности, ама тоа маж никогаш нема да го разбере оти не ги носел он.
Тој ги брка,ти викаш нека ги чува.Ќе ги даде во дом и мува не го лази.Не бил среќен господинот.А и да ги земе ќе ги мачи психопатот.Нему жена му треба да го прави среќен,деца не му требаат ама јако мажиште три ги направил сега жена му да ги гледа.Добар адвокат и се што може и неможе,ако има нешто во брак стекнато да си бара дел,да си бара алиментација ако не плаќа постојат извршители.Нека види зорт мангупот.