@Anneliese затоа ќе си земе адвокат и ќе се погрижи да биде како што треба. Сега излезе ли, се согласи ли на сето за мир, па и нема баш да ѝ биде подобро.
Абе каков маж нели прочита што пишала жената. Човекот психички проблеми има. Нормален човек не би направил такво нешто. Има различни ситуации не лупајте одма дека мажите не се жртви и цел живот со сите 4 у вис го поминуваат. Се зависи од ситуација до ситуација. Конкретно во оваа јасно е дека жената е со психички болен човек и под хитно треба да го остави. Абе остај. Ќе роди па ќе види дали се оставало така дете. Маче или кутре едно ќе го чуваш па го мислиш жал ти е да не му се случи нешто а не па дете свое.
Адвокат веднаш да си најде и да не му се правда а тој да ја прави будала при очи.Тужба и ако има нешто во брак стекнато да си бара дел,да си бара алиментација ако не плаќа постојат извршители.Нека не помине лесно, одете си и овие ај ќе си одиме. Финансите се најголем проблем во ситуацијава,ќе биде добро да си најде работа членкава.
Абе деца и се не лупајте. Како бе тоа само за свој гз да мислите? Не умира за леб здрава права е има веројатно и родители и роднини, се се решава ако се сака. Бог гледа. Фала Богу има и закон ќе плаќа и алиментација. Ај да има на кој да ги остави па ајде. Имало проблем меѓу нив решиле мирно да се разведад па да ги остави. Ама кај да ги остави во ситуацијава? На психички болен човек да му ги остави?
@Algorithm ако нема родители? Ако нема роднини? Законите ги знаеме во Македонија и воопшто предизвиците за живеење. Ти лупеташ глупости и ја советуваш да излезе онака, лабаво со 3 деца. И ќе се надева на алиментација, зашто е многу голема.
И да му ги остави ќе ги гледа тој или пак заедно со швалерката може ќе ги гледаат? Финансите се најголем проблем во ситуацијава,ќе биде добро да си најде работа членкава и да не зависи од ваков идиот а пред суд се да си бара алиментација,ако има имот во брак пола да си бара,ако не плаќа преку извршител да му зема алиментација.Нека биде тогаш мангуп да го видам.
Се се решава ако се сака. Сам сум бил во ужасна ситуација. Без никој, на неполни 18 без денарче во џеп, без ничија помош сум се извлекол од пекол буквално. Не баш детали ама имам пишувано на форумов одамна. И ја тоа зборам, ќе си плаќа алиментација, ќе се снајде. Да му се плукнам на крај во мајчинството ако себеси се става на прво место а не децата.
За 15 години има да издејствува совреме и да си биде осигурана, а не шутната на улица. Ако му шета газот на мажот ѝ, ќе си најде фотограф и фино лепо ќе си набави докази. Ама дури набави ќе си врти друга песна, ќе си проба поинаку. Болдираново, не го можам.
Членката бара решение на проблемот, а не бензин на огнот да долива да прави драми. Само развод, какви црни докази и фотографии... Не го можи и болдираното и неболдираното. И ја не те можам колку може да си себична. Ќе ти текне еден ден кога ќе родиш..
@Algorithm не е она во врска за да излезе туку-така. Туку во брак, со 3 деца. Ако не за себе, заради нив треба да се осигури, а не инстинктивно да бега на улица. И немој сега со тоа, ама за мирот. Не, не сум себична зашто јас не лупетам ко тебе. Чим си излегол сам, (како и јас впрочем само што не морам да се чукам во гради) треба да знаеш дека едно е кога човек е сам и може и да не јаде ако гледа дека нема, ама кога 3 ќе чекаат од тебе - твоето ако сакаш дај го, пак нема да стига. Многу така на моменти..ко да не знаете какви предизвици има животот.
Абе жено не ти викам и ја дека тоа не е возможно ама во ситуацијава не би било во ред да ги остави пошто човекот е психопат. Како да ги остави со таков човек? Што ќе гледаат тие деца по дома? Што ќе слушаат? Одма во крајност одиш што ако немала роднини што ако немала родители, од небо не паднала веројатно кај мажот дома. Поголем број на луѓето пак има кај да отидат барем привремено додека не застане на свои нозе. Да беше така цела Македонија ќе вриеше од бездомници. Разводи има еден куп, колку сакаш. Лично знам еден куп луѓе што се разведени па никој на улица не останал. Не оди во крајност.
@Algorithm Колку е лесно да се речи ќе се снајди нека си оди со се трите деца за копукот да си го прчи! И јас сум да му ги остави да ги гледа. Не е само направи ги и избркај ги. Која црна алиментација? 1500 денари? Многу глупости лупаш што место ме држи!
Пак бегаш од главното. Три деца, три усти за хранење е најголемото што треба да го решава/обезбеди. @Algorithm
Абе па и ја што се замарам. По сабајле драмите. Нека ги остави, ако нема совест нека ги остави со психопат што ќе носи швалерки дома. Не ми се верува дека возрасни жени вака размислуваат. Значи не ви е битно како ќе се формираат тие деца, што ќе гледаат по дома и што ќе слушаат од тој психопат кој е за лечење, битно ви е од ИНАТ да му ги остави пошто он ги напраил. А да беше истава ситуација и само он да спомнал дека сака да ги земе децата бунт ќе направевте овде само со неа да останат. Очигледно е дека целта ви е да одите контра со цел да го храните егото, наместо да размислите што ќе се случи со тие дечиња ако ги остави со тој психопат, како ќе се формираат како личности и што ќе гледаат по дома...
Според тебе оставање деца на улица > оставање деца кај мажот. Да ти заштедам време со глупостиве @Dance3 добар адвокат и фотограф, доколку имаш повреди вади лекарско и комплетирај совреме.
Луѓе зборуваме за нездрава личност, кој истиот ја претепал минатиот пат каде ја обвинил за замислено неверството, извадил оружје. Какви деца оставање, требало пријавата и карта за сите во еден правец, да не ги види никогаш, ни пари не ти требаат од него, само гледај да сте живи и здрави. Еве ја снема жената, може и се случи нешто...
Е овие маженца ми се најјаки, за да си го прекријат својот грев ја обвинуваат жената за нешто шо нема врска. И после разводот ќе биде "ме остави она за друг маж". Жалчиња.
По муабети што сум слушала мислам дека мал процент од платата оди за алиментација, а и многу на нелегален начин избегнуваат да плаќаат.