Ти не се јавуваш да провериш како, што? Сериозно? И он ја мисли.. Не е дека не му верувам, туку ја мислам, едноставно.
Деца не оставам, значи никад нема да оставам деца, тие се на прво место, они па се останато! Јас би трпела за леб ако треба, ама они би имале.
Не ми се верува дека дојдов и јас на ова дереџе на некој начин, ама ако не си пишам душава ќе ми пукне. Луѓе мажена веќе 6та година, едно дете, второ на пат за некој ден, го фаќам мм вчера како си пишувал со друга. Пред скоро година имаше еден сличен испад каде што не видов ништо ама имав некои сомнежи, и ме убедуваше дека нема ништо. Меѓувремено останувам трудна, и еве вчера си наоѓам муабет како и пишал порака за добра ноќ со срциња и бакнежи. Имаше телефонски број, го отворив на вибер скриена комуникација, му реков да ја отвори и ја отвори со телефонот во негови раце, и апла се виде дека пишувале реферати дури комуникација што траела. Не ми го даде телефонот да видам што има напишано, се избриша. Не ми се верува луѓе што ми се случува и тоа баш сега, пред нешто што требаше да биде најубав период. Си чекавме детенце уште едно. Не сакам да простам, јас сум таа која треба да ги постави критериумите за нашата ќерка. Да знае што не треба да дозволува во животот. Некој да ја прави будала секако не смее да дозволи. Дојде до мешање и на нашите, за среќа да речеме неговите беа тотално фрапирани од целава ситуација, а што е најтрагичното мм кај шуто па и боде. Моите не сакаат очите да му ги видат што и е нормално и сега само едно ќе речам, кој срам еј!! Треба мекици да правиме, најверојатно нема… му го срушивме кровот и тлото на детенцево што го имаме веќе, а другото уште не ни искочило во што ќе се роди. Треба адвокат да барам после некое време, стресови невидени… знам дека како жени се можеме да издржиме, се можеме.. ние сме херои/воини, ама не ми се верува како можеше за 200 гр смрдливо месо, да ни го растури домот… што е најтрагичното луѓе си ја барам кривицата во себе дури, викам ај да не сум го навела на такво нешто, ама луѓе не бе, и домакинка и редовни итнимни односи и генерално сум лабав тип на човек, ниту сум забранувала нешто, ниту сум била љубоморна. Единствена забелешка што би ја имала за себе е дека премногу дремеше на телефон и тоа ни беше проблем, не можев да гледам по 5-6 часа да седи на телефон, ама ете имало зошто.. очигледно не за џабе сум зборела..
Dali doslo do fizicko izneveruvanje ili ostanalo samo na pisuvanje? Sekako deka i drugovo ne e za zanemaruvanje no mozebi bi mozele da razgovarate i resite nesto poradi decata.
Како че си одлучиш од ова стварно си е твое, не ми се дава совет зато шо секој си знае како му е и низ шо поминал. Ти пишам само да ти кажам да не си ја губиш самодовербата и не си ти крива шо тој (ако) го ставал кај ќе најде, тоа не е грешка тоа е ствар на избор свесно. Биди силна, смирена колку можеш.
не знам, мене искрено, емотивното неверство ми оди во ист кош со физичкото.. мислам дека штом свесно пишуваш со друга знаејќи што ризикуваш, дека веќе се отишло јабана..
Ако него не му е гајле за семејството што го растура тогаш тоа не е нешто кое ти можеш да го поправиш. Сигурно нема да можеш да го заборавиш ова а ќе се појавува и сомнеж претходно што се случувало, ќе има сомнежи и во иднина. Ова воопшто не е твоја вина туку е негова свесна одлука. Немој да се плашиш од иднината без него како заедница пошто во вашиов случај заедницата со него е многу полоша и од хорор. Најважно е сега во хаосов да ги седнеш неговите здраво и да им дадеш насоки како ќе функционирате понатаму заради децата. Луѓето не се криви за синот. Копилето да го одереш за алиментација!!! Заеби тоа не сакаш ништо, исфрли го скроз на улица.
Знам дека не се криви они, секако планирам да се заштитам со адвокат, само шокот ми е голем луѓе. До вчера бев пресреќна, денес светот ми се сруши над глава. Имам голема среќа што имам поддршка од моите,што имам грб. Само се се искомплицира сега, и тек ќе има компликации и расправии… ама ќе се преброди се!! Тоа е, живот иде даље. Ако имате броеви од добри адвокати, сериозно добри, пуштете во инбокс, сериозно.. фала однапред.
Уф многу ми падна тешко кога го прочитав ова Мене ова ми е најголем страв кога би стапила во брак - тоа што викаш дека си домаќинка и имате редовни односи, лабава си... и покрај ова се дешава срање Пред се, стави го бебето на прво место, не се стресирај за да не му пренесеш енергија Второ, ако си финаниски независна, во предност си Трето, како што пишала членката, ќе ги известиш неговите како стојат работите и како ќе функционирате, бидејќи после тоа ништо нема да биде исто Четврто, не се расправај те молам Едното дете ќе слуша, бебенцево ќе се вознемири, а и самата ти ќе се испразниш енергетски Не знам што би ти додала, помлада сум од тебе, освен што и самата си свесна дека твоите те поддржуваат а и ние феминките сме тука Вакви испади мајка ми ги доживеа со 3 деца, ама среќа што ние во тој момент веќе бевме пораснати и таа имаше наша поддршка
Тебе ти треба адвокат за семејно право, ќе се распрашам деновиве, ама треба и една тема да се направи за добри адвокати.
За среќа малата е сега за сега заштитена, немаше расправии пред неа, баш во моментот на хаосот беше излезена надвор да шета, но самиот факт дека веќе нема да бидат мама и тато заедно, туку ќе биде де кај мама де кај тато е за мене многу жално за неа. Не сакав да расте во такво детство.. Финансиски сум независна фала му на Господ, што никогаш не дозволив да бидам зависна од него… Единствено стресов што ми го крева притисокот, ама ќе се напиеме некое апченце и тоа е тоа. Уште сум во шок искрена да бидам. Вчера цела вечер не спиев, размислувај размислувај глава ми пукна, ама денес го скршивме лебот, а веќе нема лепење. Тоа е тоа. Луѓенца фала сепак.. ви посакувам вакво нешто никогаш да не ви се случи, ама како се движи светов се отиде у к…. само викам Господ ги реди коцките, отвара очи можеби кога треба.. голем верник сум, така што како треба да биде, ќе биде. Поздрав и секое добро
ако најдеш нешто сериозно добро, пушти ми во инбокс те молам. Не отварам фемина често, ама мислам дека во идниов период поредовна ќе бидам..
Немам совет за давање, ми делуваш како паметна и силна жена и сигурна сум дека ќе го пребродиш ова, иако ќе биде тешко. Само сакав да ти кажам едно огромно браво зашто ја приоритизираш ќерка ти и не сакаш да и' дадеш лош пример за тоа што е љубов. Да размислуваа сите родители вака, ќе читавме многу помалце трагедии во темиве. Ми се смачи од муабетите од типот „Ќе останам со насилик кој ќе не' истрауматизира сите колективно само за децата да растат во квазизаедница, не ми е гајле што утре ќе го повторат циклусот и они ова ќе го трпат, битно да сме заедно“.
Мислам дека Сузана Јошевска беше и за семејно право, за Јанаки сум сигурна и знам са случаи кај што Јанаки добро ја завршил работата. Ќе побарам повеќе и ќе ти пишам па ти одбери си. Да знаеш само една работа: знам дека поминуваш низ пекол, ама ова не е пекол. Пекол ќе беше после години и години да дознаеш за сите срања. Поплачи некој ден истажи се за сите пари, после избриши солзите, издувај носот и направи план за во животот. Овие неколку дена да ти бидат последно плачење за ова. Да бидеш силна за двете деца, нив ќе им треба мајка со здрав памет и да е здрава и жива. *Димитар Петрулев е адвокатот што ги бранеше Пале од Велес и жената од Кратово, тој е за семејно право, ама тоа се многу потешки случаи.
Девојко, тој не мислел на децата кога изневерувал, ти пишуваш да решеле заради децата. Тој воопшто не е заинтересиран за нив.
Што е со него? Не се ни извинува, се смета за семоќем? Не сфаќам какви луѓе постојат, мн ми е жал што бремена поминуваш ваков хаос, ама гледај да си психички јака и да не паднеш, а гледам дека си доста јака и силна, така да- go girl!
Многу ми е жал за ова шо ти се случува, ме намовна. Како не му е срам, кој идиот! Ако веќе сакал со други да оди не мора зад грб вакви работи, ќе се разведевте,шо сака нека прави после ама ова е крајно срамно со дете на пат. Ти не се вознемирувај,не треба да се стресуваш сега, биди среќна за бебето да дојди на овој свет како шо треба, другото ќе се среди.
А зошто вината за тугите постапки ја префрлаш на себе? Да не мислиш оти оваа му е нему прва? Душо тоа се такви луге,лесни,бескарактерни нимфомани што се вртат дури и по 20 години помали девојчиња(за мојот случај зборам). Најбитно е што твоите се позади тебе,а штом тие ти се подршка не си сама. И мило ми е што си пресекла од старт. Господ ке те награди со човек што ке те заслужува во секој поглед, а тој ке гледа од страна и ке се кае што изгубил. Ако ти треба некој во било кое време за разговор,тука сум.
@priceless Ти си една силна, паметна жена која на ќерката и на новото бебче ќе им покаже дека срања не се трпат! Детето сега нема да те разбере, ама верувај дека како возрасна личност, ова ќе и значи премногу. Добро е што имаш поддршка, прекрасно е што си разумна и моќна финансиски. Браво за одлуката, ти посакувам среќа!
Оф...уште вчера прочитав ама само пишам бришам ... Искрено не знам како би постапила во ваква стресна ситуација,плус бремена пред пораѓај ,ама знам дека што и да одлучиш ќе ја донесеш правилната одлука бидејки си херој жена! Браво што не си дозволила да зависиш финансиски од маж! Ова е пример дека џабе и да си најдомаќинка,паметна,успешна,прекрасна мајка посветена итн. ако маж е лек мандал (така ги викам јас тие мажи) за нив не е ни важно,гледат од денес за денес и не размислуваат за последиците.Децата ќе бидат најсреќни покрај ваква мајка ,ја имаш поддршката од твоите ,не си сама.Бори се до крај за твоите деца размислувај со ладна глава, а не импулсивно. Реши се што навистина сакаш, дали ќе му веруваш или не на сопругот, испитај ја работата до крај. Ако сметаш дека не можеш да му веруваш, и дека не можеш да живееш вечно со сомнежи,разведи се уште кога децата се мали и не разбираат ,отколку да претрпувааат трауми и стресови.За доброто на децата тогаш е најдобро да не живеат во караници, туку да живеат во мирен дом, па макар било тоа и со разведени родители.Еве јас се ставам на твое место , никогаш не би му опростила заради самата себе, почитта кон себе како мајка на две деца и зрела личност ...секако би побарала стручна помош, не е лесно но децата се најголемиот благослов кој ќе те направат најсреќна мајка и жена на свет. Ја имаш поддршката од сите нас. Ќе ја донесеш правилната одлука ! Праќам гушки