Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    60.166
    Пол:
    Женски
    Не е до тебе.
    И секој ден да имаш односи, и златна вагина да имаш, и да си најубавата жена на светот и да си во секое поле најдобра, изневерувачот изневерува токму поради тоа, оти е изневерувач, а не ради ти нешто што си направила/погрешила.

    Посебно па е сељачиште што наместо овој период кој е посебен за секоја жена, бременост да ти го направи најубав, он не може во гаќи да си го држи.

    За распадот на бракот ќе си е виновен тој и само тој.
     
    На Skorpija25, eliesaab, GirlRose и 33 други им се допаѓа ова.
  2. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.095
    Допаѓања:
    26.941
    Глупак.
     
    На Oscar Lady, nena2010, Mumoftwo30 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. priceless

    priceless Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Се изненадив кога отворив и видов каква поддршка има на форумов… фала најмногу. Моментално сум во фаза искрена да бидам на тагување и она соочување со реалноста, не сум личност што запаѓа во депресии, генерално сум доста борбена, ама штом гласниве жици ми се стегаат на секоја втора реченица…

    Инаку имам злато од родители, и покрај тоа што ми го направи и што очите не сакаат да му ги видат, оставаат на мене да си ја донесам крајната одлука, демек дали треба да му дадам шанса или не.

    Мојот одговор е КАТЕГОРИЧНО НЕ. Денес се слушнав со еден адвокат, ќе идам здравје на консултација за како најбезболно да се заврши ова. Мислам дека е подобро да се спречи што порано и побрзо, отколку да се чека.. се знам себеси, ќе дојде агресијата порано или покасно и ќе сакам да го лупнам со некоја чаша од глава, ама да си го изложувам детето на таква траума не планирам.

    Се изненадувам самата од себе колку сум до негде и сталожена, претешко ми е, не викам не, ама некако си викам се проаѓа. Факт е дека ќе ме следи тежок период, ама деца си растат, и порано или покасно, јас пак ќе се вратам во нормала и за мене животот ќе се движи пак во нагорна линија.

    Направив план и стратегија. Имам нешто пари тргнато на страна од работа/бонуси за црни дани, најверојатно за макс 2 месеца после пораѓај ќе се иселам од дома, и судски ќе го решаваме споров. Имаме заеднички стан што сакам да се препише на децата, не сакам да продаваме недвижност, се надевам дека малце ќе спласнат работите да се договориме спогодбено. Не сакам да живеам во станот, не го гледам веќе како наш дом, туку како затвор… имам уште некои планови ама отом потом. Само да се олеснам, па ќе споделам убави вести.

    има само едно once a cheater always a cheater, а и да не е така, не сум будала да останам за да го ставам тоа на тест.
     
    На Lavender13, SpiritRoux, iloveyou29 и 40 други им се допаѓа ова.
  4. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.441
    Допаѓања:
    22.571
    Пол:
    Женски
    Многу ми е мило шо си донела таква одлука веднаш за да се спасиш од таков нечовек и шо ги решаваш проблемите со ладна глава.
    Само, колку шо разбрав, ти си уште кај него? Така те разбрав де. Ама да ти дадам совет, немој да чекаш прво да се породиш за да си одиш, тргнувај веднаш. Откако ќе се роди бебето, ќе имаш измешани емоции, а тој ќе проба тоа да го искористи во негова полза за да му простиш.
    Ич не му се мисли, одма тргнувај и не се врти назад. Таквите не се менат никогаш, колку и да плачат, колку и да клечат на колена.
     
    На eliesaab, Glowy, Angie1432 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.844
    Пол:
    Женски
    Браво девојче!
    Целосна поддршка имаш од мене!
    Една од најразумните членки на форумот во поглед на оваа тема !
    Браво!
     
    На Mother of 2boys, Skorpija25, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.699
    Допаѓања:
    8.382
    Пол:
    Женски
    Цел живот ќе ти е тешко поради ова, ама не заради тебе и твојата одлука туку затоа што тој испаднал нечовек кон сопствените деца. Тоа што тој е таков каков што е не е нешто што можеш да го смениш. Периодов ред солзи, ред мрсули да ти помине за една недела пред тебе во животот е најубавиот период. Башка имаш за славење, си очистила најголемо ѓубре од дома, замисли цел живот да си живеела во незнаење...

    Ја имаш сета поддршка на светов! (fingers):hug::muscle:

    П.С. абре не вреди ни да го мислиш, не да го плачеш... :f:
     
    Последна измена: 23 август 2024
    На Skorpija25, eliesaab, Skyler81 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    2.856
    Пол:
    Женски
    Во право си, за се шо пиша, ќе оди ќе се наметнува за да го прими назат, ќе ја држи емотивно заради децата, ќе биди најгрижлив сопруг за да му прости. Тој кога стаса со бебе на пат, шо ќе биди кога ќе пораснат ако му прости..
     
    На *Amethyst* и Adidas888 им се допаѓа ова.
  8. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.621
    @priceless, какво одење од станот, смени брава, фрли му го ѓубрето испред врата и нека крши глава копилето...
     
    На Medea., violetblue, Mumoftwo30 и 8 други им се допаѓа ова.
  9. priceless

    priceless Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Станот е заеднички, а за жал немам услови одма кај моите да одам. Малечко станче имаат. Веќе гледам станови за под кирија ама сето тоа ќе потрае, пошо ептен сум при крај.

    Не ме фаќа на емотивност 100% бидејќи кај е шуто па и боде. Наместо да ја наведне главата, он е јак на зборење, сега и на златното јајце влакно да се најде, за да си го оправда срањето што го направил.

    Само повеќе ми ги отвара очите.. и можеби ми треба ова.. може само некоја флаша или чаша да летне пред да излезам од станот, ама ќе си купам нов сет на чаши, ништо страшно
     
    На Skorpija25, Zumbulche, SummerGirl и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.621
    Абе зашто ти да одиш, децата седат со мајка им, и они се приоритет за згрижување.

    Плус и преварант, и плус трудна си.
    Оди на адвокат, исто ќе ти каже.
     
    На eliesaab, Biljarkata, SummerGirl и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.441
    Допаѓања:
    22.571
    Пол:
    Женски
    Прави шо ќе правиш, ама не дозволувај да наседнеш на неговите солзи. Нема да се смени. Пак ќе продолжи по исто. Знам, не ми е прв пат да читам и гледам таков случај.
     
    На eliesaab, Angie1432, Lisandra и 2 други им се допаѓа ова.
  12. priceless

    priceless Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Не бре, ќе праиме муабет пак за некој месец, ќе го сликам решението од бракоразводната постапка… веќе сум информирана, наоружана. Mama bear
     
    На eliesaab, Oscar Lady, SummerGirl и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    89.799
    Пол:
    Женски
    Не искажувај ништо пред него дури ни во лутина, ќе се свести дека ситуацијата е сериозна ама ќе биде касно.
    Ќе се снајдеш верувам и ќе бидеш среќна со одлуката што си ја донела.
    Многу е важно што со одлучна и не потклекнуваш ради децата или било што, остани така.
     
    На Skorpija25, eliesaab, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.699
    Допаѓања:
    8.382
    Пол:
    Женски
    Какво одење под кирија!!! Ти со децата ќе си останеш во станот, тој ќе си оди под кирија. Со ништо немој да фрлаш, не му се симнувај на ниво само игнорирај. Адвокатот треба да те поучи на правата за време на бракоразводната парница, ти остануваш во тој стан заедно со децата! Тој стан тебе ти е дом а ти не си згрешила ништо за да излезеш и да се влечеш под кирии. Тој треба да си плаќа алиментација, да си инсистираш станот да се префрли на децата, да си седнеш со неговите сега да си го поучат синчето кога не го поучиле со време.

    Немој случајно да ти паднало на памет да излезеш од станот или да му го оставиш во владеење! Сега ти работат хормоните, мисли со ладна глава. И да имаш услови да живееш на друго место, да не си мрднала од таму со децата.
     
    На eliesaab, Biljarkata, Glowy и 10 други им се допаѓа ова.
  15. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.625
    Допаѓања:
    9.066
    Пол:
    Женски
    Биче дана за мегдана.Најважно да се откачиш од него, респект за одлуката, бидејќи познавам многу примери каде што жената простува во ,,име,,на децата и што ќе каже народот .Стегни заби , издржи,а тој ќе си го добие од кармата,од горе,едно кршење чаши не е ништо.Да си останела со таков,децата ќе растеа во лоша атмосфера,така ќе се спасите ти и децата од такво непрокопсано говедо .Не вреди да страдаш за него,уживај во животот продолжува понатаму,децата треба да ги растеш ,не си сама рече имаш и поддршка од твоите ,ќе пребродиш по некое време .
     
    На Malesia, Antebellum и priceless им се допаѓа ова.
  16. priceless

    priceless Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски

    Ама ни он не сака да искочи. Тоа значи дека додека трае процесот ние ќе бидеме заглавени еден со друг. Ќе видам пак со адвокатов што е најдобро, но ако има некој документ кај што ќе има дека треба он да искочи тоа е друго веќе, ај во Понеделник ќе го барам адвокатов пак
     
    На Malesia, Осе и M&M им се допаѓа ова.
  17. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.699
    Допаѓања:
    8.382
    Пол:
    Женски
    Он ќе искочи и оро ќе игра!!! Ниту еден судија нема да остави мајка со две деца, едното штотуку родено под кирии да оди. Поздрави го мајмунот дека ако одиш под кирија тој ќе треба да ја плати алиментацијата, целосно издржување на децаат и плус киријата, а тоа нема да се 200-300 евра месечно. Тој ќе има родителско право како татко, нема да има старателско право. Сфаќам дека ти е тешко, ама да знаеш дека доколку не знаеше понатаму ќе ти беше потешко. Замисли сите околу да знаат освен тебе и ти дознаваш на крај, после години... Сега не ти е уништен животот, на време се открил.
    Седете заедно во станот додека не се разведете, играј си пасив агресив со него. Сега имаш можност да му се изживуваш, ама без агресија. Бремена си, не смее ништо да ти направи. ПОЛУДИ ГО!!!
     
    На Biljarkata, riba79, Mumoftwo30 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.441
    Допаѓања:
    22.571
    Пол:
    Женски
    Да, нема да се 200-300 евра. Туку ќе се помалку од 50 евра!
    Немој да ја лажеш. Не ги знаеш законите кај нас.
    Доволно е другиот родител да се одјави од работа и ништо да не плати!
    Нашата држава не работи во полза на мајката туку во полза на тој по ќе плати повеќе.
    Жената нека се тргне само од него, чим има подршка од нејзините, не ни и требаат тие 50е од него. Поарно без тие 50е, само нека има раат.
     
    На Skorpija25, simoncelicius, Mumoftwo30 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.699
    Допаѓања:
    8.382
    Пол:
    Женски
    Ова го кажувам од искуство на две другарки, едната не излезе од дома и ја задржа куќата, другата отиде со децата под кирии и тој си плаќаше прилично солено.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. priceless

    priceless Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски

    Ај Понеделник ќе видам, не брзам..
     
    На M&M и Antebellum им се допаѓа ова.