Каков кретен! Манипулатор! Наместо да се извини, тоа е најмалку што може да направи, тој уште срања ќе кажувал за да се оправда! Искрено подобар е животот без вакви ѓубриња!
Да, тој ја изневери и таа ги седна неговите со слики, видеа комплет да си видат, за да не пукне срам таа доби што побара тој си беше крив. Таа ја доби куќата која си останува за децата, алиментација по 100 евра за дете и платен одмор за децата со неа или со него, неговите не го примија дома и тој си отиде под кирија да си живее. Другата одамна им беше пукната работата он си остана во куќата со неговите, а таа отиде под кирија со децата тој си плаќа алиментација и киријата, таа си ги плаќа сметките, одморот на децата им е платен од него а таа си доплаќа за неа. И во разводот има случаи кои не се во најлоша форма.
Јас ке ти купам чаши,дамо ти среди го Мала шала. Мило ми е што си категорична во својата одлука,а уште помило ми е што твоите се позади тебе. А не се секирај тој да има можност и тебе ке ти ја префрли вината. Ѓубриња скапани, ама се е големо школо. Олесни се со господ напред,и верувај дека се ќе си дојде на свое место. Ти посакувам среќа
Подобро за детето е да остане во станот каде живеело, траумата е помала за да не менува и место на живеење додека се соочува со друга болка и плус ново бебе кое е исто така голем стрес (иако е убав, пак се дели љубовта и сл.). Тој мајмун може да е шут и боде ама барем за детето нека мисли, ете не мора за тебе. Сопруг нема да ти е ама татко продолжува да биде, па семејно советување или седни ги и неговите, на децата не им треба само имотот, сега е важно што ќе им даде. Ти си многу силна жена и ти се восхитувам. Бременост и постпородилен период се тешки периоди за една жена, чувај си го здравјето и не дозволувај ниту еден негов коментар да те допре, ако имал проблем можел да најде начин да го реши или ете да се разведе де, а не да крие и изневерува и да типка срциња во скриен чет. Ѓубре!
Леле ве молам без вакви совети, никогаш не знаеш маж на што е способен, особено некој ваков кој и' правел лице долго време. Видете ги статистиките, подобро да се воздржи сега отколку да заврши истепана или полошо. Таа ќе биде победникот на долг рок во секој случај.
Знам порано имаше на вибер си ставаш пин/шифра на разговорот што сакаш да го скриеш и кога ќе го напраиш тоа, чатот го нема кај што стојат сите разговори, единствено може да се најде горе на лупата да го напишеш пинот и да ти искочи Едит: еве и ден денес го има, вака иде: 1.Кликаш долго на разговорот 2.Кликаш Hide chat 3.Ставаш пин 4.Го наоѓаш разговорт на лупата со пишување на пинот Е сеа, за други апликации не знам ни јас
Форумџиката кажа дека досега тој немал никакви испади и затоа јас го напишав тоа. Ова не е случај како Пале или жената од Кратово. Потполно свесно токму нејзе и го напишав коментарот. Не го исклучувам афектот од другата страна но тој во никој случај нема да биде со последици како во линкот. Не е секој развод заради физичко насилство. п.с. според твојот линк би требало да бара адвокат за кривично право заради насилство во домот, таа бара за семејно право заради изневерување.
Тој досега немал испади ни со изневерување, ама ете што биднало. За се има прв пат. Настрана тоа, како ти си замислуваш дека тоа би влијаело на нивното дете и на нероденото бебе, и на самата жена која е во поодмината бременост, тотално нездрава и напната атмосфера во која таа се изживува и го провоцира мажот за да го казни за неверството? Најбитно е да се помине периодот што побезболно и без трауми и за детето и за самата мајка. Така да советот твој ама ич не држи вода.
Луѓенца не се секирајте, желбата е една, ама се контролирам. Моментално ми е односот со него ветер во магла. Немаме никаков муабет, освен ако не рече нешто за детето и враќам да/не толку. Луѓе уште сум во потрага по добар адвокат… некоја од вас што веќе прошла некоја ваква или слична голгота да пушти бројче. Со овој што зборев, треба тек да идам на муабет, ама сакам подобар. Овој го водеше спорот на другарка и на крај рече дека не била баш задоволна од него. Сакам да видам како најдобро можам да се заштитам себеси со децата. На мајмунов ништо не му спомнувам за развод, само ќе го чекам денот кога ќе му стигне писмо. Инаку зборел мајмунов со татко ми, демек немал ништо физичко со типката, дека само пишувале и демек одамна. Јас не верувам. На некој да му пишуваш злато со срциња и бакнежи, си го пикнал ти брате 100% . Моите се разбира сакаат да останат неутрални, сакаат одлуката јас да си ја донесам. Татко ми ми рече само, демек можеби немало ништо, може си ја научил лекцијата. Да да, ја научил како да биде уште попретпазлив во иднина.
А знаете највеќе што ме боли… нели имате слики заедно, фамилијарни по социјалниве мрежи, си викам ејјј која бламажа… кој знае и таа што викала за мене. Кутрата јас, што ми прави позади грб. Еееее мислиш дека ти е убав животот си правиш планови за иднина, сакавме викендица да правиме, зборевме децава да пркнат за година две да патуваме низ Европа. И види бе.. стварно не знам.
@priceless ако му е прв пат, ако немал физички контакт со неа, и ако навистина се кае и ветува дека нема да се повтори, дај му шанса. Не е вистина тоа "once a cheater - always a cheater". Има луѓе се менуваат, откако ќе ја сфатат сериозноста и последиците од тоа наивно чатање и флертање со некого. Ама треба и двајцата да сакате и да сте мотивирани да го поправите бракот. Ако и двајцата сте, тогаш ова неверство може да ви биде алармантен сигнал за радикална позитивна промена во бракот. Пак ќе кажам, ако и двајцата сакате и сте мотивирани да го поправите бракот, ви препорачувам средба со некој брачен и семеен советник. Прво да се видат причините како дошло до тој настан. Има повеќе причини зошто луѓето изневеруваат. Некогаш е тоа емоционално оддалечување, некогаш недостиг на комуникација, непоставување граници во односите со личности од спротивниот пол, флертот и текстањето го сметаат за наивна и безопасна работа, несигурност и слаба самодоверба (ова е почесто кај жените, ги прави ранливи на комплименти и валидација од други), Ego Boost (да си докажат себе си и на другите, дека се уште се атраткивни на дејтинг маркетот), Не држење контрола врз очите, страстите, мислите (ова почесто кај мажите). Во оваа фаза а најважно партнерите да го согледаат проблемот/те, но да не се обвинуваат, туку да гледаат како во иднина превентивно да си го заштитат бракот. Јас искрено верувам дека и тој што изневерил се кае, иако тоа може во некаков си глуп селф дифенз да го искажува со гнев и лутина. Штом се лути и расправа, значи сепак не му е арно што се руши бракот. Ако му/и е сеедно, е тогаш веројатно е навистина крај. Познавам луѓе што имале неверство, го пребродиле и сега имаат убав брак. Значи можно е. Ако се сака се разбира.
@EvAngelos, а од кај знае она дали му е прв пат, дали ебел нешо, дека се кае и дека ќе се сменел? Да се виделе причини оти варал трудна жена? Оти му се надрвил, ете затоа. Оти мислел дека нема да го фати, ем ќе си прца на страна, ем и да дознае сигурно нема да го остави трудна, ете затоа, оти му се може и оти такви као тебе увек ќе му го чуваат грбот и ќе ја манипулираат жената, па уште и трудна дека она е крива! Како сте бе сите исти, па уште и без срам и перде глупости лупате, е тоа да ми е да знам. Само под мач, бато. Па после ебајте пред да се разведете, демек по грешка и други клошарски муабети.
А, и уште ова - варање на трудна жена треба да се воведе као обид за убиство... Оти глеам сите цркате против абортус, а никој да црка против ова, што е и полошо, оти е несакано и може да се загуби детето и во многу поодмината бременост... Али мужи, тоа ти е... Па уште и балкањероси, сератори пар екселанс...
Па и муабетот "сигурно се кае". Аха, се кае шо го фатила она. Али мажи.... се бранат меѓусебе за да не си ја одадат тајната дека сакаат да ебнат се живо шо мрда.
Ама ти прочита дека кај виновен, па уште и не се извинувал и сакал да го оправда срањето кое го направил. Да се каел, сопругата негова сега би имала третман на кралица. И да, once a cheater, always a cheater. Е сеа може ти веруваш дека луѓето се промениле, се додека не бидат пак фатени на дело.
Таа вика ем шуто ем боде, ама не. Нц. Ние ќе бараме причини за неговото застранување, оти по секоја цена мора да се најде оправдание за него, а вина во неа. Треба да се забрани мажи да коментираат на вакви теми најубаво.
Па најверојатно и членов изневерувал, па сега покажува широкоградност кон брак и убедува во нешто кое на сите ни е јасно.