Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.844
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos дали ако твојата сопруга те изневереше, ти ќе и простеше?
    Сигурна сум дека уште тогаш би и ги удрил клоците, така што вакви теории на кого никому не служат задржи си ги за себе.
     
    На nextredstyle, Adidas888 и KateKane им се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.695
    Допаѓања:
    10.147
    Пол:
    Машки
    Јас сум од 2012, што значи 12 полни години, двојно повеќе од тебе и познавам такви кои простиле и пребродиле неверство. Познавам и жени кои пишувале на форумов, извршиле (емоционално, а можеби и физичко) неверство, па продолжиле со бракот. Познавам и такви кои флертале дури и јавно на форумов, па продолжиле со бракот.

    А имаше и една која пиша тука за проблеми во бракот (не се сеќавам што), па откако група хиени и се нафрлија со РАЗВЕДИ СЕ, РАЗВЕДИ СЕ, типката тука под пиар прешр пиша дека ќе се разведе, а потоа не се разведе ама не го пиша тоа затоа што знаеше дека ќе биде нападната, осудена, засрамена и престана да пишува на форумов (барем под тој ник). Зошто? Затоа што, како што една писателка и психотерапевт (Esther Perel) вели: ако порано беше срамно за една жена да се разведе, сега е срамно да остане во брак.

    Кога веќе ја спомнав Esther Perel, @priceless ти ја препорачувам нејзината книга: The State of Affairs: Rethinking Infidelity. Ја имам во електронска верзија (e-pub), можам да ти ја пратам.
    Еве ти ја да ја слушнеш на Ted Talks. Мислам дека е попаметна од сите нас тука за да добиеш добри совети на оваа тема.



    ЕДИТ:
    Слушни после 9-та минута, овој дел ќе го цитирам бидејќи се поклопува со она што го зборам погоре:
    If the divorce carried all the shame, today choosing to stay, when you can leave, is the new shame.
    So Heather, she can't talk to her friends, because she is affraid that they will judge her for still loving Nick. Аnd everywhere she turns, she gets the same advice: Leave him! Throw the dog on the curb... Исто како на форумов тука :D
     
    Последна измена: 25 август 2024
    На eliesaab, Lanna89, Јанинка и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.441
    Допаѓања:
    22.568
    Пол:
    Женски
    Абе со се ќе се браните, само и само да си го оправдате сексуалниот нагон :rofl:
     
    На FridaodaMk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    2.348
    Пол:
    Женски
    Знам дека не е многу обожавана Ксенија Николова на форумов,ама прочитајте ја последнава книга.
     
  5. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.152
    Допаѓања:
    13.516
    Пол:
    Женски
    Ама како го фатила членката, реално ако се отвара само со лозика невозможно е да знаеш дека има некој скриен чат...
     
  6. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.702
    Допаѓања:
    19.169
    Пол:
    Машки
    Namesto da se raduva na vtoro dete bremena zhena, doma da i lomaga itn, kako so pisha finansiski i stambeno sigurni, toj flertuva i sho ne praj so drugs zhena..


    Kolku nisko i mizerno... ta toj ta taa so se pletka so zafaten mazh. :)

    Ako mozi da ti gi odgovori prashanjata ali ne veruvam, shibni mu klocite , bez emocii e sushtestvovo. Grdo mi e vo ovie temi da pisuvam zatoa sho seushte ne sum bo brak, ama go gledam kako apla neshto sveto, iskreno lojalno...
     
    На Skorpija25, FridaodaMk и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  7. priceless

    priceless Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Јас верувам во отворена комуникација помеѓу партнери. Факт е дека сегде може да зашкрпи. Можеби и јас сум се борела со самодовербата во изминатиов период кога поминував низ 300та хормонски промени, ама не отидов да ги раширам нозете за некој друг за да си ја кренам самодовербата.
    Сметам а и отсекогаш сум била таков човек ако има проблем дај да го решиме, само што не оправдувам првин ќе го брцнеш негде, ќе заебеш па после ќе те анализираме ние зошто ти си заебал.
    Која и да е причината, сите имаме ups and downs во браковите. Дури си викав ај можеби му се смениле чувствата спрема мене, ме гледал повеќе како мајка него како жена, сум се поправила, ама сето тоа се фази кои поминуваат и ако ти партнерот си го сакаш вистински, треба да бидеш маж и заедно да ја преминете фазата.

    Јас во изминатиов период забележав дистанцирање од негова страна, повеќе дремење на телефон, што викам јас педерско смешкање на муабети по пораки ( наводно со друштвото) комуницирал. Никогаш телефон не сум му чепнала да чепкам по приватни разговори, ама интуицијата е јака работа, а и знаците што ги даваше исто.

    одиш во тоалет 20мин со телефон, не ме зезај, се тргаш на страна. Стана себичен, можеби е обичен пример, ама порано сабајле ќе направи кафе за двајцата ќе седнеме заедно ќе пиеме кафе, ќе се договориме што ни следи во денот. Одеднаш престана мене кафе да ми прави наутро, ќе си направи за него, јас ако му кажам. Навечер сме заспивале залепени еден до друг, сега ќе легне пред мене за инает, пошо јас додека да потсредам ќе легнев 15мин покасно, он си заспал, си се завртел на страна.

    И што најмногу ме вадеше од кожа е тоа непочитување, јас станав од негова партнерка во негова слугинка. Да земеш да се соблечеш и шорцот да го оставиш така на земја ко 15 годишен, и да очекуваш жена ти во 9ти месец да се наведнува да го крева е најголем доказ дека си ти си класичен сељак. Тука секогаш експлодирав јас логички, собирај си ги работите, ама сето тоа не беше така претходно, туку претпоставувам откако се заљуби и се јас не чинев од тој момент.
     
    На Mother of 2boys, Anettta, Skorpija25 и 42 други им се допаѓа ова.
  8. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    3.665
    Пол:
    Машки
    Теоретски се е лесно, есапот на маса дома и на пазар никогаш не излегува. Те изневериле ли некогаш? Си ја фатил ли? Макар у врска да било. Никогаш нема да е исто, се вратиле, останале најчесто ради деца или срам ама живот дека имаат, не верувам. Нема оправдување, никакво, дали ќе заборави- никогаш, да не си и во кожа, верувај особено фамилијарно кога си. Еве сега и најдобар да биде и никогаш друга да не погледне, таа мирот никогаш нема да го има. Лесно е тука да кажеме остај или не остај ама како си поминува личноста само таа си знае. Некогаш најдобро е само да ќутиш и да го ислушаш човек. Болдираш срамно да остане во брак, со кој бе брат? Шо не му дала? Не го испеглала? Не е најаден? Сексуално не го задоволила? А бе ајде. Па шо не ја оставил. Еве ќе ти кажам како ќе се осеќа сега - со него неможе, без него не може, ќе си легне до него тој ќе си заспие неа ќе и дојде мисла нема да можи цели вечери да спие. Ја скршил женичката и оштетил дечињата за 15 минути задоволство. Да не те најде се вика, тој шо ќе го најде тој ќе си знае. Се надевам дека женичкава колку може побезболно ќе помине покрај сите искушенија, има за што да живее и да се бори. Жално само, и го скршил животот.
     
    На SpiritRoux, Skyler81, *Amethyst* и 12 други им се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.217
    Допаѓања:
    102.436
    Пол:
    Женски
    Дека човек кој флертувал онлајн па и у живо, задолжително изневерил, не се слагам,нема жив човек што не флертувал, макар во сексуален или било каков контекст. Сите флертуваме, само дали за да брцнеме нешто на страна или за да придобиеме нечива внимание, е важна работа. Важен е контекстот на муабетот, ама секако во муабет со срце, мрце, бацки, злато, душо, нема сигурно муабет за придобивање на спротивната страна на своја страна за некоја добробит, нам позната. Јас имам на работа возрасни жени кои флертуваат со колеги па и помлади за некоја најбанална работа, не знам, за помош да добијат, за да изгледаат поважно во колективот, сигурно не очекуваат млади момци да изневерат жени со нив. Ама ко што кажав, се зависи од муабетот. Батково верувам да му се укажала прилика би имал и секс со девојката, ако немал стварно ко што кажува. Јас и се чудам на таа девојка што замижала на сликите со фамилија и фактот трудна жена и го продолжила муабетот. Мене инбокс ми е полн муабети од мажи, ама не продолжувам со муабетот зошто не сакам, не ми треба нешто такво иако се наоѓам во кризен момент во мојот брак и ќе речеш лесна мета сум, ама имам 3гр мозок во главата. 18г сум со маж ми, од нив 11 во брак, не ќе фрлам нешто во ѓубре за 3 реда муабет и малку самодоверба, не знам со кој памет овој пријателот си играл мајтап еј, малоумни! Јас сум децидна, ако сакам нешто друго во животот прво завршувам со човекот со кој сум, па потоа, оти две столчиња на кои седиш лесно се двојат и припаѓаш лесно во амбис.
     
    На Bubamaricka, eliesaab, Lanna89 и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Lily12

    Lily12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Некоја членка да ми пише во приватна порака за мислење.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.064
    Допаѓања:
    21.709
    Пол:
    Женски
    Сите збориме како ништо не смееме да трпиме, темана свекрви е полна, како така сме немале свое јас да им кажеме вака така, а овде, женичкава храбра, само она си знае како во моментов се осеќа, има проби за убедување дека можеби не е де така црно.
    Епа нејзе и е.
    Може префрлање од свекрва не и значи ништо, ама ете ова ја повредува многу.
    Јас ја разбирам, јас сум како неа, никогаш не би можела да простам и секогаш тие мисли ќе ми се во глава.
    Што, како, зошто...
    Едноставно е, не може да прости, и не треба.
    Сите имаме нешто преку кое не можеме да поминеме.
    Вие сфаќате дека секој нештото различно го доживува?
    И обично таму кај што не штима нешто обавезно пука кад тад.

    Адвокат не знам, се надевам никад нема да ми затреба.
    Но имаш цела поддршка од мене.
    Храбра си и продолжи така.
     
    На WhiteCat33, Mother of 2boys, eliesaab и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.844
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos не одговори. Си бил некогаш изневерен?
    Ако не, тогаш подобро е да си ја затвориш устата за помалку глупости да кажуваш!
     
  13. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    60.165
    Пол:
    Женски
    Која е таа жена што пребродила неверство а не оставило тоа траен печат врз нејзиното ментално здравје? Знам дека останале, што заради деца, што заради комфорт или заради некоја друга причина, ама дека им е исто како претходно или сеедно тешко.

    И не, никој нема да и се смее, или да и набива срам ако некоја жена одлучи да остане во таков брак. Секој има право да си одлучи што сака во животот. Ама пак ќе повторам - еден ни е. Да го потрошиш во 9 месец да креваш расфрлани шорцеви не е воопшто убаво.

    Истото ќе важи и за жени што изневеруваат, никогаш не сум оправдала и никогаш нема да оправдам.
     
    На crimson, theowndemon, Skyler81 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.417
    Допаѓања:
    20.746
    Ми се случило мене да ми пише некој да ми се удвара, или и дикпик ми имаат праќано. И јас му праќам на дм скриншот викам види сеа како ќе го заебавам. И му праќам и од четот што ги дупам со пораки. И дикпикот му го пратив и се смеевме двајцата на тоа. Ама чекај, заборавив. Уште сме во врска и живеам во бајка дека само него (ќе) го мислам и само мене (ќе) ме мисли и утре партали ќе се правиме со други. И други типични манипулации што им ги кажувате на девојки во врска.
    Така да, ако нешто криел, значи имало зашто да крие.

    А вас што ви мрда патката или патлакот оти "долго сте заедно" до вас е, не се тешете дека е нормално.
    И едно е да речам дека некој е убав, друго е да сакам да му се качам. И за девојка, и за детенце, и за маче и за куче ќе речам дека се убави. Али тоа јас де. За вас постојат психијатри, не е срамота да отидете:l:
     
    На Zumbulche, hermosa, Just.do.it и 4 други им се допаѓа ова.
  15. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    11.449
    Пол:
    Женски
    Вие што ја советувате да му даде шанса и да се спасел бракот, зошто ТАА да го направи тоа?
    Негова пиздарија е, а тој не се ни трудел да се објасни, не се ни извинил, и ѝ се понашал цело време. Еве ако стварно немало ништо освен чет, зошто тој не го спасува бракот од провалијата во која го турнал?
    Ако нему не му е гајле за тој брак, што треба таа поточно да спасува, да го моли? Да спасува ситуација во која што не е таа кривецот? "Еј извини што ти го видов вибер четот, да не видев немаше да дојде до ова" ова да му каже да не треба?

    Овде покрај четот, е и непочитувањето и понижувањето проблем. Па уште трудна еј, да прости на некој со пилешки мозок, а овој недокваканиов дополнителни нервози ѝ ствара.

    Па ајде таа да размислела два пати, пошто некој го немал капацитетот еднаш да размисли дека има дете и трудна жена дома. (facepalm)
     
    На WhiteCat33, SpiritRoux, iloveyou29 и 23 други им се допаѓа ова.
  16. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.060
    Пол:
    Женски
    И после па ќе кажува ,,немав ништо физичко" абе брат ти цел однос си сменил дома бе. Кое црно физичко бе ти се понашаш ко 17 г заљубен идиот.
    На прав пат си драга и браво пример треба да си за многу. Значи секако и грбот од твоите ,многу седат бидејќи нивните им викаат ,,ти си го бираше ,еднаш излезе од дома и толку и сл."

    А ти @EvAngelos читни и го првиот пост мислам беше кај што вика дека и порано имал чудно однесување ама не го фатила со доказ како сега ! Така да ,да once a cheater always a cheater.
    Од пример во околина знам пар кај шо женава прости а и мажот од другата страна па ко се смирија страстите прељубнициве пак се заедно . И сеа?
     
    На Skorpija25, Bezimenka90, crimson и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    2.856
    Пол:
    Женски
    Полесно се поднесува фактот да тоа неверство било ради секс, еве излегол се напил, не можел да си го задржи во гаќи, но тоа шо тој фрц прц со мобилен и посветува време, се заљубил, затрескал во некоја шо не знаеш за сигурно колку време тоа трае, дали се гледале, колку ја посакува, може и клучно дали ја кажува вистината дека биле само пораки дали имало нешто повеќе, шо го привлекува.
    Човекот треба да почне вистината да ја зборува, не да брише пораки, туку еве види да рече, ова ако сака да го задржи бракот, тој уште повеќе лажи и крие. Е ко е така нема прошка.
     
    На Lanna89, Srckata28, KateKane и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Ivicka_1993

    Ivicka_1993 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2024
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Читам и им се чудам на тие што велат дека треба да замижи на ова.
    Вие знаете како е да спиете со маж шо допирал друга жена?
    Вие знаете како е да спиеш со маж за кој не чуствуваш ништо,душата за него ти е рамна ко тепсија?
    Е јас знам.
    Неопишливо ОДВРАТНО.
    Јас сум до ова дереџе дојдена,оти моите не застанаа позади мене.
    Оти иако ме вараше тој беше во право,а на нив ич не им чуеше како се понатака ке влијае на моето ментално и психичко здравје.
    Да беше некоја друга ке се мрднеше до сега.
    Така да само напред девојко,не гледај назад,многу подобар човек те чека верувај.
     
    На Mother of 2boys, Lavender13, hermosa и 15 други им се допаѓа ова.
  19. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    2.856
    Пол:
    Женски
    Чувствуваш омраза и никогаш повеќе нема да го гледаш со исти очи.
     
    На *Amethyst* и Ivicka_1993 им се допаѓа ова.
  20. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.500
    Допаѓања:
    12.611
    Пол:
    Женски
    Јас сум за за му дадеш уште една шанса, сепак си трудна, сега и хормоните ти работат, не размислуваш трезвено, дај му шанса, можеби ќе се смени, а и да не се смени, секогаш можеш да се разведеш..
     
    На mira.mira и Јанинка им се допаѓа ова.