Шо да барам? Да барам ДА СЕ ДОКАЖУВАМ на некој шо ме изневерил? Јас?! Нека си е каков сака,за мене секако нема да постои
Да,ке нема да мора да се докажуваш,ако стојат твоите позади тебе. А во мојот случај и те како требаше да се докажувам,оти мајка ми ме предаде на најможниот лош начин пред да го фатам Моите ми велеа јас да се иселам од мојата куќа ако сакам да се разведам. Тој со подршка од моите Ем спие со кој стигне и пак е прав!!! Ме малтретира психофизички ПРАВ Е. МОРЕ.... Јас кажав има сите до еден да ги наебам. Шо ќе видат нема да заборават. Посебно моите Не дај боже ништо од ова да осетиш на своја кожа.
Сакаш да ми кажеш дека твоите го бранеа бившиот, иако тој те изневерувал? Немам коментар, навистина лошо..
Ама не секој си го гледа семејството и го става на прво место, се става самиот себе, сопствениот кеиф и задоволство. Не за џабе рекле забранетото е послатко. Луѓето се такви сакаат да си се коцкаат со среќата, и превземаат ризик, по цена и се да изгубат. Јас ниту го оправдав, ниту реков да останат заедно. Во мојот прв пост кажав дека најдобро и за двајцата е да се разделат, затоа што и двајцата ќе бидат несреќни во тој однос.
Ова е ко хирург да ме заебе на операција и ти да речеш - Ама не секој знае да оперира и тоа е океј. Па шокур работи ко хирург ондак? Тука исто Шокур основаш семејство ако не ти е тоа на прво место?
Луѓе ги читам последниве коментари од типот излези одма, што чекаш, итн итн. Тоа се за мене чекори избрзани. Прво му и го рушам светот на ќеркичката. Не заборавајте дека не сум сама. Таа си го сака татко и, и ние што имаме не треба да се пренесува на децата. Самиот факт дека чекаме бебенце е доволно стресен и за ќеркичката и јас одеднаш да ја тргнам од нешто што и е познато и нејзино, не е фер спрема неа. Сите чекори во животот треба да бидат рационални,смирени и со стратегија, не само да излезеш од дома, да фукнеш 600еур како депозит за кирија. Моментално си спијам со ќеркичката заедно, он е во другата спална, немаме контакт личен освен поради детето. не ме сфаќајте погрешно, јас не сакам да го обесам за јајца на плоштад, т.е сакам ама знам дека не треба, затоа што сакал не сакале ние сме врзани за цел живот. Мене гневот ми е голем, ама мораме што “попријателски” да завршиме за доброто на децата пред се. Фала ви на сите за поддршката на сите, ама од темава веќе се дистанцирам. Знам што ми се следните чекори. Веќе имам план и стратегија и работам од денес на истата. Ви посакувам на сите здравје пред се и вакви срања никад да ме ви се десат. Поздрав
Najdi dobar advokat i gledaj on da izleze od stanot ako se soglasi da se prepise stanot na decata. Pobaraj po grupive preporaka za dobar advokat na primer vo Zenski domakinski muabeti ako nemas nekoj vo blizina da ti preporaca. Bidi mudra do kraj i srekjno. Na decata im treba srekjna i zdrava majka
Ти се дивам на разумноста и смиреноста иако во тебе вријат огнови. Скроз си во право. Ќе бидеш права и ако решиш дека ќе му дадеш шанса, иако не верувам дека ќе се деси тоа. Не сака да остане во станот, сто пати рече. Нема правила во брачните односи бре луѓе, никој не може да рече дека вистинскиот начин е да си замине, да го избрка или да му прости, тоа се зависи до двете индивидуи. Сум била сведок во моето семејство на уанс читер, олвејс читер и на помирување со подобрување на односите и доаѓање памет на изневерувачот. Не може да се каже Тој штом така, ќе биде вака... Не, не знаеш што се мотало во паметот на жената и мажот и што ќе продолжи. Особено ако има деца во ситуацијата, треба да се биде многу паметен, како членкава што е, со најмалку трауми за детето да заврши се.
@EvAngelos кога ќе имаш матка, ќе носиш дете во тебе и ќе го доживееш ова да пишуваш. Во спртивно твоите попувања во празно не вредат. Во моментот кога ја пратил птвара порака со емотивна содржина бракот е готов. Физичко не физичко , изневерил. Крај!
1. Изневерувањето не е само физичко, моментот кога ќе бараш во некој друг нешто што треба да го бараш во партнерот, макар и со зборови, си изневерил. 2. Once a cheater always a cheater, дури и да не изневери пак не знам кој свесно би сакал цело време да живее во страв и анксиозност дека повторно истото ќе се случи или се случило. 3. Луѓето што изневеруваат се шлајм над шлајмовите. Ако не ти чини некоја врска/брак стави крај пред да трчаш кај друг/а. @priceless многу ми е жал, но браво за одлучноста и трпеливоста, ти посакувам многу среќа за понатаму.
Никое изневерување не може вечно да се крие. И да е еднаш и да е после 50 години пак ќе се дознае. Мажите и те како изневеруваа (ок де, и жените). Но, мажите посебно ги фаќа нешто додека жената е бремена за да ја изневерат.
Те читам од вчера и сум воодушевена од твојата разумност и колку си прибрана во ситуацијата. Ваљда е и карактер во прашање. Ти посакувам само среќа понатаму, имај лесен пораѓај, а се друго ќе се среди. Остани таква каква што си и фокусирај се на децата. Работите некогаш сами ќе се наместат. Избрзани одлуки и чекори само штетат на децата. Многу е лесно да се спакуваш и да си одеш, ама што потоа? Мора на децата да им се обезбеди колку што е можен полесен преод на промените. Оти на крајот, они се најголемите губитници. Никој друг.