Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    2.856
    Пол:
    Женски
    Со среќа шо и да одлучиш, гледај најдобро за децата да биди, може е подобра варијанта децата да се во домот каде си ги гледаш, да не му променуваш средина, но да биди контактот со таткото цело време со децата:l:
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lena0903

    Lena0903 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2023
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Читајќи ја објавата, имам само да кажам дека работата не е нималку наивна и дека не треба да се бара оправдување ,,за господинот" со тајните разговори. Можеби ќе биле наивни разговорите ако нашол некоја на ФБ, на Инстаграм, па и' пишал, направиле пет реда муабет, ниту се знаат, ниту се виделе. И тоа не го оправдувам затоа што е непочитување кон жената, ама ете ајде глупост било, нека се спаси бракот. Но, ова е допишување на Вибер, си ги имаат броевите, не е некоја што ја запознал преку социјална мрежа и останало на социјална мрежа, можеби е колешка, можеби е познаничка, поранешна девојка, другарка од минати денови, што значи дека се виделе и во живо. Не значи дека се виделе само еднаш, штом тој цело однесување го сменил, значи се гледале повеќепати, а ако се гледале, не е можно да не дошло до нешто физичко, со оглед дека постои и страст и заљубеност (реално ,,господинот" покажува знаци на заљубеност, отсутен е, промена во однесувањето, смешкање како некој тинејџер). Така што, изневерувањето овде е неминовно.
     
    На dea.18, *Amethyst*, FridaodaMk и 5 други им се допаѓа ова.
  3. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.876
    Допаѓања:
    25.378
    Пол:
    Женски
    Читајќи го она " се напил и не можел да го задржи во гаќи " цела нација е :^):^):^) . А јас нели можам да се напијам и да не ја задржам во гаќи ? И сега шу праиме ? Отиде по ѓаволите и брак и се . Епа секако ќе отиде . Ако јас и трезна и пијана мислам само на една личност , може и тој еден до толку да ме истоштува да не ги премине моите " црвени линии " . Толку на темава .

    Што се однесува до членката поназад , жено прави како мислиш дека е најдобро за децата и тебе самата . Верувам дека ќе донесеш правилна одлука , бидејќи сепак ти го знаеш тој човек како дише . Јас импулсивна каква што сум , не би издржала ни половина секунда со човек кој ме изневерува . Истата секунда заминувам со сите 100 деца ( три имам бтв ) кај моите . Дури ни куфер не пакувам . Сепак , тоа сум јас .. Ти посакувам многу среќа во иднина и се надевам дека Бог ти чува некој 200 пати подобро зад аголот :f: .
     
    На Mother of 2boys, flower30, anaja1 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Its_me

    Its_me Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2024
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Женски
    Ова ме потсети на едно што налетав деновиве ,,колку и да имаш испиено никогаш не заборавај која е твојата чаша''.
     
    На Justicija, Трагедијаупмм, CrazyGirl15 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.687
    Допаѓања:
    11.186
    Пол:
    Женски
    Ахх колку ми е криво што читам вакви ситуации!
    Доколку си спремна на разговор подетален со него, пробај. Нека се отвори типот, нека каже што го мачи, што е позадината, ама да е искрен. Па после решавај.
    Верувам дека многу си оладена спрема него, истовремено и си разочарана. Види што има тој да каже од негова перспектива. Дали има чувства спрема таа или само "наивно" влегол во некаква игра.
    Ете сте имале планови, од каде ваков заплет во животот ваш?
    Мора и тој да гукне, да добиеш поцелосна претстава, пред да делуваш.
    Немој одма во афект, иако можам да замислам колку е болно. :hug:
    Дечиња мили, гушки за нив :hug:
     
  6. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    987
    Пол:
    Женски
    Дали ти би поминал преку неверство ?
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.607
    Допаѓања:
    8.355
    Пол:
    Женски
    Јас сметам дека треба да седнеш и убаво да размислиш. Не сум тип од оние " трпи заради децата " ама да, не трева да се избрзува. Дај те си малку време . Немој одма да превземаш нагли чекори . Јас би одела полека.
    Е сега ако ти си решена на развод тоа си е твое .
     
    На SummerGirl, Јанинка и tinkerbell22 им се допаѓа ова.
  8. Kate.m23

    Kate.m23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2016
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Vo brak sme nekolku godini ,momentalno cekame bebe.
    pred nekoj mesec doznav deka soprugot imal nekoja drugarka so koja nekolku pati se videl piele kafe praele muabet . Veruvam deka fizicki neverstvo nemalo samo ete mojot maz ima nekoi problemi koi misli deka nemoze sa gi apodeli so mene za da ne sum go gledala kako slab covek pa taa licnost go imala istoto preziveano i na nea i se doveril. od togas navaka izgubiv sekakva doverba vo soprugot i za nisto ne mu veruvam duri ni koga e na rabota deka e na rabota posto dodeka bul na rabota se gledal piele kafe. Razgivarav i so devojkata padnav na nivni nivo da i se javam i ona me ubeduva deka nema nisto megju niv tuku samo muabet kafe i deka se drugari i deka nejziniot decko i nejzinite roditeli go poznavale mojot maz pa duri i doma ne vikaat demek ke mi ovjasnuvale mene deka nema nisto.

    nekolku pati i imam kazano na devojkata deka nesakam povekje da ja vidam ni da ja slusnam isto i na maz mi koj se zakolna deka od togas navaka ne komuniciraat. problemot e sto od togas navaka ona mu zvonese ednas dva pati pa jas i pisav posto soprugot ne i krena. i taman koga malku ke podzaboravam ete ja pak zvonela a koj zvoni ako prethodno ne razgovarale..?

    soprugot se kolnr deka ne i se javil on ama idi veruvaj na takov covek.
    Ne mu veruvam za nisto ni kade e ni so kogo bukvalno za nisto..

    psihicki se razbolev prokrvarev deka trudna placenje 24/7 na sekoja pomisla .. koga i da ja spomnam odbegnuva vika zavrsens tema e toa ne mi ja spomnuvaj

    neznam kako da si pomognam od stres i nervoza i depresija plus deka sum doma celo vreme ne se osekjam psihicki dobro kako da si pomognam

    razbodot mi e posledna opcija ama neznam kako ds go prebrodam ova
    doverba se gradi cel zivot a se gubi za minuta

    vo megjuvreme mi kazuva kolku me saka nezen e so mene i deka odvaj ceka da ni se rodi bebeto deka ke bidam najdobra majka i se toa takvi raboti ama lazenjeto mi ostavi takva oraznina vo dusava sto cel mesec probuvam da prebrodam ama nemozam koga i da iskaca so drugari mu prezboruvam i koga odi na rabota mu prezboruvam i se luti ama ne e do mene ..ne se stavil na moe mesto da go laze zena mu deka e na rabota a da pie kafe i da se zali od nego na drug..


    sakam na psiholog da otidam neznam dali ke mi pomogne se plasam od samata sebe i od mojata psihicka sostojba..


    Izvinete na dolgiot post
     
  9. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.031
    Допаѓања:
    14.424
    Пол:
    Женски
    А која е таа другарка? Од кога се знае со нејзе?
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kate.m23

    Kate.m23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2016
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    nova moze edna godina unazad pisuvaat , dodadena na snapchat bitno na toj nacin drugarki ne se steknuvaat
     
  11. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.624
    Му посакувам на секој сидаш што вара трудна жена долга и бавна смрт, да моли да цркне да не се мачи повеќе. :l:
     
    На Rozevata, lia22, GirlVolley и 21 други им се допаѓа ова.
  12. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.031
    Допаѓања:
    14.424
    Пол:
    Женски
    Нема потреба така да се запознаваат другарки, не кога си во брак поготово.
    Сега колку можеш не се секирај, грижи се за бебето мисли на него само. Па понатака ќе видиш
     
    На Pixi5, Калатеа, Skorpija25 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.465
    Допаѓања:
    17.111
    Пол:
    Женски
    Беше трудна кога почнал да се гледа со неа или уште пред тоа?
     
  14. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски
    Никогаш нема да сфатам за што им се такви мрежи како снепчет, телеграм и остали што не ги ни знам освен за работа или варање.
     
    На Pixi5, Калатеа, Snowflake92 и 12 други им се допаѓа ова.
  15. Kate.m23

    Kate.m23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2016
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    pisuvale uste pred da ostanam trudna.. a za gledanje neznam iskreno od koga pocnal
     
  16. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.724
    Допаѓања:
    8.064
    Пол:
    Женски
    Дека пишувале пошо она исто прошла… мислам добар изговор. Снаодлив маж имаш. Искрено не верувам дека е само на пишување, пошо која е поентата да пишуваш со некоја на социјални мрежи, што прв пат ја запознаваш па уште и животот демек и го прераскажуваш… а притоа си женет. Па еве да ми извиниш, ама ја коа ќе прднам идам да споделам си маж ми… а не па некои работи во жувотот. Маж ми ми е потпора за се, исто и јас на него. Секој ден одвај чекаме после работа да се собереме и да си изнакажеме како ни поминал денот. И јас сум бремена, и мене хормоните ми се диско. Ама нека не те фаќа на емоции дека ќе си супер мајка и слично, нормално дека ќе си супер мајка, и повеќе од супер. Он нема да е асален татко со ова што го прави. Плус ти ја знам состојбава со крварењево и дека треба строго да мируваш. Јас би ти препорачала и да си земеш некоја сесија онлајн со психолог, чисто за себе да ти олесни, зашто верувај многу помага кога ќе си ја олесниш душата на некој. Поготово стручно лице. Те советувам да се смириш, бидејќи ти и бебето сте најбитни во ситуацијава.
     
    На BubbleBum94, *Amethyst*, DoubleK и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Mr. Scratch

    Mr. Scratch Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2020
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    3.992
    Прочитав снепчет и ми се стемни, па тоа е најшвалерајската апликација..

    [​IMG]
     
    На Curious cat, JustBeautiful, Cosmic Girl и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Па види, ако немало ништо спорно, немаше да крие, ќе ти кажел, а вака кога си го фатила, ќе користи секакви изговори. Прво, зошто се видел со неа? Второ, како се запознале? Трето, зошто криел?
    Мислам јасно е.
    Е сега на тебе е да одлучиш.
    Каков кретен, убаво кажа една членка само долга и бавна смрт за вакви дебили.
     
    На Zumbulche, *Amethyst*, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  19. mom to be

    mom to be Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    701
    Пол:
    Женски
    Sorry for the long post[/QUOTE]
    Иако е тешко пробај да се фокусираш моментално само на себе и бебето.Вашето здравје е пред се во ситуацијава.Побрај помош од стручно лице најмногу ќе ти помогни,овде ќе добиеш повеќе мислења да не ти се измеша главата уште повеќе од што ти е сега.Вистината секако ќе излезе еден ден каква и да е.Ти го познаваш најдобро каков бил,каков е и мислам дека секој длабоко во себе го има одговорот.Да не судиме ние каков е само на еден пост и дополнително да те повредуваме.Биди силна и радувај се на тоа што доаѓа,никој нема да ти го врати ова време не го губи во плачње и нервози.
     
    Последна измена: 3 октомври 2024
    На *Amethyst*, Stressed Out, Lanna89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.628
    Допаѓања:
    9.074
    Пол:
    Женски
    Таа не му е никаква другарка .Ја нашол со надеж да му стане љубовница , на неа може исто и мотал филмови за да ја придобие.Можеби не можел да сокрие дека е оженет или не сакал да лаже за да не го откриеш ти .Да му била вистинска другарка,некоја што ја знае од секојдневниот живот па да не поверува човек,камоли преку апликации .И таа зошто би губела време на него ,толку добра личност е да советува туѓи мажи наоколу?Тие двајца се гледале и веројатно не само на кафе .Туку , најважно е ти да си добро,и заради бебето .Него ќе го стигне кармата што ти го прави ова , можел да престане кога си забременила ,но нема тој совест ,срам и жал .Тој не вреди да страдаш ,сега ти е тешко но ќе помине време ќе пребродиш и ќе си го гледаш бебето.Има време понатака,сега гледај да се смириш ,да го родиш бебето и да бидеш среќна .Можеби и не те изневерил,но вистината ќе се открие понатаму он сам ќе си го покаже вистинското лице ,па ќе размислиш дали да се разведеш или не .
     
    На Antebellum, Konfetka, Skorpija25 и 6 други им се допаѓа ова.