Обично на форум сите викаат дека никогаш не би преминале преку неверство, насилство, лага… но, во реалниот живот не е баш секогаш така. @Kate.m23 Тешко дека некогаш ќе дознаеш што навистина се случило. Прашањето е дали можеш да го надминеш ова, да се помириш и да продолжиш понатака со бракот? Ако можеш да ја потиснеш случката, да не му ја префрлаш на некоја кавга и да не се измачуваш себе си со сомнежи- тогаш фокусирај се на бременоста и на бебчето што ќе дојде наскоро. Ако не можеш да го направиш тоа- тогаш бракот би ви бил пекол. И за тебе и за него, за жал и за бебето.
Најпрво и најважно е да си добро со здравјето и да си истераш добра бременост, да си го дочекаш бебенцето како здрава и среќна мајка. Разговарај со психолог/психијатар и побарај си помош. Не ја игнорирај ситуацијата зошто само потешко на себе ќе си направиш. Нека ти е гајле само за себе и за бебето, што без тебе и без твоето здравје би бил за греота, не дај Боже. Мажот ти засега пробај да не го регистрираш со слатките негови зборови кои ги користи за манипулација и за ништо друго. Многу е тешко човек да прифати дека за свој партнер и животен другар избрал монструм. Извини на речникот ама поминав низ слично и вакви фраери ко твојот маж со лопата да ги ринеш, еден куп. Типов е швалераш и кукавица. Со лепотицава негова не комуницирај, не се понижувај. Мој совет ти е да не преземаш чекори поради бременоста ами само пробај со стручно лице да се стабилизираш и поработи на тоа да си малку “егоист” освен за себе да не ти е гајле што и како кажал, што му било, како му било. Господ да му наплти на него и на таквите ко него. Закажи си маникир, фризер, тренинзи за трудници ако си во можност. Се се, се што би те релаксирало и би ти правело мир во душата.
Хахах па не си далеку воопшто. Многу ми е одвратно ова општество, манијаци дал до толку не се виделе ил што му е на светов. А овие женскиве со женети/ разведени/бањати/небањати/смрдливи само да се имало к*р си дигаат его дека им се пуштаат овие дека ко нив лични, згодни нема други а они јадни тешки к*рветини. Заминувам од темава, не сум за тука хаха. Извинете на речников ама не можам со вакви гнаси!
Па видиш, не е така лесно да го игнорира, сепак тој е човекот кој и ветил верност и љубов. Вака лесно е да се кажува, фокусирај се на себе. Јас да бев, парталите ќе му ги исфрлев и ќе го пречекаше сменета брава, па нека спие кај сака. Пак нека иде по кафиња со "другарки".
Те разбирам ама низ исто минав и јас а нејзината состојба не е сега да го решава лепотанов. Најтешко е како што веќе кажав да сфатиш дека твојот животен сопатник е трул и бездушен манијак. Отом, потом ќе го реши она тоа со него, засега мора да се стабилизира некако заради себе и заради бебенцето.
Маж во брак веќе влезени со дете, тој ќе се доверува и емоционално зближува со сосем трета личност, па и та шо чоек е и тој дечко е да не му смета? (Или да не се случајно во отворена врска...)
Точно така мене сопругот ме изневери пред 2 год и одтогаш живеам пекол, проверување телефон позади грб, следење кога излегува, секое негово излегување некаде мене ми е сомнеж...никој не треба да живее така, тој што изневерил е спремен на такво нешто и не се знае кога пак би го сторил истото..
Како не ти е мака секој ден да го преживуваш истиот сомнеж. Зошто не се цените повеќе и не разберите дека кога една врата се затвара друга се отвора. Можи не одма ама за секој седи среќа, ти пишам од искуство. Еднаш е повеќе од доволно за се.
Искрено на почет Искрено, на почетокот кога ја читав објавата, помислив дека станува збор за некоја долгогодишна познаничка негова и дека фамилијарно се знаете штом те викала и тебе да дојдете и сите да разговарате. Но, кога прочитав дека му е пријателка од Snapchat, малку повеќе ми стана симптоматично. Како откри за неа? Дали ги виде разговорите што ги имале? Најдобро е сега, ако имаш можност, да се тргнеш некое време од него. Оди кај родителите, да не си цело време до него и да те иритира кога го гледаш. За понатаму сама ќе си решиш. Но, мене не ми личи на асолен човек. Еве јас не можам да замислам да одам на кафе со маж што сум го запознала на социјални мрежи, а притоа сум мажена. Бидете во добро здравје со бебенцето!
Ако вистина завршил работа со нејзе и нема контакт, зошто уште го бара? Следно кога ќе звони ќе му дадеш мобилен да се јави и пред тебе да и кажи дека не можи со нејзе повеќе да контактира, жената ми е бремена сакам да се посветам на неа. Ако го направи ова вистина те почитува, ако не лажи нешто, па нека одбери шо му е поважно во животот, пријателката или ти, или ти или она, јас не гледам поента женет маж да се гледа на кафиза со другарки и да збора за приватни работи при жена дома. Ај да е некоја колешка да зборат за работата и слични муабети, или стара пријателка од мали каде ќе те вклучи и тебе во гледањето со неа и сите би станале пријатели ете тоа е другарство и дружење, а вака скришум се гледа, те манипулира ич не е за верување.
Прво и основно другари од снап така лесно не се наоѓаат. И јас имам снап па ништо...Мислам дека ја знае од друго место,а снапот ти го дал како лажна информација. Не знам зошто ама трето сетило ми кажува дека имаат нешто повеќе од кафе! Тоа со нејзините родители што ти го рекла не ми држи вода ама можеш да го искористиш против неа ако не престане. Ќе одиш дома и ќе кажеш пред нејзините родители дека не сакаш никаков контакт бидејќи не личи на ништо ова. Па нека се шлогира кој сака. На сопругот ќе го седнеш и смирено ама најсмирено ќе го прашаш да ја каже вистината оти до сега НЕВИСТИНИ ти има кажувано тоа го тврдам од тоа што јас сум го поминала. Или ќе му кажеш дека таа ти признала дека имало нешто повеќе ама си чекала да слушнеш од него. Мислам дека треба да стегнеш заби ,а исто и нив да ги притисниш во ќош и да им покажеш дека не си марионета па да си играат со тебе како сакаат. Ако излезе тоа што мислам,а мислам на неверство тогаш ти одлучуваш сама,дали ќе простиш или не.
Како да не ја почитувал ако го направел тоа. Може само да ја излаже така и пак да продолжи да контактира со неа. Тој престана да ја почитува својата сопруга уште кога почнал да си пишува со "другаркава" тајно.
Дечки 30+ шо не пратите социјални мрежи не дека менува нешто тој шо наумил ќе си најде начин ама snapchat—-голем ред флаг освен за швалерај за ништо не се користи. Се се бриши после пишување затоа и го користат најмногу за таа намена.
Луѓе помагајте како да постапам. Вчера другарка ме вика на кафе и ми вика повели тел да видиш маж ти што ми пишува . И бара фотографии и вели дека е згодна , па зошто не облекува залепени стегнати блузи така била поубава . Она му одговара со јас не сум таа што треба тебе да ти праќа фотографии и му вика жена ти ако те дознае што ќе правиш и вика не се секирај бришам се . Потоа следува друг шок и пишува ноќе во 12 дека спијам па да оди да си поразговараат она му вика што ти е тебе што ке речат луѓето камери цела куќа. И сега он мене не ме бара ама на неа и се јавува сабајле вечер . Тука е виновна и таа што му враќа но и он што покрај жена и пишува. Девојчето е разведена , и решава да ми каже се, и нуди пари маж ми. Само што заминав тој и пишува дали ми кажала нешто а таа му вика не зошто што е проблемот и вика дома сум ке ти пишам. Таа ми праќа да видам што пишува. Е сега совет како да го фатам на дело дали да чекам да и пише да се видат па да тргнам по него . Или што да правам . Инаку во брак сме 13 год се беше ок се каравме нормално како и сите доста љубоморен е , време за фамилијата во последно време нема. Си иди пијан и нормално дека го избегавам тогаш.