Бинго! За ценкање, е сега дал за пиперки, дал за нешто друго, флертот помага Нешто како - Сезаме, отвори се Јас флертувам кога ќе ми кажат за нешто "не може", а јас баш баш баш сакам тоа нешто. На пример на затворање ги фаќам, па трепкам на вратарот... и така. Немам намера во кревет да го носам
Ако мислиш на умилкување, тоа не е флерт. Флерт во превод е баш тоа, додворување, во секшуал конотација
Поздрав Секогас пробелмот мочнува од не задоволство од партнерот . Како перво мислам дека секоје неверност поцнува кога партнер или партнерка е не поленета либов или емоција . Проблемот секогаш мислам дека треба да го прашуваш себеси но ако се е како штп треба тогаш крај краева да се дискутира со партнер
Здраво на сите. Не помислував дека некогаш ќе дојдам во ситуација да станам дел од форум на кој ќе пишувам на оваа тема, но тоа е што е. Не знам од каде и како да почнам, ама еве, ајде ќе пробам да бидам и пократка и подетална. Мажена сум нешто помалку од година дена. Сопругот беше приморан да замине на работа во странство бидејќи остана без работа, а има кредит за отплата. Сепак ратите не се ни малку ниски. Искрено, на почетокот ми беше многу чудно, тешко, па дури и глупаво. Се омажив, а мажот замина кратко после свадбата. Јас сум вработена, имам редовни примања, не којзнае какви, ама и работата не ми е тешка. Можам да работам и од дома доколку сакам, а во последно време, така и правам. Не живеам сама во станот, со мене живее и свекрва ми. Нејзиното присуство не ми годи баш, ама тие се можностите засега. Е сега, да преминам на главното. Во периодот кога замина сопругот и кога бев во хаос, сосем случајно и непланирано се впуштив во авантура со човек кој е малку повозрасен од мене, има 40 години. Пробав да пресечам после првиот пат, ама многу е тешко бидејќи се среќаваме многу често. И ајде ова мора да го кажам, живееме во иста зграда, на исти спрат. Тој е разведен и живее сам. Како што минува времето, се повеќе сум збунета и не знам во која насока да се ориентирам. Од една страна маж ми, кој на некој начин се жртвува за да опстанеме, а од друга страна ситуација која не можам да ја контролирам. Еве, ќе откријам и дека заради него периодов работам од дома. Кога свекрвата ќе замине на работа, тој само чека да му титнам, па веднаш доаѓа и се дешава тоа што се дешава. А, во последно време, тоа го правиме многу често. Од една страна, имам огромна грижа на совест што го изневерувам сопругот, а од друга страна, постои момент на уживање што баш туѓинец лежи до мене во спалната на мојот сопруг. Многу сум расеана, не сакам никој да биде повреден, а не сакам и ништо да заврши, ни бракот, ни ова другото.
Не се исмејувајте, секому може да се случи да дојде во ваква ситуација... А тоа со разводи не доаѓа во предвид. За "измислици" многу сум зафатена. Само да не ви дојде исто на глава, нема да се подбивате
Старк, не знаев дека требаше да се претставам со име, презиме, град и телефонски број за ти да поверуваш.
И за што дојде на темава ако си пишала не сакаш ни бракот ни швалерајот да ти заврши? Да се пофалиш само дека живееш во блуд и неверство?
Кога знаеш што треба да направиш направи го, ама мене ми делува дека сечела или не кад тад ќе си дознае сопругот се е тогаш мисли му ја. Реално со започнувањето на интензивното изневерување твојот брак е само на хартија останат.
Ако си го сакала сопругот тоа немаше да го стореш. Но тој брак како што ти кажаа е само на хартија, доколку дојде сопругот веќе нема да биде истото како и претходно.
Дај боже да е измислено, ама зашто мислите дека вакво нешто не постои? Јас познавам пример каде што, мажот работи по странство и и праќа пари на жена му, а таа овде се гледа со други и баш и е гајле си ужива, живот живее, така со години, не знам како некои луѓе не слушнале за совест или нешто слично? Јас лично не би можела да живеам таков двоен живот.
О, извини, не знаев дека мора човек да има факултет за емотивни катастрофи пред да коментира! Ситуацијава твоја ме асоцира на латиноамериканска сапуница, но реалниот живот ти пишува сценарио сам. Само внимавај... животот има одличен смисол за иронија — денес се смееш, утре си главниот лик.